Кај нас и соседите 2 февруари можеби се „одбележува“ како ден на хомосексуалците, меѓутоа на денешен ден во светот се одбележуваат и Светски ден на свеќите, водните живеалишта, укулеле…
Ден на свеќи
На Денот на свеќите, 2 февруари, следбениците на Исус ја прославуваат Неговата презентација во Храмот и се прочистува Дева Марија, при што многу верници носат свеќи во нивните цркви за да бидат благословени. Потоа (во Полска, на пример, каде што ги палат и ги ставаат во прозорците за да се избегнат бурите), свеќите го претставуваат Исус и денот на неговото воведување во јудаизмот и одат кон објаснување на името на светиот ден, „Свеќи“.
Светскиот ден на водните живеалишта (World Wetlands Day).
Секоја година на 2 февруари се прославува Светскиот ден на водните живеалишта. Овој ден се одбележува од денот на усвојувањето на Конвенцијата за водни живеалишта на 2 февруари 1971 година, во иранскиот град Рамсар на бреговите на Каспиското Море. Секоја година почнувајќи од 1997 година, Секретаријатот на Рамсар има обезбедено материјали, кои им помагаат на владините агенции, невладини организации, други бројни организации и групи на граѓани да делуваат и помогнат во подигнување на јавната свест за важноста и вредноста на водните површини.
Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Милиеуконтакт Македонија, одржаа онлајн настан „Кон подобро управување со рамсарското место, Дојранско езеро“, која се одржува по повод одбележувањето на 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта (World Wetlands Day) и 50 години од Рамсарската Конвенција.
Национален ден на укулеле
Укулеле е четирижичен инструмент што потекнува од Португалија, но беше прилагоден од Хавајците во 19 век. Неговата големина може да варира, со поголемите инструменти се произведуваат подлабоки тонови. Укулелето стана особено популарно на Хаваите за време на кралот Калкауа, кој го вгради инструментот во настапи на официјални државни собири. Подоцна се користеше при снимање од уметници како Бинг Крозби и Елвис Присли. Националниот ден на укулеле се одржува на 2 февруари, кога играчите на укулеле од целата земја ќе ги исполнат своите омилени мелодии за да го прослават.
На денешен ден
Во 1932 година во Женева почнала Првата светска конференција за разоружување во чија работа учествувале претставници на 61 земја. Користејќи ги несогласувањата меѓу поранешните победници, Германија на тој собир се залагала за општо разоружување, но истовремено барала право на еднаквост во вооружувањето.
Во 1709 година шкотскиот морнар Александер Селкрејг, познат како Александер Селкрик бил пронајден на пустиот пацифички остров на кој во 1704 години се засолнил после бродолом. Неговата животна приказна го инспирирала Даниел Дефо да го напише романот „Робинзон Крусо“.
Во 1907 годива во Петроград умрел Дмитриј Иванович Менделеев, руски хемичар, еден од најпознатите научници од оваа област. Тој е татко на Периодичниот систем на хемиските елементи. Неговата книга „Основи на хемијата“ е преведена на многу јазици. Роден бил во Тоболск, на 8 февруари 1834 година.
Во 1994 година Република Чешка ја признала Република Македонија.
Д. М.