• Latest

24 ЧАСА: Ахмети најави чекори за спречување на нова мајоризација; Кацарска си заминува со чувство на исполнетост; Северна Македонија треба да обезбеди финансиска поддршка за зелените политики

May 29, 2024
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ахмети најави чекори за спречување на нова мајоризација; Кацарска си заминува со чувство на исполнетост; Северна Македонија треба да обезбеди финансиска поддршка за зелените политики

May 29, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Ахмети: Која е смислата на демократијата ако мнозинската заедница одредува кој ги претставува Албанците

Али Ахмети заедно со Европскиот фронт денеска на прес – конференција праша која е смислата на демократијата ако мнозинската заедница одредува кој ги претставува Албанците?

Тој рече дека Европскиот фронт и албанската опозиција во декември 2023 година и јануари 2024 година заеднички се договорија и потпишаа декларација за нестапување во владино партнерство без уставни измени и гаранција за европското патување.

„И покрај сите аргументи, бројки и резултати, дури и со пратеници, дури и со апсолутни бројки на гласови, дури и со победи во две третини од општините, поразените на изборите, без легитимитет на суверенот, целосно се потчинеа, игнорирајќи волјата на народот, Охридскиот договор, легитимитет и без никаква почит кон оние кои ги донесоа сите овие квалитативни промени во нашата држава“, кажа Ахмети.

Во овој контекст, рече Ахмети, граѓаните не прашуваат, која е смислата на демократијата во нашата земја ако мнозинската заедница определува кој ги претставува Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите заедници?

„Зошто овие заедници да се организираат во политички партии и да учествуваат на избори за да го добијат легитимитетот на нивните сонародници ако, без да се води сметка за волјата на нашите заедници, најголемата македонска партија одлучи за нив според нивните преференции?“, рече меѓу другото Ахмети.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Северна Македонија треба да обезбеди финансиска поддршка и институционална овозможувачка средина за зелените политики, вели екологистот и политикологот Тони Поповски, во однос на ефектот на војните и воено-безбедносните кризи и поларизација врз можностите циркуларната економија да стане доминантен тренд во економијата во светот, во интервју за ЦИВИЛ, по повод Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан 2024.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СУДСТВО Акт што ја регулира работата на Уставен суд и начинот на кој граѓаните може да се обратат, зголемен буџет, намалување на бројот на старите предмети, полн капацитет на Уставен суд и зголемена транспаренетност, се дел од активностите кои претседателката на Уставен суд, Добрила Кацарска, ги потенцираше за својот тригодишен мандат.

ПРАВДА Советот на јавни обвинители му препорачува на Мемети да не учествува во работата додека трае постапката против него

ИЗБОРИ Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд по решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во Желино, на изборното место 2101 во село Ларце. Судот треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

ЗЕЛЕНИ Зелената политика (или еко-политиката) нуди решенија за имплементација на еколошки одржливо општество, втемелено во животната средина, во амбиент на ненасилство, социјална и еколошка правда, почитување на човековото достоинство и човековите права, слобода, еднаквост, владеење на правото, недискриминација, антинационализам, економска, социјална и еколошка благосостојба, почитување на различностите, базната и партиципативна демократија.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Белата куќа: САД работат со европските сојузници за да ја зголемат отпорноста на хибридните акции на Русија

*

Двајца убиени, тројца ранети во непријателски напад врз заедницата Краснопилија во регионот Суми, во ноќното гранатирање на Краматорск оштети куќи, продавници и патишта, окупаторите убија тројца жители на регионот Доњецк во текот на ноќта, а ранија уште 14 други. Во руски ракетен напад врз заедницата Краснопилија во североисточниот регион Суми во Украина загинаа две лица, а тројца беа ранети, објави Регионалната воена администрација на Телеграм, пренесува Укринформ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Силјановска – Давкова оди и чекор понатаму, па служејќи се со манипулации (или од незнаење и неинформираност, или можеби тенденциозно), ќе каже:

Јас мислам дека сите кои биле во Грција можат да видат дека токму името што од нас бараат да го почитуваме, тие никаде не го истакнале. Сè уште има Скопје, Скопиа…

Не знаемe дали, и кога преседателката била последен пат во Грција, но пред да jа даде оваа изјава требала подобро да се информира кај тимот од советници каква е праксата при истакнување на имињата на државите на сообраќајни знаци – патокази, која важи подеднакво, и во светот, и кај соседите, и кај нас“, пишува Драган Мишев во колумната „Претседателката не е знајала, или…“.

*

„Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ДУИ е секако на највисокото можно ниво, не само кога се избра новиот претседател на Собранието, Албанец. Едните поради насилниот упад во собранието (“крвавиот четврток”), кои како причина за насилствата, одбраа пред јавноста да биде Албанецот претседател на Собрание, а не тоа што конечно им се одзеде власта од раце. Но сега – си најдоа супералбанец, очигледно по некој нивни терк. Времето ќе покаже, и тоа многу скоро. И секако, државна плата. Северна.

Вторите, Енверхоџовци и Путинољупци и џавкачи, и албанофоби и секаквофоби, се додека им е удобно, во Северна. И, да, имаат слика со Албанците кога ги ,,сакаа”, пишува Дијана Тахири во колумната „А плата може од Северна, нели?“.

*

„Македонското Собрание доби нов парламентарен состав, во кое нема место за припадник/чка на ромската етничка заедница.

Во минатото, не дека нешто се прославија ромските пратеници и нешто придонесоа за доброто на државата или за ромската заедница, меѓутоа „нашата земја“ можеше да се пофали дека го негува плурализмот, мултикултурализмот, различноста и дека во највисокиот законодавен дом има место за сите“, пишува Дехран Муратов во колумната „Македонското Собрание без столче за Ромите“!

*

„Не ни стапнаа асално на власт, уште ниту влада не скрпија, а веќе се избрука пред светот и дома, посебно пред своите неодамнешни гласачи па си ги испогазија и си ги испоганија ветувањата, оние со кои практично си се устоличија, оние кои сега им одѕвонуваат на тие што гордо ги превеслаа на изборите и за унитарноста и за еднојазичноста и за преспанскиот и за бугарскиот и за гордоста и за венецот и за … и, кажано во една реченица, допрва коалициски ќе голтаат и живи жаби и живи полжави и за дваесет проценти и за химна и за знаме и за уставни и за училишни програми и за, …, па патриоти лажни и патриоти умислени – доброутро“, пишува Зоран Иванов.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ