• Latest

17 октомври: Последна надеж за датумот за ЕУ, поддршка, лобирање…

October 17, 2019

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

17 октомври: Последна надеж за датумот за ЕУ, поддршка, лобирање…

October 17, 2019 16:47
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Меркел: Се исплати на Северна Македонија да и се даде европска перспектива, но шансите за датум не се добри

Шансите за постигнување согласност на Самитот на ЕУ за давање датум за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија не се добри, оцени германската канцеларка во владината изјава дадена денеска во Бундестагот, пренесува Дојче Веле.

– Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива, рече Меркел.

Проширувањето на дневен ред на Самитот на ЕУ вечерва, Франција не попушта

Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја утврди агендата на дискусиите на дводневниот Самит на ЕУ. Проширувањето ќе се разговара за време на вечерата, по дискусиите за Брегзит, кои би требало да се одвиваат побргу од очекуваното откако Брисел и Лондон постигнаа договор пред малку.

Според висок функционер на Европската Унија инволвиран во подготовката на самитот, Франција засега не покажува знаци на флексибилност, но претседателот Доналд Туск е решен да се обиде да постигне компромис. Сепак, предупредува овој извор, ризикот да не се дојде до договор е реален и не треба да се потценува.

Средба Заев-Тимерманс: Остварувањата на земјава да се испочитуваат со одлука за старт на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи решавачкиот чекор и да донесе одлука за старт на преговорите за пристапување во членство за Република Северна Македонија, со што ќе се испрати силна порака и до другите земји во регионот дека донесувањето тешки и одговорни одлуки, како и длабоките реформски процеси, се влог за подобра иднина, оценија на денешната средба во Брисел премиерот Зоран Заев и потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.

 

Ештон: ЕУ мора да ја награди Северна Македонија заради Преспанскиот договор  

– Знам дека сакате јасна европска перспектива и временска рамка. На владеење на правото и борбата против корупцијата и криминалот работите поради себе и јас сум убедена дека вашата иднина е во ЕУ и едвај го чекам тој ден, порача поранешната висока претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Кетрин Ештон, на денешниот панел на Белградскиот безбедносен форум (БСФ), насловен „Одржливи решенија за Западен Балкан“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

– Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека државниот врв лобира до последен момент да се добие датум за преговри и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, шефот на државата смета дека евроитеграцијата останува единствена опција за Северна Македонија.

– Премиерите на државите членки на Вишеградската група синоќа побараа од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск да иницира дебата за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија за време на Самитот на ЕУ, што денеска и утре ќе се одржи во Брисел. Во писмото до Туск, премиерите на Полска, Словачка, Унгарија и Чешка го изразуваат своето незадоволство од неуспехот да се постигне консензус за старт на преговорите за членство со двете земји за време на средбата на шефовите на дипломатии на членките на ЕУ во вторникот. 

– Сегашната политичка опција ја донесе земјава до членство во НАТО и преговори со ЕУ. Коалициските партнери, кои стојат зад Владата имаат консензус по двете стратешки прашања – членство во НАТО и членство во ЕУ. Покажавме дека и на двата плана имаме резултати, изјави денеска во Куманово министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

– Владата го осуди говорот на омраза на поранешната советничка за соработка со меѓународни организации, Ивана Јордановска, која на својот Твитер профил објави пораки до францускиот претседател Емануел Макрон, за кои јавноста реагираше остро. „Да сумираме. Е*и се претседателе Макрон. Знам дека ќе добијам шанса да ви го кажам ова в лице еден ден”, стои во твитот на Јордановска.

– Поради барање на обвинителката Лиле Стефанова за одлагање на судењето за предметот за изборни нерегуларности „Титаник“ на ЈО, денешното рочиште е одложено за 22 октомври. Судијата Осман Шабани информираше дека обвинителката е отсутна поради службени оврски за закажан состанок со оценска мисија на ЕУ. Врз основа на известувањето службено отсутен е и судијата Огнен Ставрев.

 – Стартува Централниот регистар на население. Тој претставува единствена база во која ќе се чуваат реални податоци во однос на населението во Република Северна Македонија. Податоците во базата ќе се црпат од повеќе институции – МВР, Министерството за правда-Управата за водење на матичните книги и Централниот регистар.

 

– Децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во мали гупни домови. Нов групен дом каде ќе живеат деца до 18 години кои претходно престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, а имаат интензивна потреба од поддршка и рехабилитација беше отворен денеска во Скопје. „Денеска како држава може да бидеме горди затоа што конечно сивиот дом во нашата држава и во социјалниот систем заминува во историјата“, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

МИСЛА

Знае ли Макрон?

Рафал: ЏАБИР ДЕРАЛА

Францускиот Број Еден знае и дека законот за ЈО не е направен и изгласан поради политичките структури што се во спрега со организираниот криминал во нашата земја. И судските реформи ги кочат истите тие на кои тој со своето противење им дава крилја. Тие, пак, одработуваат за супер сили што не ѝ мислат ништо добро на Европа која тој сака да ја води. Деликатна, да не речам бизарна е неговата позиција – може многу поголеми штети да ѝ направи токму на Европа и Франција, отколку што претпоставува. Не се сомневам дека и тоа го знае. Значи, не се Северна Македонија и Албанија во прашање. Друго е. Редно е да се биде европски искрен и чесен.

Дехран Муратов во соработка со: Ангела Петровска, Диана Тахири, Биљана Јордановска, Маја Ивановска, Џабир Дерала

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ