• Latest
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

15 јануари: Лажни вести, Рекет хронологија, финансирање на изборната кампања, 300 кривични пријави на кадрите на ВМРО…

January 15, 2020

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026

Кога твојот живот е само ставка во табела

May 22, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

May 22, 2026

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

May 21, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Google

Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

May 21, 2026

ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

May 21, 2026
Фото: Министерство за правда

Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

May 21, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

May 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

    Фото: Скриншот од видео на CNBC

    Правен удар за Маск: OpenAI ја доби клучната битка

    Протест, Скопје, 6 април 2026 (фото извор: ФБ)

    Политички реакции и институционални дилеми по протестите за правосудниот испит на албански јазик

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДНЕВНИК

15 јануари: Лажни вести, Рекет хронологија, финансирање на изборната кампања, 300 кривични пријави на кадрите на ВМРО…

January 15, 2020 18:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Радмила Шекеринска | фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Шекеринска со демант за ширење лажни вести

Со цел да ја дискредитираат институцијата и самата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, порталот Вечер.мк, Курир, Република, Инфомакс, Лидер.мк, Скопје 1 и Нетпрес, пласираа лажни вести за наводна врска Анѓушев – продажба на електрична енергија – Министерство за одбрана.

„Фирмата EDS што ја споменувате и злонамерно ја доведувате во контекст кој вие го посакувате, не е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Ако бевте новинари кои трагаат по вистината истиот податок ќе го видевте и во Централен регистар.

На огласот се јавија четири фирми кои учествуваа на електронска аукција во која значително се намали цената. Од првичните понуди кои изнесуваа помеѓу 95 и 116 милиони денари, поради конкуренцијата цената се намали на 77,7 милиони денари. Тоа значи околу 18 милиони денари помалку од првичната најниска понуда. Со ова Министерството за одбрана ќе оствари заштеда и во однос на претходните трошоци за таа намена и во однос на постигнатите цени во други институции.

Се надевам дека ќе престанете да ширите лажни вести бидејќи така си штетите на себе, а државата ја правите буниште на лажни вести.

Истовремено, согласно чл.13 за ублажување на штета и чл.14 за право на реагирање, демант одговор и исправка, од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам да ми се извините за лагите и клеветите, и да го објавите овој демант согласно пропишаните услови од наведениот закон’, реагираше Шекеринска.

Кочо Анѓушев, од вицепремиерско место се врати назад во бизнисот.

БЛИЦ: „Куртоните“ со лажни вести за Анѓушев, а Мицкоски ни збор за неговите хидроцентрали 

Џабир Дерала: Така функционира тоа. Секоја вест, колку и да е вистинита, кога е препакувана и ставена во поинаков контекст – станува лажна вест, камоли кога се работи за манипулација и лага. Не е важно колку таа лажна вест трае, важно е да се пласира.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Деркоски: Ќе се засили мониторингот на финансирањето на медиумската кампања

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Од „мудроста“ на Мицкоски, кој наместо пречек со фанфари, ќе „истражува“ на кого му избегал Груевски, до сериозни средби значајни за иднината на државата, преку актуелизирање на криминалите на ВМРО-ДПМНЕ, до судски процеси – ден исполнет со средби, прес-конференции и утрински брифинг со Тимоние.

Мицкоски допрва ќе „мудрува“, но Кристијан Тимоние утрински предупреди дека предуслов за датум за преговори се успешни избори. Нешто подоцна во истата емисија „Утрински брифинг“ на Слободен печат, на истото прашање, Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања, изјави дека во октомври сите проценија дека сме спремни за почеток на преговори.

Од Собранието, освен средбата меѓу Џафери и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс, известија дека Комисија за еднакви можности на мажите и жените денеска усвои План за активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 – 2021. Се одржа и јавна расправа за Предлогот за изменување и дополнување на Законот за употребата на македонскиот јазик. На јавната расправа се дискутираше за отворање нови лекторати во странство, вработување лектори во јавните институции, формирање инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик како посебна институција, електронски корпус на сите научни истражувања од македонистиката… За крајот на месецот, најавена е трета средба во рамки на процесот Жан Моне.

Најзабележително за денеска е посетата на новиот Комесар за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји. Вархеји прво се сретна со претседателот Стево Пендаровски, на која теми беа перспективите за членство во ЕУ и предвремените парламентарни избори. Вархеји ги потсети политичките партии на одговорноста за фер, слободни и демократски избори. Од начинот на кој ќе се спроведат изборите, ќе се оцени и сериозноста во намерите на земјата да влезе во ЕУ.

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски по те-а-тет средбата со Вархеји, одржа и заедничка прес-конференција. Вархеји одговарајќи на новинарско прашање рече: „Прашајте ги унгарските власти за враќањето на Груевски.“

Она што за него беше поважно е да го истакне ставот на ЕУ за Западен Балкан. „Мора да работиме врз основа на процената дека Северна Македонија и Албанија се подготвени за почеток на преговори. Нема промена во тој став и ќе се држиме до таа првична процена дека мора да почнеме пристапни преговори со овие две земји“, изјави Вархеји.

Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, по денешната средба со претседателите на четирите најголеми стопански комори, претставници на синдикатите и претставници на организациите на работодавачи изјави: „Соработката меѓу Владата, коморите, синдикатите и организациите на работодавачи е клучна во креирање на ефективни и ефикасни економски политики, програми, проекти и мерки, за побрз и одржлив економски развој“.

И од судските процеси денеска повторно беше актуелен предметот „ТНТ“. Судењето се одложи за 20 јануари откако новиот состав на судечкиот совет го прифати барањето на одбраната за одложување на рочиштето поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Тој денеска по две пропуштени рочишта се појави во судот.

И накратко за криминалите: 300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ се поднесени во последните две ипол години, соопшти СДСМ, од кои само 129 се процесирани пред надлежните судови.

„Многу од овие случаи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од остатоците од заробената држава во судството. Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството“, изјавија од СДСМ.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Димковски: ВМРО-ДПМНЕ да излезе од матрицата и до 12 април да соработува за добро на граѓаните и државата

„Техничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ да излезат од матрицата во која се заглавени и до 12 април, за добро на државата и граѓаните, да соработуваат со министрите и дополнителните министри од СДСМ и покрај разликите во идеологијата, начинот на размислување и политичкото дејствување“, апелира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Рекет хронологија

Во обид да ѝ ги приближиме на јавноста фактите, лишени од шумот на лажните вести и пропагандата, ЦИВИЛ Медиа објави хронологија на настаните поврзани со случајот „Рекет“ Сите настани поврзани со случајот „Рекет“ од почетокот кога Специјалното јавно обвинителство отвара истрага за случајот „Империја“ во која меѓу 13те обвинети е и Орце Камчев, до последното сведочење на обвинителката Елизабета Јосифовска, на 3 јануари годинава.

ОД НАШ АГОЛ

„Сите ние сме едни просечни македонски ракометари“, а како е изведен овој заклучок, најдобро објаснува Сашо Орданоски велејќи: „Ракометот доаѓа како извонредно згоден спорт за лечење на нашите колективни историски комплекси и национални фрустрации“.

„По немилиот настан во Шутка, каде што во пожар загинаа две мали дечиња, сфатив дека хуманоста одамна ја нема. Од една страна солзи и тага за загубените чеда, од друга страна Ромски (партиски) европски, светски… и не знам уште какви балови со музика, пиење, песни и ора…“, вели во својата колумна Дехран Муратов или накратко: „Кој умира нека умре – јас орото не го прекинувам!“

Тешко е да се постигне гол од корнер, но тоа постојано му успева на нашиот редовен колумнист Зоран Иванов. Тој денеска пишува за техничките министри и нивната политичка дресура. „Новите, мошне привремени, технички министри и заменици министри во новата техничка влада, очигледно добро ја совладале техниката на техничкото. Рецептот, барем според она што тие досега го прикажаа и не е нешто многу тешко остварлив. За почетокот е доволно да се биде доволно невоспитан“ – пишува Иванов.

Биљана Јордановска

во соработка со Дехран Муратов, Маја Ивановска, Џабир Дерала, Игор К. Илиевски, Сашо Орданоски и Зоран Иванов 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ