• Latest

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025 09:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРОЦЕСИ
Share on FacebookShare on Twitter

По извештајот на ЕК за напредокот на Северна Македонија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, порача дека Брисел сè повеќе го гледа проширувањето како „унификација на Европа“ со јасна безбедносна димензија и дека за земјата клучни се конкретни гаранции за предвидливоста на евроинтегративниот пат: „Не е само прашањето на уставни измени — прашањето е кои гаранции ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред.“

Од друга страна, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека документот е „најлошиот во последните десет години“ и „сериозен аларм за иднината на државата“.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција оцени дека оценките во извештајот покажуваат застој во евроинтеграциите. „Објавувањето на Извештајот за напредокот со оцена дека Македонија не постигнала напредок на европскиот пат, ни испрати јасна порака каде се движи земјава изминатите година и пол под власт на ВМРО-ДПМНЕ. Овој извештај е практично најлошиот извештај којшто сме го добиле изминатите десетина години и сериозно го вклучува алармот за иднината и перспективата на државата“, рече Филипче.

Тој додаде дека нема уставни измени и дека „нема напредок ниту во реформската агенда“, притоа посочувајќи дека во Буџетот „не се предвидени доволни пари за спроведување на Планот за раст“. Според него, „економијата е во стагнација, образованието е во дебакл, а институциите се парализирани“.

Осврнувајќи се на поединечните области, Филипче изјави: „Во бројки, ситуацијата изгледа вака: само четири области се оценети како добар напредок, а и тие се минорни и не се однесуваат на вистински внатрешни реформи. Во осум области нема никакво поместување, вклучувајќи ги и најкритичните — правосудството и фундаменталните права. Она што е најлошо од овој извештај, во поглавјето 24 — правда, слобода и безбедност — владата добива единица, што значи драстичен пад во споредба со лани.“

Во однос на уставните измени, Филипче наведе дека СДСМ би поддржал модел со одложено дејство доколку тоа води кон отворање на преговорите по поглавја: „Ако е тоа прифатливо за Европската унија, апсолутно ќе го поддржиме… Ако не ги отвориме, зошто да правиме какви било уставни измени?“ Тој потсети и на предложените „црвени линии“ на СДСМ, доставени до парламентарните партии како основа за натамошни разговори за консензус.

Од друга страна, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител, нагласи дека „геополитичкиот контекст ѝ налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа кој има и безбедносно значење“. „Убеден сум дека доколку државата ги имаше направено уставните измени и овој извештај ќе беше поразличен во начинот на којшто одредени фрази се поставени во неговата содржина“, рече тој, додавајќи дека „техничкиот елемент којшто се оценува има и политички аспект“.

Муцунски подвлече дека за Владата клучно е добивање гаранции од ЕУ за предвидливоста на процесот: „Ние како Влада отворено го пренесуваме ставот што веруваме дека е став на народот и бараме гаранции за предвидливоста на нашиот пат напред.“

Тој истакна и дека државата добила „највисоки оценки“ во надворешната политика: „Добивме пофалби за нашата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика и за други аспекти, како што е историското партнерство во одбраната и безбедноста.“ Според него, позитивни оценки има и во „образованието, истражувањето, дигитализацијата и работата на Царинската управа“, при што, како што рече, „во ниту една област државата нема назадување“, иако остануваат „суштински проблеми“ во борбата против корупцијата и реформата на правосудството.

„Факт е дека имаме суштински проблеми во борбата против корупцијата и реформата на правосудството… Доцнат постапките во борбата против високата корупција, најчесто доаѓа и до застарување на предметите, нема доволно ажурност — и тоа не е критика за Владата, тоа е критика за правосудството“, изјави Муцунски. Тој најави обврска „до крајот на оваа календарска година“ да се донесат клучните реформи што се дел од Реформската агенда.

Во осврт на критиките на опозицијата, Муцунски рече дека наместо „голи критики“ треба да се бара консензус: „Добро е опозицијата да се обедини со Владата и со сите засегнати страни во државата за да создадеме консензус по овие прашања.“ Во контекст на регионалните и европските процеси, тој додаде: „Верувам дека нашата порака е прифатена во Брисел, верувам дека наскоро ќе има и одредени позитивни иницијативи… Ние немаме намера да отстапиме од нашите позиции, а во меѓувреме мораме да се посветиме на домашните реформи.“

Д. Т. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ