• Latest

23 мај

May 23, 2018

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

ССНМ бара зголемување на минималната плата за зачувување на слободата на медиумите

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

23 мај

May 23, 2018 06:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1430.- Во Стогодишната војна во Кампиења била заробена француската национална хероина Јованка Орлеанка и им била предадоа на Англичаните. Била изведена пред црковниот суд, а во 1431 година и осудена на смрт.

1514.- Во Унгарија почнала селанската буна под водство на благородникот Ѓерѓ Дож. Унгарските селани кои барале враќање на „старите права“, по четиримесечни борби зазеле поголем дел од територијата. Војската на Дож била разбиена кај Темишвар, а загинале околу 70.000 востаници. Ѓерѓ Дож бил свирепо убиен.

1618.- Со буната на Чесите против Хабзбуршката монархија во Прага избила Триесетгодишната војна. Разлутените граѓани, слично како и во текот на буната на Хусите во Прага против римотаколиците во 1419 година, го исфрлиле низ прозорец од Градскиот совет намесникот на царот Фердинанд Втори Австриски, поради уривањето на две протестантски цркви недалеку од Прага. Во борбата против Хабзбург на протестантските Чеси на помош им се придружиле Данска, подоцна Шведска, Англија и Франција. Војната ја одбележало масовното пустошење и крајната свирепост. Загубите биле огромни, населението на Германија било сведено на помалку од половина, а самата Чешка на петтина од предвоениот број. Војната завршила со Вестфалскиот мир во 1648 година.

1707.- Роден е шведскиот научник Карл фон Лине, основач на модерната систематика во биологијата. Бил основач и прв претседател на Шведската академија на науките и на Природнонаучниот музеј. Дела: “Systema naturae”, “Philosophia botanica”, “Genera plantarum”, Species plantarum”.

1848.- Роден е германскиот инженер и пронаоѓач Ото Лилиентал, еден од пионерите на авијацијата. Во 1896 година го конструирал првиот двокрилен планер и истата година загинал при изведување на пробен лет.

1883.- Роден е американскиот актер Даглас Елтон Улман, познат како Даглас Фербанк, многу популарен во периодот на немиот филм. Филмови: „Во знакот на Зоро“, „Тројцата мускетари“, „Црниот пират“, „Робин Худ“, „Багдадскиот крадец“.

1886.- Умрел германскиот историчар Леополд фон Ранке, професор на Берлинскиот универзитет и член на Пруската академија на науките, кој главно се бавел со историјата на германските и романските народи, но пишуваше и за народите од централна и југоисточна Европа. Дела: „Историја на Франција“, „Историја на Англија“, “Римските папи“.

1905.- Со ираде – указ на турскиот султан Абдул Хамид, Власите се признати како посебен народ во турското царство. Поради значењето на овој датум, Лигата на Власите од Македонија го прифатила како национален ден.

1906.- Во Осло умрел Хенрик Ибзен, норвешки писател и драматург. Во своите дела го критикувал современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се „Нора“, „Комедија на љубовта“, „Привидение“ и „Непријател на народот“. Роден бил на 29 март 1828 година.

1908.- Роден е американскиот физичар Џон Бардин, добитник на Нобеловата награда за физика во 1956 и во 1972 година. Заедно со Вилијам Шоклиј го пронашол транзисторот.

1939.- Адолф Хитлер обраќајќи им се на највисоките германски воени команданти  ја објавил намерата да започне светска војна. „Овој пат нема многу да расправаме. Ќе имаме војна. Одлучив да ја збришам Полска. Од успехот на овој потфат зависи и успехот на се што потоа ќе дојде. Ние сега одлучуваме за судбината на Германија за илјада години“. Втората светска војна почнала со инвазијата врз Полска, на 1 септември 1939 година.

1945.- Германскиот воен злосторник Хајнрих Химлер, шеф на злогласната нацистичка полиција Гестапо од 1936 година, извршил самоубиство. Еден од најблиските соработници на водачот на Третиот рајх Адолф Хитлер се убил еден ден откако Британците го заробиле.

1949.- Основана била Сојузна Република Германија, со Бон како главен град.

1951.- Роден е рускиот велемајстор Анатолиј Евгеневич Карпов, еден од најуспешните турнирски играчи во историјата на шахот.

1960.- Властите во Израел соопштиле дека е уапсен поранешниот нацист Адолф Ајхман, на кој ќе му се суди како на воен злосторник.

1971.- Во земјотрес кој го разорил градот Бингол во источна Турција загинале најмалку илјада луѓе.

1992.- Во Струга во организација на Сојузот на студентите на Република Македонија почнала Првата македонска универзијада.

1993.- На Градскиот стадион во Скопје се одиграл финалниот натпревар на Фудбалскиот куп на Република Македонија меѓу Вардар и Пелистер, 1:0. Голот го дал Жанко Савов во 83 минута. Вардар станал прв победник на Фудбалскиот куп на Македонија.

1994.- Во Лос Анџелес умрел Џо Пас, прославен американски гитарист, еден од најголемите гитаристи во историјата на џезот. Роден бил во Њу Брунсвик во 1931 година.

1995.- Република Македонија и Украина воспоставиле дипломатски односи.

1997.- На претседателските избори во Иран убедливо победил предводникот на умерената политичка струја Мухамед Хатами.

2004.- Хорст Келер, поранешен директор на Меѓународниот монетарен фонд и претседател на Европската банка за обнова и развој, бил избран за деветти повоен претседател на Германија со мандат од пет години.

2004.- Најмалку 34 луѓе загинале во судирите меѓу американските сили и следбениците на шиитскиот радикален водач Моктад ел Садар во ирачките градови Куфа и Наџаф.

2007.- Изречена била пресудата на дванаесетмината обвинети за убиството на претседателот на владата на Србија – Зоран Ѓинѓиќ. Осудени биле на вкупно 378 години затвор.

2015.- Во Скопје на 78-годишна возраст починал познaтиот композитор и музички продуцент Димитар Масевски, кој беше еден од основоположниците на македонската забавна музика. Во текот на својата музичка активност Масевски има продуцирано околу 2.000 композиции. Тој е авторот на композицијата „Последна солза“, која ја пеела Блага Видец и која претставува првата забавна мелодија испеана на македонски јазик. Масевски е автор на првата детска песна на македонски јазик „Рингишпил“, а компонирал и музика за тв-серии и театарски претстави. Во 21 век, Масевски започнал да компонира новосоздадена фолклорна музика. Тој бил еден од организаторите на обновениот „Скопски фестивал“, кој во знак на неговото творештво, во 2014 година му ја доделил наградата за животно дело.

2017.- На 89-годишна возраст почина Сер Роџер Мур, најпознат по својата улога како специјалниот агент 007 – Џејмс Бонд. Мур го портретираше Бонд во дури седум филмови меѓу кои Live and Let Die и Тhe Spy Who Loved Me. Во 1999 година стана почесен командант на Британската империја и прогласен за почесен витез. Во 2008 година, ја доби својата ѕвезда на Патеката на славните за неговиот придонес во филмската индустрија. Во 2012 година во ноември, стана почесен Доктор на уметноста за неговиот придонес во британската кинематографија. Роџер Мур е роден на 14 октомври 1927 година во Стоквел, Лондон како син единец на Лилијан и Џорџ Алфред Мур.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ