• Latest

12 јуни: Реформи, СЈО, НРТВ, ОБСЕ, „бомби“, надеж и очекувања…

June 12, 2019

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

12 јуни: Реформи, СЈО, НРТВ, ОБСЕ, „бомби“, надеж и очекувања…

June 12, 2019 15:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пендаровски во Брисел: Во изминативе две години редовно испорачуваме добри вести од регионот

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Брисел, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Европската унија има можност да покаже лидерство и визија за иднината на нашиот регион со тоа што ќе и додели датум за преговори на Македонија.

„Граѓаните на Северна Македонија не бараат незаслужена награда, туку заслужена шанса за изградба на европска држава со праведно, хумано и напредно општество“, додаде Пендаровски.

ОБСЕ со критички извештај за работата на СЈО

Шефот на Мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која, денеска ги повика политичките партии да постигнат согласност и да овозможат СЈО да продолжи непречено да работи. Според ОБСЕ, дел од предметите на СЈО се преплавени со докази и со сведоци, а СЈО не ги предало на одбраната прислушуваните разговори како докази. Денеска ОБСЕ го објави Вториот преоден извештај за работата на СЈО, на 80 страници, со анализа на набљудуваните судски предмети во периодот помеѓу ноември 2016 и ноември 2018 година, односно во двете години од почетокот на првиот судски процес на СЈО.

НРТВ и АВМУ ќе добијат ново раководство, СЈО неопходен за државата

Премиерот Зоран Заев и министерот Роберт Поповски на синоќешната дебата посветена на „Две години Влада – Одговорно пред граѓаните“, на Отворено на прашањето за промените коишто следуваат во Националната радио телевизија рекоа дека низ една транспарентна и отворена постапка ќе се случуваат промените за да се изнајдат најквалитетните решенија.
„Ја повикувам јавноста и медиумите да го следат изборот на програмски совет на НРТВ и АВМУ, следува процес во Собранието“, рече министерот Поповски.

„Програмскиот совет на НРТВ ќе се избере на транспарентна постапка кој што ќе назначи директор и уредници. Изборот ќе оди слично како и за ДКСК, преку бодување и јавност“, додаде премиерот Заев.

Заев на прашањата посветени на реформите во правосудството со акцент на СЈО истакна дека законот за Јавното обвинителство, со место на СЈО во обвинителскиот систем и треба на државата, и дека законот разработува само принципиелни решенија без да допре во независноста на поставеноста и работата на Јавното обвинителство и на сите структури во него.

„Ги поставуваме принципите на институционална посветеност на целиот обвинителски систем во земјата. Не смееме заради политички интереси да се доведеме во ситуација да дадеме амнестија за криминални дејанија кои биле започнати. Опозицијата бара да запрат постапките и да се поништат доказите“, изјави Заев.

Eсад Рахиќ е нов директор на затворот Шутка, Димовски – шеф на Агенцијата за национална безбедност

Директорски позиции за Виктор Димовски и на поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Есад Рахиќ. Oдлуките за двајцата поминаа на седница на влада, и се предвидува поранешниот разузнавач и досегашен државен секретар во МНР, Димовски да седне на челната позиција во новоформираната агенција за национална безбедност. Есад Рахиќ пак е новиот директор на истражниот затвор во Шутка.

„Ел Чека“ не чека, пушта бомби каде се местат судии и се дискредитираат академици

И покрај многуте хакерски напади и репорти заради кои се затворија неколку профили на кичевчанецот Ел Чека, тој не дочека ниту еден ден туку отвори нови профили на Фејсбук и веб страници. На нив Ел Чека објави нови бомби и тоа уште појаки разговори со поскандалозни содржини. Во еден од разговорите каде се вели дека се слушаат двајца највисоки функционери од ДУИ, се слуша како местат избор во судската власт. Услов за именување на судија, според разговорот е семејството на судијата да гласа за ДУИ, а не „за другата партија” како што се слуша во разговорот. За ова тие меѓусебе бараат цврсти гаранции од трет функционер од истата партија кој е роднина на еден од кандидатите судии.

Северна Македонија е на 65-то место на Глобалниот индекс на мирот

Сподред Австралискиот институт за економија и мир кој го објави годинешниот глобален индекс на мирот, врз чија основа се рангирани земјите од „најбезбедна“ до „најнебезбедна“, Северна Македонија е рангирана на 65-то место. Во споредба со периодот од пред една деценија, светот во 2019 е најбезбеден во последниве пет години според  најновото истражување на Институтот. Индексот се пресметува врз основа на 23 фактори, меѓу кои и внатрешни и надворешни конфликти, воени трошоци, тероризам, убиства и криминал. Единаесетта година по ред Исланд е најбезбедна земја во светот, а на последното место на листата, исто како и лани, е Авганистан.

Д. Муратов

Share68Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ