„Знам дека предлогот на Комисјата треба да го добиеме до крајот на месецов. Ова не се одлучува еднострано. Има консензус за нашите предлози. Не очекувам компликации бидејќи нашите предлози беа базирани на аргументи за кои е потребно време. Мислам дека до самитот во Загреб ќе бидеме спремни“, изјави Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во Северна Македонија во денешното издание на „Утрински Брифинг“ на Слободен печат.
„Потребни ни се успешни избори. Прогрес во агендата. Бидејќи постои метологија, но постои и агенда на реформи во политиката како и законот за Обвинителството, изјави Тимоние.