• Latest

23 март, вонредна состојба ден 5: Сè поизвесен почеток на преговорите со ЕУ, 22 нови случаи на КОВИД-19, втора жртва на вирусот

March 23, 2020
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

23 март, вонредна состојба ден 5: Сè поизвесен почеток на преговорите со ЕУ, 22 нови случаи на КОВИД-19, втора жртва на вирусот

March 23, 2020 17:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Сè поизвесен почетокот на преговорите со Европската Унија

„ЕУ одлучува да започне преговори со Северна Македонија и Албанија“, јави дописничката на МИА од Брисел.

Текстот на заклучоците, кои можат да претрпат мали промени по министерскиот состанок кој ќе се одржи утре, гласи: „откако го разгледа извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија од 2 март 2020, Советот го поздравува тоа што земјата покажа одлучност во напредокот на ЕУ агендата и испорача опипливи и одржливи резултати“.

„Со оглед на остварениот напредок и исполнувањето на условите поставени едногласно од Советот во јуни 2018, Советот одлучува да отвори преговори со Република Северна Македонија“, се вели во текстот.

Одлуката треба да биде политички потврдена на Европскиот Совет в четврток. Нацрт заклучокот предвидува првата Меѓувладина конференција да се одржи “што е можно поскоро“, без конкретен датум засега.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Шидер: Имате огромен напредок, оптимист сум дека преговорите ќе започнат
Андреас Шидер е австриски политичар, социјалдемократ, член на Европскиот парламент од 2019 година. Лидер на парламентарната група на австриските социјалдемократи во Националниот совет. Државен секретар во Министерството за финансии од 2008 до 2013, во владата на канцеларот Вернер Фајман.

 

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 5

Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата, и тоа 15 во Скопје, 4 во Дебар, 2 во Куманово и 1 во Охрид. 

*

Регистриран вториот смртен случај од КОВИД-19 во земјата. Се работи за 63 годишен пациент кој синоќа починал на Инфективната клиника откако дошло до нагло влошување на здравствената состојба.

*

Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе бидат сместени во поликлиниките во Ченто и „Јане Сандански“. Сите пунктови се објавени на веб страницата на Мој Термин.

*

Формирани се мобилни тимови на Црвениот крст чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и да им ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

*

Првата ноќ воведувањето на полициски час на територијата на целата држава помина мирно. Осумнаесет лица се лишени од слобода, а 74 лица се опоменати. Од слобода се лишени пет лица во Тетово, две во Гостивар, две во Куманово (најдено и огнено оружје), две во Радовиш, едно во Штип и 6 во Кочани.
*
Капацитетот на инфективната клиника е пополнет 25% (110 кревети), Воената болница е спремна за примање пациенти, со 400 кревети. И во болницата 8 Септември има отворен капацитет, којшто е целосно изолиран од останатиот дел.
*

Пикот заболени од корона вирусот во државата се очекува да биде 2.000 до крајот на април. Првичната проценка е 2% смртност, но поради недоволното познавање на болеста може тој процент да биде повисок.

*

Мерката која ги ослободува од работа родителите на деца под 10 години и која трае заклучно со денеска ќе се продолжи, брифираат владини извори.
Оттаму велат дека многу е веројатно дека ќе се продолжи и вонредната состојба во земјата која ќе трае се додека има зголемување на бројот на заболени.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Датумот за Парламентарните избори 2020 ќе биде одреден по завршување на вонредбата состојба и уредбата со законски сила, што тогаш треба да ја донесе техничката Влада, предводена од Оливер Спасовски.
*
Државната изборна комисија (ДИК) вчера донесе заклучок за запирање на дејствијата за предвремените парламентарни избори што требаше да се одржат на 12 април, постапувајќи по Уредбата со законска сила што ден претходно ја донесе Владата на Република Северна Македонија.
*
Судењето за случајот Рекет е одложено за 26 март поради здравствената состојба на обвинетата Катица Јанева, која, согласно мерките и препораките од Владата за заштита и превенција од КОВИД-19, спаѓа во ризична група.
*
Барањата на одбраната за одложување на случајот „Рекет“ судот ги разбира единствено како начин за одолговлекување на постапката, имајќи во предвид дека се работи за притворски предмет и дека се исполнети сите услови – односно, судницата редовно се дезинфицира, има доволно простор и одалеченост меѓу странките и задолжително се носат медицински маски и стерилни ракавици, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Моја претпоставка е – како експерт за менталитет, а не за медицински алгоритми – дека ние ќе ја надминеме и песимистичката прогноза и дека ќе имаме повеќе илјади заразени од можноста за нивно адекватно лекување. Тоа е така бидејќи, и без големо теоретизирање, на сите ни е јасно зошто во Данска или во Норвешка, на пример, нема ни потреба за воведување полициски час; а во Шпанија, Италија, Србија или Македонија ни војската на улици не е гаранција дека ќе се почитуваат сите препораки на надлежните… Додека не биде предоцна, како во Италија. И многу откако ќе престане надвор да врне“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Умерен оптимист во песимистичко сценарио.
За смртоносната зараза од лажни вести, Џабир Дерала пишува: „Не е наша задача да ловиме заразени. Тоа не е и не смее да биде ничија задача. Од лов на заразени до идентификување на потенцијални жаришта и откривање нови случаи има огромна разлика. И што е најважно, тоа е задача на системот. Наша задача е да се бориме против паниката и стигмата“.
Маја Ивановска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ