• Latest

13 јануари: Медено, неизвесно и драматично

January 13, 2020

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

13 јануари: Медено, неизвесно и драматично

January 13, 2020 18:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Судењето за „ТНТ“ се враќа од почеток

Поротничката Лилјана Ивановска Кочковска денеска не се појави на рочиштето за случајот “ТНТ”, бидејќи, како што рече судијата Огнен Ставрев, си поднела оставка.

 

„Добивме известување од поротничката дека дава неотповиклива оставка, бидејќи ѝ истекол мандатот, но и поради здравствената состојба. Судењето ќе почне од почеток“, рече судијата Ставрев.

Веднаш по одложувањето на денешното рочиште Кривичниот суд преку соопштение истакна дека нивните предупредувања за евентаулани притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина.

БЛИЦ КОМЕНТАР: ТРИКОВИТЕ ПРОТИВ ПРАВДАТА

Џабир Дерала: Груевски креваше згради во воздух, тепаше, затвораше, прогонуваше и убиваше како ќе му текне, а предметите против неговиот режим се уриваат со евтини фори и фазони.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Хајредини: Техничката влада има задача да води предизборна кампања

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Препукувањата меѓу двете најголеми политички партии продолжуваат со несмалено темпо. Откако дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска не ја потпиша одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска поднесе барање за мислење до Државната изборна комисија.

По барањето на Чулев, ДИК ќе одлучува во текот на утрешниот ден. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не најдоа заеднички јазик ниту околу Законот за поништување на лустрацијата. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека нема да го поддржи Предлог-законот, додека СДСМ го критикуваше ваквиот став потенцирајќи дека опозициската партија „ја злоупотреби лустрацијата за политички, партиски, па дури и лични цели“. Министерката за правда, Рената Дескоска, пак, побара ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара дополнителни основи за опструкција, а претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски на прес-конференција во Собранието изјави дека „кон опструкцијата на законот“ на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево се приклучиле и пратениците од ДУИ и ДПТ.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пак, рече дека тој нема никаков проблем со поништувањето на лустрацијата.  Џафери на прес конференција ги најави и измените и дополнувањата на Законот за Собранието кои пратениците денеска ги доставија до Собранието. Ова законско решение е првиот чекор кон целосно осамостојување и независност на Собранието, како во однос на собраниската служба и буџетот, така и на внатрешното обезбедување. Измените и дополнувањата се однесуваат на собраниската администрација.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Вработениот во Централниот регистар на Северна Македонија, Емил Јакимовски денеска доби отказ од институцијата. Директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковски донесе Решение за престанок на работниот однос на лицето Емил Јакимовски поради, како што соопштија доцна синоќа од оваа институција, суштествени повреди на одредбите од Колективниот договор на Централниот регистар. По објавите за заканите од Јакимовски кон новинари и активисти уследија реакции со барања за одговорност. Новинарките ги пријавиле заканите во МВР.

ОСКАРОВСКИ НОМИНАЦИИ ЗА МЕДЕНА ЗЕМЈА

Историски ден за македонската кинематографија. „Медена земја“ е номиниран за Оскар во две категории: најдобар документарец и најдобар странски филм.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Како и досега, ЦИВИЛ интензивно продолжува со своите активности на терен. На самиот почеток на новата 2020 година предвидени се два семинари наменети за Полошкиот и Југоисточниот плански регион, а во тек е аплицирањето за учество.

Семинарот во Гостивар ќе се одржи на 25 јануари, а право на учество имаат апликантите од општините во Полошкиот плански регион: Гостивар, Тетово, Врапчиште, Брвеница, Желино, Боговиње, Теарце, Јегуновце, Кичево, Маврово и Ростуше.

Вториот, пак, ќе се одржи на 8 февруари во Струмица, овој семинар е наменет за граѓанките и граѓаните на Југоисточниот плански регион. Право на учество на семинарот во Струмица ќе имаат граѓанките и граѓаните на општините Струмица, Василево, Босилево, Ново Село, Конче, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.

ОД НАШ АГОЛ

„Медена изборна земја“ е насловот на денешната колумна на Орданоски во која тој ги споредува дневно политичките настани во земјата со борбите во холивудските блокбастери, заклучувајќи дека, сепак, на прсти се бројат филмовите во кои победиле негативците.

Зоран Иванов во својата колумна „Партиските политики подалеку од спортот“ прави осврт на Европското првенство во ракомет и однесувањето на поедници од ракометната репрезентација на земјата.

Џабир Дерала „испука рафал“ кон правосудството. „Груевски креваше згради во воздух, тепаше, затвораше, прогонуваше и убиваше како ќе му текне, а предметите против неговиот режим се уриваат со евтини фори и фазони“, пишува Дерала во денешната колумна „Меѓу руската салата, чоканчето и судското чеканче“.

Маја Ивановска
во соработка со: Биљана Јордановска, Сашо Орданоски, Зоран Иванов и Џабир Дерала 

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ