Британското Министерство за одбрана го објави најновиот извештај на своите разузнавачи за ситуацијата во Украина.
Во последните 24 часа, украинските сили продолжија значително да напредуваат во регионот на Харков. Русија се повлече од областа, но борбите продолжуваат во близина на стратешки важните градови Изјум и Купјанск, се вели во извештајот.
– Русија спроведува стратегија на намерно дезинформирање за да избегне вина за кризата со храна, да ја дискредитира Украина и да го минимизира противењето на инвазијата на Украина, се вели во извештајот.
И украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека украинската армија ослободила повеќе од 2.000 квадратни километри окупирана територија од почетокот на контранападот овој месец.