• Latest

17 февруари: Распуштено Собрание, марш за правда и говорот на омразата

February 17, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

17 февруари: Распуштено Собрание, марш за правда и говорот на омразата

February 17, 2020 17:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: МАРШ „ЧЕКОРИМЕ ДО ПРАВДА“

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција ги повика сите граѓани кои се за правда, правичност и силна правна држава да се приклучат на утрешниот марш за правда „Чекориме за правда“ во организација на СДСМ.

„Ве повикувам сите, приклучете се во борбата за правда. Денешната победа нека биде мотив, заедно да постигнеме многу повеќе. Заедно да чекориме во изградбата на правната држава. Затоа, ве повикувам сите правдољубиви луѓе, утре – понеделник, во 18 часот, пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот “Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа овој толку важен закон, од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот Се гледаме утре во 18 часот пред Собранието, чекориме за правда“ повика Заев.

„Заедно ќе продолжиме напред со одлучни чекори за вистинска и неселективна правда. За европска перспектива, но и одговорност за сите кои го прекршиле законот! За напредок, развој и членство во НАТО и ЕУ, заклучи Заев.

БЛИЦ: Иста предизборна пропаганда, но со друга содржина: Африканци наместо џихадисти

Пропагандата е пуштена на најјако, едните ќе шират параноја и ќе ги плашат граѓаните дека црнчиња ќе им шетаат по дома, други преку своите портали ќе шират Албанофобија, дека Албанците ќе бидат на личните карти, додека Македонците не. На претходните избори граѓаните ги плашеа со некаква „Тиранска платформа и кантонизацијата, ви текнува?!

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Шекеринска: Денеска пред седиштето на НАТО се прави место за јарболот на нашето знаме


ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Заврши сагата со Законот за ЈО, Собранието и официјално се распушти. Останува да видиме што покрај црната пропаганда ќе понуди предзиборието… Прочитајте повеќе – ТУКА.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО:

Бојан Јовановски – Боки 13 се гледал со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и одел кај неа, во нејзиниот дом, ова го покажале снимките од ПИ мерките кои денеска се прикажуваат во судница на рочиштето за предметот „Рекет“ во кој обвинети се Боки 13 и Јанева. Според одбраната во снимките нема ништо спорно.

До изборите министерското место за труд и социјална политика во техничката Влада ќе остане празно откако ВМРО-ДПМНЕ до вчерашното распуштање на Собранието не даде нов предлог за оваа позиција по разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи.

Во државата недостигаат 536 пожарникари за да се достигне законски пропишаниот минимум, а просечната старост на противпожарните возила е 28 години, покажува истражувањето што го изработи Центарот за граѓански комуникации.

Лидерите решија да го вратат мандатот кај вас, обврска е на институциите да обезбедат услови за спроведување на фер, слободни и демократски избори на кои вие ќе го искористите вашето демократско граѓанско право и обврска, истакна денеска на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери, обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Независниот академски синдикат (НАкС) во отворено писмо до премиерот Оливер Спасовски го изразува незадоволството од нерешениот проблем со исплатата на ветените 10 проценти од јануарската плата за вработените во високото образование и, како што наведува, „поради нечии лични интереси кои немаат допирни точки со заложбата за унапредување на положбата на вработените, се испроблематизира начинот на кој ќе се изврши ветеното покачување“.

Реализацијата на капиталните инвестиции во 2019 година е во рамките на просекот во изминатите 10 години или нешто над просекот, а јавниот долг е стабилизиран, оцени денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

ТЕМА НА НЕДЕЛАТА – ГОВОР НА ОМРАЗА

Предизборието во нашата земја во изминатата деценија, а особено во последните години се повеќе е пропратено со говор на омраза. Говорот на омразата е присутен во секојдневието, но својата кулминација ја доживува токму во пресрет на изборите. Поради тоа, темата за оваа недела на медиумската платформа на ЦИВИЛ е говорот на омразата, како една од алатките на црната пропаганда.

По тој повод ЦИВИЛ во четврток организира панел дискусија на оваа тема, наскоро со повеќе детали.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи. (ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА)

Рокот за пријавување за краткорочни изборни набљудувачи во составот на ЦИВИЛ е до 20 февруари, 12 часот напладне.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува пораспадната и понеединствена, каква што одамна не била – впрочем, и завршните собраниски гласања за Законот за Јавно обвинителство и оној за одбрана го покажаа тоа – со раководство коешто целиот свој оптимизам го темели врз ширење вирус-песимизам и ветување пост-изборни апсења“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Алтернатива што ветува реприза?“.

За „обновата на режимот или опстојување на овој Евро пат“, повеќе во денешниот корнер на Зоран Иванов.

Маја Ивановска
во соработка со: Дијана Тахири и Дехран Муратов

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ