• Latest

Четвртата тематска конференција по Самитот за мир беше посветена на точката од Формулата за мир за спречување на ескалација на војната

October 15, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Четвртата тематска конференција по Самитот за мир беше посветена на точката од Формулата за мир за спречување на ескалација на војната

October 15, 2024 14:22
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на кабинетот на Претседателот на Украина, Андриј Јермак, учествуваше на тематска онлајн конференција посветена на точка 9 од Формулата за мир „Спречување на ескалација на војната и повторување на агресијата“.

Оваа конференција беше четврта по ред, а резултатите од секој ваков настан ќе се користат за формулирање на предлози за вториот Самит за мир.

На состанокот присуствуваа претставници на 66 држави и меѓународни организации. Украинската страна беше претставена и од заменик шефот на кабинетот на претседателот, Ихор Жовква, заменик министерот за надворешни работи, Јевхен Перебијнис, заменик министерот за одбрана за евроинтеграции Серхиј Бојев и советниците на шефот на кабинетот на претседателот Дарила Заривна и Олександр Бевз.

Андриј Јермак нагласи дека постоечката глобална безбедносна архитектура не успеа да понуди ефективни средства за спречување на руската агресија. Според него, војната во Украина има глобални импликации, загрозувајќи ја нуклеарната, прехранбената, енергетската и безбедноста по животната средина.

„Потребна ни е обновена безбедносна архитектура заснована на меѓународното право и поддржана од сопствените одбранебени способности на Украина. Овој систем треба да ја опфаќа не само воената компонента, туки и санкциите, финансиската помош, инвестициите и широката соработка во различни области“, рече шефот на претседателскиот кабинет.

Тој, исто така, истакна дека Украина работи со своите партнери на ажурирање на безбедносната архитектура, што треба да помогне да се одврати и запре аресијата низ светот.

Ихор Жовква, заменик шеф на кабинетот на претседателот, забележа дека 32 држави веќе се приклучија на Заедничката декларација на Г7 за поддршка на Украина од 2023 година.

„Вкупно, како резултат на потпишувањето на 26 билатерални безбедносни договори, имаме околу 40 милијарди декларирана воена помош за Украина само во 2024 година“, додаде тој.

Тимоти Бароу, советник за национална безбедност на премиерот на Обединетото Кралство, нагласи дека партнерските земји треба да ја поддржат Украина на нејзиниот пат кон праведен мир и да развијат механизам за спречување на идна агресија. Обединетото Кралство е ко-водач на точка 9 од Формулата за мир и беше првата земја што потпиша билатреален договор за безбедносна соработка со Украина врз основа на Заедничката декларација на Г7.

Конференцијата резултираше во Заедничко комунике, чиј текст е достапен подолу. Комуникето ја одразува визијата на државите за спречување на ескалација и повторување на агресијата како систем на мерки што вклучува билатерални и мултилатерални безбедносни заложби и договори, зајакнување на одбранбените способности на Украина, ефикасно спроведување на политиката на одвраќање на идна агресија, особено со враќање на територијалниот интегритет на Украина, компензација за штетите, политика на санкции и механизам за одговор на ризикот од нова агресија. Понатаму, учесните истакнаа дека Украина тргна на неповратен пат кон целосна евроатлантска интеграција во рамките на нејзиното суверено право.

Превод: Н. Цветковска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ