• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 19: Лекувањето од КОВИД-19 е бесплатно, нови смртни случаи во Куманово, миленичињата и новите ограничувања за движење…

April 6, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 19: Лекувањето од КОВИД-19 е бесплатно, нови смртни случаи во Куманово, миленичињата и новите ограничувања за движење…

April 6, 2020 23:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ОГРАНИЧУВАЊА На денешната прес конференција на премиерот Оливер Спасовски во одговор на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали Владата ќе ги изедначи правата на слободно движење за сите, како што препорачува ЦИВИЛ, со оглед на тоа дека ограничувањето на движењето на повозрасните граѓанки и граѓани предизвикува турканици и уште повеќе ги изложува на ризик, рече дека ограничувањата што се донесени се токму во функција за заштита на најстарите, но и најмладите граѓани.

ЦИВИЛ доби одговор: Лицата без здравствено осигурување, ќе се лекуваат бесплатно од КОВИД-19

БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ Владата на денешната 36 седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба според која на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија. Оваа Уредба за лекување од КОВИД-19 на товар на Фондот, се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.

НОВИ СМРТНИ СЛУЧАИ „Пред самото вклучување во емисија добив информација од Центарот за јавно здравје дека имаме уште двајца починати наши сограѓани во Куманово“, соопшти градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва во емисијата „Топ тема“, споделувајќи најнова информација од Центарот за јавно здравје.

КОВИД-19 ТЕСТОВИ „Mасовноста на тестирање за коронавирусот не е прашање на недостиг на ресурси, туку прашање на стратегија која мора да е научно и емпириски заснована и да доаѓа од стручната комисија, а не да се заснова на политички одлуки и под притисок на јавноста“, смета вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и координатор на штабовите на локалната самоуправа и Градот Скопје.

МИЛЕНИЧИЊА Според одлуката на Владата од денешната, 36-та седница, на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот. Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот. Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

ПОВРАТНИЦИ Во соработка со амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, МНР организираше чартер лет за враќање на затекнатите граѓани во Обединетото Кралство. Од аеродромот Лутон, во близина на Лондон, со лет на Визер репатрирани се 130 македонски граѓани, а на летот кон Скопје, во соработка со британската амбасада во Северна Македонија, беа превезени 60 странски државјани од Обединетото Кралство, САД и Австралија.

КОНВОЈ Денеска се организираше 4-ти по ред хуманитарен конвој, овој пат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјата ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила.

Б. Јордановска


6 април, вонредна состојба, ден 19: Ригорозни мерки, Владата апелира – сите да бидеме поодговорни…

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ