• Latest

24 ЧАСА: Албанија официјално почна со преговорите за влез во ЕУ; „благодарение“ на Путин се виде колку ѝ потребен Западен Балкан на ЕУ; во САД стартува предвременото гласање за претседателски избори

October 15, 2024

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Албанија официјално почна со преговорите за влез во ЕУ; „благодарение“ на Путин се виде колку ѝ потребен Западен Балкан на ЕУ; во САД стартува предвременото гласање за претседателски избори

Издание број 1908

October 15, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Албанија официјално ги почнува преговорите со ЕУ

Пред денешното заседание на Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) во Луксембург, ќе се одржи Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ќе ги започне преговорите за членство во Унијата по првиот Кластер „Основни вредности“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рама: „Благодарение“ на Путин и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ

„И покрај различните расположенија и различните нивоа на посветеност или на скептицизам кон проширувањето, ние никогаш не се поколебавме затоа што за нас Европската Унија и Европа се единственото место каде што треба да бидеме и единственото место за живот на нашите идни генерации. Така што, овој момент е посебен… „Благодарение“ на Путин и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан е потребен на ЕУ“, изјави албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија

РЕГИОН

Дијалогот Косово-Србија, Курти: Очекуваме нова динамика од ЕК

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово очекува новата Европска Комисија да започне со нова динамика во однос на дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Курти на новинарите им кажа и дека на состаноците што ги одржал во Берлин побарал ЕУ да ги отстрани казнените мерки што и беа наметнати на Косово минатата година поради тензиите на северот, но и да му даде статус на земја кандидат. Косово е единствената земја во регионот на Западен Балкан што нема статус на земја-кандидат, бидејќи земјата аплицираше за членство во ЕУ во декември 2022 година.

СВЕТ

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе

Во 37 сојузни држави веќе почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, а тоа право до синоќа го искористија речиси пет милиони гласачи, кои гласале по пошта или лично.

Четвртата тематска конференција по Самитот за мир беше посветена на точката од Формулата за мир за спречување на ескалација на војната

На Четвртата тематска конференција по Самитот за мир присуствуваа претставници на 66 држави и меѓународни организации. Шефот на кабинетот на Претседателот на Украина, Андриј Јермак, нагласи дека постоечката глобална безбедносна архитектура не успеа да понуди ефективни средства за спречување на руската агресија. Според него, војната во Украина има глобални импликации, загрозувајќи ја нуклеарната, прехранбената, енергетската и безбедноста по животната средина.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што треба да содржи писмото на Мицкоски до ЕУ?

РЕАКЦИИ: По сите негативни одрази во земјата, ќе остане само да се аплицира за албански пасоши

Според пораките и коментарите што пристигнаа како одговор на ова ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ, нашите читатели, меѓу другото, сметаат дека дека или нема многу да влијае, но и дека – како во случајот со Бугарија – ќе предизвика вадење на албански пасоши.

КОНТЕКСТ

Авторот Боб Вудворд во својата најнова книга промовирана денеска, открива дека кога Трамп беше претседател во 2020 година, тајно му испратил уреди за Ковид-тестови на Путин во време кога целиот свет се соочуваше со осакатувачки недостиг од сè што беше поврзано со пандемијата. Книгата открива дека Путин бил смртно преплашен од болеста и со олеснување го примил подарокот од Трамп. Притоа, пишува Вудворд, Путин го предупредил да не кажува никому за подарокот, не поради него, туку поради можните политички последици по Трамп, кој на тоа реагирал со зборовите “не ми е гајле“. Повеќе за книгата, во текстот „Тајната комуникација на Трамп со Путин и други поенти од новата книга на легендарниот Боб Вудворд“ од Џабир Дерала.

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ