300 кривични пријави против кадри на ВМРО-ДПМНЕ се поднесени во последните две ипол години, соопшти СДСМ, од кои само 129 се процесирани пред надлежните судови.
„Но многу од овие слуачи се чуваат заглавени во судско-обвинителските лавиринти од остатоците од заробената држава во судството. Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството.
Надлежните обвинителства и судови мора да ја зголемат својата ефикасност и да постапуваат по отворените предмети. Ова е важно затоа што се работи за висока корупција каде се инволвирани носители на јавни функции. Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара“, велат од СДСМ.