• Latest
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Состојбата со Ковид-19 стабилна, од понеделник се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

July 4, 2021

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Состојбата со Ковид-19 стабилна, од понеделник се вакцинираат вработените во основните и средните училишта

July 4, 2021 08:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Share on FacebookShare on Twitter

Имунизацијата во државата против Ковид-19 се одвива непречено, тврдат надлежните и најавуваат дека до следниот петок ќе бидат вакцинирани половина милион граѓани. Од вчера активна е и веб-страницата за ревакцинација на граѓаните кои се вакцинирале во странство, а утре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита на границата, против ширењето на делта сојот на вирусот.

Комисијата за заразни болести в понеделник ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа, и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

Инаку, Министерството за здравство најмногу е фокусирано на вакцинацијата, а министерот Венко Филипче очекува до петок следната недела да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани.

Тој потенцира дека теренската вакцинација ќе се интензивира следната недела и ќе придонесе да се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови. Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер“.

– Нема контраиндикација за ниту една вакцина, но се дава предност на „фајзеровата“ вакцина, вели Филипче.

Што се однесува до оние граѓани кои се вакцинирале во странство, а сакаат да се ревакцинираат во државата, тие можат да се пријават на веб-страницата https://vakcinacija.mk/revaccination, која ќе биде во функција до 10-ти месецов.

Од Министерството за здравство посочуваат дека преку регистрацијата на граѓаните, ќе можат да добијат детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат.

-Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни, се наведува во соопштението на Министерството.

Со вакцината на „Астра Зенека“ во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите други граѓани после регистрација на сајтот, од Министерството за здравство појаснуваат дека ќе направат обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што, како што велат, ќе информираат прецизно во јавноста.

Инаку, пред три дена во државата пристигнаа 10 илјади вакцини на „Астра Зенека“, како донација од Хрватска. Тие од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата, а хрватската Влада донесе уште една одлука да донира дополнителни 20 илјади вакцини кои ќе бидат од производителот „Астра Зенека“ или на производителот „Модерна“.

Данската Влада, пак, намени два милиони вакцини „Астра Зенека“ како донација за Западен Балкан, од кои 250.000 дози за Северна Македонија. Донациите за земјите од Западен Балкан ќе содржат дози од вакцината на „Астра Зенека“, кои Данска ги порача и ги плати, но кои не се испорачани сѐ уште. Моментално се работи на тоа донациите да се реализираат во наредните месеци.

Од понеделник ќе се вакцинираат вработените во основните и средните училишта во државата, соопшти денеска Министерството за здравство. Следната недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високо-образовните институции.

Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информираат од Министерството за здравство. Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 484.220 граѓани.

– На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 358.686 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.299 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.732 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 586.537 дози вакцини, а ревакцинирани се 227.851 граѓани. Со последните бројки 53 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  50 проценти од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Во државата продолжува темпото на намален број на новозаболени од Ковид-19. Во последните 24 часа се направени 3.028 тестирање, а регистрирани се шест нови случаи на Ковид-19, по два во Скопје, Битола и Кичево. Не се регистрирани починати, ниту оздравени пациенти.

До вчерашниот ден во земјата се направени вкупно 887.621 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.706, бројката на оздравени пациенти е 150.067, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 153.

Светот е во многу опасен период на пандемијата на коронавирусот, а идентификувана е позаразната делта варијанта во речиси 100 земји, изјави шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреијус.

Тедрос на редовната прес-конференција на СЗО кажа дека делта варијантата, која за првпат се појави во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен коронавирус во многу земји, пренесуваат американските медиуми.

-Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат во ова време следната година речиси 70 отсто од сите луѓе, во сите земји, да бидат вакцинирани, рече Тедрос, додавајќи дека со тоа ефикасно ќе заврши акутната фаза на пандемијата.

Директорот на СЗО посочи дека три милијарди дози од вакцината се веќе распределени и дека во колективната моќ на неколку земји е да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.

Досега помалку од два проценти од вакцините се дадени на посиромашните земји.

Иако богатите земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Франција и Канада, ветија дека ќе донираат една милијарда вакцини против Ковид-19, СЗО проценува дека се потребни 11 милијарди дози за да се имунизира светот.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ