• Latest
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025 13:38
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската војска ја нападнала и оштетила руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември, објавија руските медиумски Телеграм канали, додека експлозии потресоа неколку руски енергетски објекти, пренесува Кијив Индипендент.

Генералштабот на Украина го потврди нападот во објава на Фејсбук на 7 ноември, истакнувајќи дека „годишниот капацитет за рафинирање на оваа фабрика е 15,7 милиони тони (5,6% од сите рафинерии во Русија).“

„Експлозии и пожари се регистрирани во областа на целта“, се додава.

Локалните жители ја пријавија штетата, објавувајќи фотографии и видеа на социјалните медиуми што ја документираат пријавената работа на воздушната одбрана во регионот. Иако веднаш не е забележан пожар, на ноќното небо кон насоката на рафинеријата за нафта се забележани сцени на големи блесоци.

Во нападот се оштетени станбена зграда и неколку домови, објави гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, додавајќи дека едно лице е убиено.

Бочаров потврди дека избувнал пожар во индустриска зона во округот Красноармејски во Вологоградската област.

Волгоград се наоѓа на околу 354 километри од источната граница на Украина со Русија и приближно 500 километри од територијата контролирана од Украина во близина на Краматорск, Донецка област.

Извештаите доаѓаат во време на поширок напад со беспилотни летала врз Волгоградската област, објавија локалните власти.

Рафинеријата, управувана од Лукоил и лоцирана на приближно 450 километри од фронтовската линија, игра клучна улога во снабдувањето со гориво на руската војска.

Објектот претходно бил цел на украински напади и, барем во една прилика, бил принуден да го запре производството.

Во меѓувреме, во Волгореченск, Костромска област, термоцентрала беше потресена од експлозии поради нападот со беспилотни летала во Вологоградската област, објави украинскиот Телеграм канал „Ексиленова+“.

Волгореченск се наоѓа на околу 744 километри од североисточната граница на Украина со Русија и околу 275 километри североисточно од Москва.

Во окупираниот Крим, руско нафтено складиште беше погодено во Битумне во близина на Симферопол, објави Телеграм каналот „Кримски ветер“.

Украина рутински започнува длабински напади врз воени и индустриски објекти во Русија, првенствено потпирајќи се на домашно развиени беспилотни летала.

Руското производство на нафта и гас продолжува да биде нападната додека Кијив се обидува да го осакати примарниот извор на финансирање на Москва за нејзината војна во Украина.

Руската бунтовничка група „Слобода на Русија“ саботираше десетици возови, целејќи ја логистичката инфраструктура на руската војска, објави украинската воена разузнавачка агенција (HUR) на 6 ноември.

Според извештајот и приложеното видео со весела музика, партизаните запалиле десетици возови што ги користеле руските сили за транспорт на оружје, муниција и опрема до линиите на фронтот во Украина.

Нападите наводно оштетиле клучни системи за контрола и напојување, сериозно нарушувајќи ги воените товарни операции. HUR не прецизираше каде се случиле нападите, туку само рече дека тоа било „на територијата на државата агресор“.

„Запаливите коктели на партизаните ги запалија системите за контрола и напојување на десетици возила што обезбедуваа транспорт на воен товар“, соопшти HUR.

„Овие саботажни акции значително го забавија движењето на руските воени резерви и ја поткопаа стабилноста на логистичката поддршка на непријателските единици на фронтот“.

Дополнително, вооружените сили на Украина нападнаа центар за логистика на руски беспилотни летала во окупираниот Донецк, потврди Генералштабот на 6 ноември.

Доцна навечер на 5 ноември, на Телеграм се појавија видеа од експлозии што ја потресоа областа околу аеродромот во Донецк. Коментаторите го нарекоа напад врз магацин во кој се сместени беспилотни летала од типот Шахед со долг дострел.

На 6 ноември Генералштабот ги потврди нападите врз „база за складирање, склопување и лансирање на беспилотни летала од типот Шахед“.

Понатаму, тие забележаа експлозии и „моќна секундарна детонација“, како и вклучување на ракетни и артилериски единици и Силите за беспилотни системи.

Д. Мишев

Tags: украински напади на руска територија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ