коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Груевски креваше згради во воздух, тепаше, затвораше, прогонуваше и убиваше како ќе му текне, а предметите против неговиот режим се уриваат со евтини фори и фазони.
Падна и ТНТ, случајот за уривањето на комплексот Космос на Фиат Цаноски, кој своевремено Груевски со уживање го крена во воздух – од политичка одмазда. Причината е тривијална – поротничката поднела оставка. Судбината на предметите што своевремено ги започна (сега покојното) СЈО, редовно зависи од триковите на одбраната. По падот на ТНТ, сега во неизвесност се и судските предмети Талир, Монструм, Топлик и Тендери, бидејќи истото лице е поротник во сите пет случаи.
Триковите и изговорите, отсуствата, боледувањата, запирките и грешките на споредните служби станаа главен стожер на одбраната на злосторничкото здружение. Со трикови против правдата… И така се сторија три години. Се купува секоја минута, со пари, со трикови, со стари сметки, со нови ветувања, со закани… Важно да се дотурка до изборите, па ако се извојува победа, сѐ ќе оди во неврат.
Прочитајте и: Меѓу руската салата, чоканчето и судското чеканче