• Latest

2. Април – Меѓународниот ден на проверката на факти се одбележува преку напори да се фрли светло врз војната во Украина

April 2, 2022
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

October 29, 2025
Фото: МИА

Полски МиГ-ови пресретнаа руски извидувачки авион

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

2. Април – Меѓународниот ден на проверката на факти се одбележува преку напори да се фрли светло врз војната во Украина

За првпат во историјата на човековото војување, војната во Украина се одвива под будното око на организирана меѓународна заедница на проверувачи на факти, чија главна мисија е овојпат вистината да не биде првата жртва во моментот кога ќе почнат да летаат куршумите

April 2, 2022 15:21
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

И оваа година глобалната заедница на проверувачите на факти, собрана во рамките на Меѓународната мрежа за проверка на факти (IFCN), во која веќе членуваат организации од над 100 земји ширум светот, го одбележува 2. Април – Меѓународниот ден за проверка на факти.

Но, за разлика од сите претходни години, овојпат одбележувањето се одвива во сенка на војната во Украина, најголемиот воен судир на европско тло од Втората светска војна, кој во своето шестнеделно траење одзеде илјадници животи на двете страни и расели над 4 милиони жители на Украина.

За оваа војна се вели дека е медиумски најмногу покриена досега, во што, се разбира, главна улога има подемот на социјалните мрежи, но, од друга страна, пак, таа се води и под будното око на раширена мрежа на проверувачи на факти од Украина, од европскиот континент и ширум светот.

Речиси паралалено со почетокот на воените дејствија, проверувачите на факти се организираа и преку иницијативата #UkraineFacts од едно место ги направија достапни своите истражувања и анализи, овозможувајќи ѝ на меѓународната јавност брзо и едноставно да биде информирана за тоа кои се дезинформациите што кружат во медиумите, на социјалните мрежи, обидувајќи се, барем донекаде, да ја разретчи „маглата на војната“, која отсекогаш се насобира веднаш штом оружјето го зема приматот пред политиката во односите меѓу државите.

Проверувачите на факти, при создавањето на #UkraineFacts, го искористија претходно стекнатото искуство при почетокот на ковид пандемијата, кога беше стартувана иницијативата #CoronaVirusFactsAlliance,преку која ја информираа меѓународната јавност за бројните дезинформации, сѐ со цел да го заштитат јавното здравје и во своите земји, но и на глобално ниво и тоа особено во првите недели и месеци од пандемијата, кога дезинформациите наголемо ширеа страв, паника, несигурност, гнев, но и опасни лаги, кои понекогаш чинеа и човечки животи.

Вистиномер, како член на IFCN, заедно со своите сестрински медиуми во издание на Фондацијата Метаморфозис – агенцијата Мета и порталот Порталб (кој деновиве прослави 10 години од своeтo постоење), полноправно учествува во сите овие меѓународни иницијативи, упорно работејќи на промоција на фактите, раскринкување на дезинформациите, разобличување на теориите на заговор и расветлување на измамите и кај медиумите и на социјалните мрежи. Само во изминатите 6 недели од почетокот на војната во Украина, Вистиномер веќе има објавено речиси 50 дебанкирања на најразлични дезинформации поврзани со оружениот судир.

Во текот на идната недела проверувачите на факти од Фондацијата Метаморфозис на социјалните мрежи, преку свои лични видео записи, ќе го одбележат 2. Април. На глобално ниво можете да се вклучите во интернет панелите на IFCN, кои ќе се одржат, исто така, следната недела и на кои ќе се дискутира на најразлични теми од интерес на проверувачите на факти преку регистрација овде.

Цивил е првата платформа во земјата што започна со објавување на релевантни вести за руската агресија врз Украина, како во 2014 година, така и во месеците кога руската армија трупаше војска и тешко вооружување на украинските граници во 2021 година, и од самиот почеток континуирано ги следи, детектира, разоткрива и разобличува дезинформациите и говорот на омраза во врска со воената агресија врз Уктраина.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ