• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 74: Можно враќање на рестриктивни мерки, границите се уште затворени, самоизолација…

June 1, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 74: Можно враќање на рестриктивни мерки, границите се уште затворени, самоизолација…

June 1, 2020 22:36
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека денеска разговарале за евентуално воведување дополнитени рестриктивни мерки, но заедничкиот став бил дека ќе се почекаат податоците од следните два до три дена за потоа да се донесе одлука. Филипче додаде дека МВР треба поинтезивно да работи на контрола на теренот за имплементација на мерките кои се на сила. Дополнителните мерки би биле карантин на одредени општини, во кои има поголем број дијагностицирани пациенти, и воведување полициски час, исто така локализирано.

ГРАНИЦИ Министерот Филипче посочи дека се уште е рано да се отворат границите, наведувајќи дека ја следат ситуацијата и ги анализираат бројките, па понатаму ќе донесат одлука.

„Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пацинети кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас“, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.

ОДЛУКА Во однос на новозаболените во Штип, министерот истакна дека тие се контакти на оние пациенти кои беа претходно дијагностицирани, вработени во неколку конфекции.

„Екипа од Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, денеска, престојува во Штип, со цел да направи увид во работата на Центарот за јавно здравје. На локалниот кризен штаб, кој го води градоначалникот беше донесена одлука да се затворат пет конфекции до следниот понеделник, за којшто период близу 600 вработени ќе бидат истестирани, а тие во меѓувреме нема да претставуваат ризик за другите луѓе со кои работат. Исто таква активност во смисла на посета и анализа на работата на Центарот за јавно здравје, екипа од Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство денеска е пратена во Куманово“, изјави Филипче.

САМОИЗОЛАЦИЈА Градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, соопшти дека самоиницијативно ќе биде во самоизолација, поради средбата со директорката на УЈП Сања Лукаревска која е позитивна на КОВИД-19. Директорката на УЈП Лукаревска, утрово на својот Фејсбук профил објави дека е позитивна на КОВИД-19.

ИЗБОРИ Вицепремиерот Бујар Османи на емисијата „Click Plus“ на ТВ21, изјави дека избори ќе има или на 5-ти јули или редовен термин на есен и дека ќе се направат напори да се создадат услови за постигнување на концензус, пренесува ТВ21.

СУБВЕНЦИИ Вкупно 696 граѓани поднеле барања за субвенции за купен велосипед и 91 барање за субвенции за купен тротинет,  откако вчера Град Скопје ги објави јавните повици.

А. Петровска 

Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ