• Latest
Фото: Фејсбук страница Кочани

Кочани, еден месец од трагедијата, потрага по правда и одговорност

April 16, 2025
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Ура за Македонија

May 24, 2026

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026

Кога твојот живот е само ставка во табела

May 22, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

(ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

May 22, 2026

Со обете нозе во една чевла

May 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

    ССМ: Минималната синдикална кошничка за мај изнесува 68.743 денари

    Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

    Собранието заглавено поради нов заем: Власта бара итна постапка, СДСМ предупредува на раст на јавниот долг

    Илустрација ВИ

    Брисел и Вашингтон со привремен трговски договор до 2029 година

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ОПШТЕСТВО

Кочани, еден месец од трагедијата, потрага по правда и одговорност

April 16, 2025 14:20
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Фејсбук страница Кочани

Фото: Фејсбук страница Кочани

Share on FacebookShare on Twitter

Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници.

Утрото на 16 март, Македонија ја потресе најголемата цивилна трагедија во поновата историја. Во импровизираната кочанска дискотека „Пулс“, за време на настапот на популарното хип-хоп дуо ДНК, избувна катастрофален пожар.

Триесет и еден ден подоцна, јавноста сè уште чека одговори, а институциите се соочуваат со обемна истрага. Освен градоначалникот на Кочани, ниту еден актуелен министер, ниту државен функционер не поднесе оставка од морални причини.

Ноќта кога се случи трагедијата, дискотеката „Пулс“ била преполна со над 600 посетители, иако според условите и капацитетот, внатре смееле да бидат многу помалку. Пиротехничките ефекти за време на настапот на ДНК предизвикале пожар откако искри ги опфатиле запаливите материјали на таванот. Пожарот се проширил брзо, а паниката, единствениот излез и несоодветниот безбедносен систем довеле до стампедо. Десетици лица останале заробени, додека голем број други се здобиле со сериозни изгореници и повреди. Дел од жртвите починаа на самото место, а други им подлегнаа на повредите во деновите и неделите потоа.

Првичната бројка на жртви изнесуваше 59, но се зголеми на 61, откако уште две лица починаа додека се лекуваа во болница во Литванија. Меѓу загинатите се и шестмина малолетници. Жртвите се лица од Кочани, Зрновци, Чешиново – Облешево, Виница, Штип, Пробиштип, Скопје и Струмица.

Над 60 осомничени за трагедијата – сите знаеле, никој не спречил

Еден ден по трагедијата, премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека „Пулс“ наводно работела со фалсификувана лиценца „издадена за мито“, а иако била нелегална, на денот на трагедијата била истечена веќе два дена. Мицкоски на прес-конференција во владата дури ја покажа пред јавноста наводната фалсификувана лиценца.

Истражните органи веќе еден месец спроведуваат обемна истрага за утврдување на кривична и институционална одговорност. Досегашната истрага која ја води Основното јавно обвинителство Кочани со поддршка на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција опфати над 60 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“ Дејан Јованов, тројца градоначалници на Општина Кочани, поранешни министри за економија, инспектори, полициски службеници и други лица поврзани со добивањето и продолжувањето на дозволите за работа на импровизираната дискотека.

Меѓу приведените е и Љупчо Папазов, кој во моментот на несреќата ја извршуваше градоначалничката функција, а ден подоцна си поднесе оставка. Кочани неделава доби нов в.д. градоначалник – Венко Крстевски. Покрај Папазов, во домашен притвор се и неговите претходници Николчо Илијев и Ратко Димитровски.

Осомничен беше и Александар Карадаковски, управителот на компанијата „МММ Кафе“ која управувала со импровизираното кабаре, кој почина на 4 април додека се лекуваше во болница во Литванија. Иако на хартија стои како управител, во кочанската јавност е познато дека Карадаковски во „Пулс“ работел како шанкер.

Истрагата е во тек, а во неа се вклучени 13 обвинители. Досега се извршени голем број претреси, сослушани се сведоци и собрани над илјада материјални докази, според Јавното обвинителство.

Најпрво истрагата беше фокусирана на 27 лица и три компании, но во меѓувреме се прошири на уште 19 лица, меѓу кои и тројца поранешни министри за економија, но не и актуелниот министер Бесар Дурмиши. Во притвор се и сите директори на Дирекцијата за заштита и спасување од 2012 година наваму, вклучувајќи го и сегашниот директор. Осомничени се и градежни инспектори, службеници и државни секретари во Министерството за економија и инспектори во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Од синоќа, под истрага се уште десетмина полицајци од Кочани и од Штип. Се сомничат дека од 2012 до 2022 година издавале согласности и му овозможувале на „Пулс“ да стекне лиценца за вршење угостителска дејност, иако фирмата не ги исполнувала предвидените услови. МВР соопшти дека шестмина од полицајците се приведени, по еден се трага, а тројца од претходно издржуваат мерка притвор.

„Во конкретниот случај нема потполна и законита документација. Тоа е верижната реакција во однос на издавањето на лиценци, затоа што министерот, поточно сите министри не ги почитувале законите и издале лиценци кои не биле потполни и немале законска документација“, изјави синоќа државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.

Кажа и дека лиценците што ги поседувал кочанскиот ноќен клуб од 2012 до 2017 година биле издадени без целосната и потребна документација, и оти се испитува од каде е набавена и дали била соодветно користена пиротехниката за време на концертот кога настана пожарот.

Повредените сè уште закрепнуваат

Според последните официјални информации на министерот за здравство Арбен Таравари од понеделникот, во болниците во земјава и во странство остануваат да се лекуваат 57 пациенти, од кои двајца се во критична состојба. Најголем дел од хоспитализираните се наоѓаат во болници надвор од државата, а деветмина се лекуваат во земјава.

По несреќата, повредените беа распределени во повеќе држави – Србија, Бугарија, Грција, Словенија, Турција, Хрватска, Унгарија, Полска, Шпанија, Австрија, Шведска и Литванија. Пациентите биле со тешки изгореници и други компликации, а лекарите најавија дека нивното лекување ќе бара долготрајна нега и хируршки зафати. Според властите, државата ги покри трошоците за транспорт на повредените и нивните семејства.

Силни реакции во јавноста

По трагедијата, во Македонија беше прогласена седумдневна жалост. Во знак на сочувство, ден на жалост прогласија и Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Веднаш по пожарот, јавноста силно реагираше на настанот и на сериозните пропусти што доведоа до него. Веќе наредниот ден, во Кочани се одржа собир на разгневени граѓани, при што беше демолиран другиот угостителски објект во сопственост на Јованов – кафе-барот „Класик“.

Мирни собири и маршеви беа организирани низ повеќе градови во државата, а најмасовни беа собирите во Скопје, предводени од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“.

Во последните два викенда, и семејствата на загинатите одржаа посебни протестни собири на кои изразија разочараност од темпото на истрагата и побараа брза и ефикасна правда за нивните најблиски.

Граѓаните, компаниите и организациите со недели донираат за семејствата на жртвите и повредените по кочанската дискотека. Група граѓани од Кочани ја создаде и платформата „SupportKocani“, каде може да се најдат податоци за донации за погодените во трагедијата.

Притисок кон медиумите и дезинформации

Во деновите по трагедијата, и премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски организираа секојдневни прес-конференции на кои говореа за почеток на борба против „корумпираниот систем“, кој според нив, е виновен за трагедијата во Кочани. Премиерот Мицкоски пред камерите покажа документ, кој според него, е фалсификувана лиценца за работа на дискотеката „Пулс“. Притоа, кога беа поставувани прашања за тоа дали ќе понесе морална одговорност, велеше оти најпрво ќе се пресметал со „системот“, па потоа народот ќе пресуди.

Во деновите кои следеа власта испраќаше соопштенија до медиумите да внимаваат што објавуваат, да ја почитуваат приватноста на семејствата на жртвите и да не објавуваат емоционални содржини. Стануваше збор за интензивна кампања која влијаеше врз само-цензура на многу професионални медиуми. Исто така, за време на погребот на жртвите во Кочани, како и за време на граѓанските собири кои следеа, целосно беше забрането користењето на дронови за снимање на настаните.

Во јавноста се појавија и серија дезинформации кои беа пласирани на социјалните мрежи. Најпрво, дека бројот на починати е поголем од она што официјално се објавува, потоа дека бројот на починати малолетници е повеќе од 30. Исто така, се ширеа дезинформации дека пожарот бил подметнат и дека е дело на прозападната власт со цел да се уништат Македонците. Пред да биде избран Крстевски за в.д. градоначалник на Кочани, на социјалните мрежи беше објавена дезинформација дека бил сатанист. Од неодамна, се манипулира и со етничката припадност на осомничените во истрагата за пожарот.

извор: МЕТА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ