• Latest

2018 се очекува да биде сериозен пресврт за раздвижување на економијата

April 22, 2018

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

2018 се очекува да биде сериозен пресврт за раздвижување на економијата

April 22, 2018 12:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека македонската економија оди во добра насока и очекува сериозен пресврт и нејзино раздвижување годинава.

Тој во интервју за „Гласот на Америка“ вели дека на почетокот на годинава има показатели кои укажуваат дека економијата оди во добра насока.

„Во јануари и февруари годинава во споредба со претходната година, индустриското производство расте за 5,6 проценти. Има сериозен раст на извозот околу 24 проценти. Кредитната активност во првите месеци е исто така раздвижена и висока, вклучително и кај компаниите што е позитивно, бидејќи во изминатиот период главно беше кај домаќинствата. И платите во Македонија започнаа вистински да растат, со раст од 5,6 проценти на годишна основа, што ја зголеми просечната плата за 1.250 денари и за првпат имаме просечна плата над 24.000 денари. Ова се први сигнали дека македонската економија оди во добра насока, после 2017 година каде имавме ноќ и ден – една половина од годината со економски пад, потоа започна да се движи позитивно економијата. Сега, 2018 година може да се очекува да биде сериозен пресврт и економијата ќе продолжи да се движи во добра насока“, истакнува Тевдовски.

Според него, стимул за раст на економијата ќе биде и безусловната препорака на Европската комисија за почеток за преговорите за членство.

„Тоа е многу важно, бидејќи по сите теории економијата ја движат очекувањата на економските агенти. Тоа значи дека ваков силен сигнал, како добивање на безусловна препорака и пораката на Могерини дека Македонија е повторно на вистинската патека, сето тоа ќе ги раздвижи очекувањата и ќе фирмите и компаниите ќе преземат активности кои ќе водат напред. Тоа што се враќаме на вистинска патека во евроинтеграциите е показател за инвеститорите дека е безбедно и дека може повеќе да инвестираат. Тоа значи дека во Македонија годинава и годините кои ќе следат, може да се очекува и зголемување на инвестициите со движењето кон евроаталснките процеси, бидејќи сите земји во регионот кои се движеа во таа насока тоа го остварија“, вели Тевдовски.

Тој додава дека потребни се повеќе реформи за да економијата оди напред и посочува дека се преземаат голем број активности за што поголема транспарентост.

„ММФ и Светска банка тоа го поздравуваат. Министерството за финансии презема многу мерки од објавување на граѓански буџети, објавување на досега необјавени податоци, барање сите институции договорите од јавни набавки да ги објавуваат на веб страните. Сето тоа е во насока на фискална транспарентност. Фискалната транспарентност значи дека јавноста прави притисок, парите од граѓаните да се трошат во вистинска насока“, истакна Тевдовски.

Во следните 12 месеци, министерот Тевдовски очекува да заврши првиот сериозен бран на реформи, повеќе инвестиции како резултат на напредокот во евроатланските интеграции, како и раздвижување на економската состојба во или над нејзиниот потенцијал на економски раст.


Извор: МИА

Tags: Драган ТевдовскиекономијаМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ