• Latest

24 ЧАСА: Африм Гаши избран за претседател на Собранието; верификувани мандатите на 118 пратеници; ужасот во Газа мора да престане

May 28, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Африм Гаши избран за претседател на Собранието; верификувани мандатите на 118 пратеници; ужасот во Газа мора да престане

May 28, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Африм Гаши избран за претседател на Собранието

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само шесте пратеници на Левица.

Поранешниот претседател на Алтернатива која е дел од ВЛЕН, Гаши, беше предложен за претседател на Собранието со потписи од 75 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата ВЛЕН и Движењето ЗНАМ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Ги осудувам акциите на Израел во кои загинаа голем број невини цивили кои само бараа засолниште од овој смртоносен конфликт. Нема безбедно место во Газа. Овој ужас мора да престане, истакна генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Х.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПОЛИТИКА Собранието денеска во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија и со тоа ги верифицира мандатите на 118 пратеници. Со тоа им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ На социјалната мрежа Х (Икс) се споделува фотомонтажа од наводно поставување на сообраќајни табли со името Република Македонија и знамето со Сонцето од Кутлеш (Вергина).

СВЕТ На меѓународната донаторска конференција во Брисел беа собрани 7,5 милијарди евра за сириските бегалци

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските агресори го нападна регионот Запорижја со беспилотни летала, авиони и артилерија, откако предходно го ракетираа и аеродромот

ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА

Проф. д-р Марина за ЦИВИЛ: Фундаментална реформа на целото општество, со силна и јасно искажана политичка волја и вклученост е клучот за развивање на циркуларната економија

За да се дојде до одржлив урбан развој неопходно е да се случи промената на парадигмата низ кој ние го согледуваме, анализираме,  разбираме и објаснуваме светот околу нас и изградената средина, а потоа на сосем нови основи да започнеме да го организираме нашиот живот и развојот на човечките заедници, вклучувајќи ги тука и градовите, вели проф. д-р Огнен Марина, професор на Архитектонски факултет Скопје во интервју за ЦИВИЛ по повод Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024.

*

Која е разликата меѓу ЦИРКУЛАРНА и ЗЕЛЕНА економија?

Циркуларната економија претставува „развојна стратегија која овозможува економски раст без зголемување на потрошувачката на ресурси, а со тоа го намалува влијанието врз животната средина“. Додека циркуларноста придонесува кон поодржлив свет, не сите иницијативи за одржливост придонесуваат кон циркуларноста. Циркуларноста се фокусира на циклусите на ресурсите, додека одржливоста, генерално, се однесува пошироко на луѓето и економијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

И со предизборните најави за укинување на „Преспанскиот договор“ кога по промената на уставното име, целиот свет кон нас почна да се обраќа со името Македонија (со придавката Северна), се наговестуваше враќање кон некои дамнешни времиња од периодот на кратенката „ФИРОМ“ или „ПЈРМ“, па странскиот фактор кон нас се обраќаше исклучив со „вашата земја“, „вашиот јазик“.

А во вториот дел од слоганот „Македонија повторно твоја“, кој најверојатно поради недостаток на простор на билбордите е изоставен, и истовремено, креаторите на истиот сметале дека се подразбира гласачите на кои се обраќаат да сфатат дека со тоа што ни го нудат, со зборот твоја, всушност тие ни овозможуваат Македонија повторно да биде наша… наша земја, наша држава.

Токму како што сега и ја нарекува новата претседателка. Граматички и математички прецизно, пишува Драган Мишев во колумната „Македонија повторно – „нашата земја““.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ