• Latest

24 ЧАСА: Еден месец по трагедијата во Кочани; Марта Кос – веќе нема гаранции за влез во ЕУ; Кремљовската пропаганда повторно напаѓа

April 16, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Еден месец по трагедијата во Кочани; Марта Кос – веќе нема гаранции за влез во ЕУ; Кремљовската пропаганда повторно напаѓа

April 16, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Еден месец по трагедијата во Кочани, под истрага за одговорност досега се над 60 осомничени

Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници.

Триесет и еден ден подоцна, јавноста сè уште чека одговори, а институциите се соочуваат со обемна истрага. Освен градоначалникот на Кочани, ниту еден актуелен министер, ниту државен функционер не поднесе оставка од морални причини.

Досегашната истрага која ја води Основното јавно обвинителство Кочани со поддршка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција опфати над 60 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, тројца градоначалници на Општина Кочани, поранешни министри за економија, инспектори, полициски службеници и други лица поврзани со добивањето и продолжувањето на дозволите за работа на импровизираната дискотека.

Меѓу приведените е и Љупчо Папазов, кој во моментот на несреќата ја извршуваше градоначалничката функција, а ден подоцна си поднесе оставка.

Од синоќа, под истрага се уште десетмина полицајци од Кочани и од Штип. Се сомничат дека од 2012 до 2022 година издавале согласности и му овозможувале на „Пулс“ да стекне лиценца за вршење угостителска дејност, иако фирмата не ги исполнувала предвидените услови. МВР соопшти дека шестмина од полицајците се приведени, по еден се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

-Во конкретниот случај постои основано сомнение дека осомничените во временскиот период од 07 декември 2012 година до 21 јануари 2022 година, како соизвршители, сториле кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, велат од Републичкото јавно обвинителство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија

„Разбираме дека ова не е лесно прашање. Промена на Устав. Сфаќаме и тоа е многу човечки и разбирливо што вашата земја сака да има гаранции по се она што го помина. Гаранции не може да има, но она што го очекувам од сите земји членки кога има билатерални прашања, е разговорите да се водат со добра волја и со визија да се дојде до компромис, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР)

РЕГИОН

Под притисок на проруската партија БСП, Бугарија неочекувано ја отфрли продажбата на руски нуклеарни реактори на Украина

Бугарија неочекувано одлучи да не ги продаде своите два неискористени руски нуклеарни реактори на Украина, пресврт во последен момент предизвикан од притисокот на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП).

„Од самиот почеток бевме категорични дека овие реактори не се на продажба. Тие се клучна предност за Бугарија – дел од нашата енергетска безбедност и економска независност“, рече водачот на БСП, Атанас Зафиров, кој ја извршува и функцијата вицепремиер.

СВЕТ

ПРОПАГАНДАТА НА КРЕМЉ ПОВТОРНО НАПАЃА: Лажните тврдења за бунт шират дезинформации во обид да го дестабилизира моралот на фронтот и водството во Украина

Рускиот медиум контролиран од државата РИА Новости – заедно со неколку други пропагандни веб-страници поврзани со Кремљ, како што се Pravda и TopWar, и каналите на социјалните мрежи – повторно објави бесрамна дезинформација — овој пат лажно тврдејќи дека украинските падобранци од 95-та одделна воздушно-дестана јуришна бригада планираат да го соборат претседателот Володомир Зеленски и да „маршираат кон Кијив“.

Извештајот, кој беше објавен денес, наведува дека „ветерани и офицери“ од елитната бригада изразиле подготвеност да „дејствуваат против Зеленски“ и ги повикале и воениот персонал и цивилите да им се придружат на наводниот државен удар. Наводниот извор на оваа информација е анонимна личност од, она што РИА Новости нејасно го опишува како „антифашистичко подземје“.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на Антикорупциската комисија?

Антикорупциска често објавува информации за водење истраги за корупција и непотизам. Повеќето случаи остануваат само на соопштенија, а самите случаи се мали и не предизвикуваат промени. Забележливо е дека врвот на власта никогаш не е предмет на истрагите на Антикорупциска.

 

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦивилМедиа од албански медиуми во регионот: Бугарија ја демантира изјавата на косовскиот министер за одбрана дека ќе се приклучи кон одбранбениот сојуз со Хрватска и Албанија; 26 години од егзодусот на 1 милион Албанци принудени да го напуштат Косово од српските паравоени сили.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ