• Latest

24 ЧАСА: Гаши ќе ја преживее (ли) интерпелацијата; академиците на МАНУ со пцовки кон вработените кои штрајкуваат; во руски ракетен терор убиени најмалку 41, повредени над 180 украински цивили

September 3, 2024

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Гаши ќе ја преживее (ли) интерпелацијата; академиците на МАНУ со пцовки кон вработените кои штрајкуваат; во руски ракетен терор убиени најмалку 41, повредени над 180 украински цивили

September 3, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Повеќе против отколку за – кој е епилогот од досегашната седница за интерпелација на Гаши

На пленарна седница во тек е интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Барањето за интерпелација го поднесе Левица на 6 август во седум точки и тоа, наводно, за повреда на секуларноста на државата, повреда на дипломатските правила (случајот Вјоса Османи), повреда на употребата на македонскиот јазик во Собранието, присуството на знамињата на НАТО и ЕУ во пленарната сала, непотизам (патувањето на сопругата на Гаши со него во Вашингтон), и повреда на деловнички одредби.

Пред да започне излагањето на Левица собранискиот спикер Африм Гаши рече дека нема да реплицира и дебатира, туку ќе се повлече и нема да ја води седницата.

Епилог

СДСМ за, со минус еден пратеник, Фатмир Битиќи.

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ДУИ – едногласно против.

За ЗНАМ уште не се знае.

Левица, како подносител, секако дека е за интерпелацијата.

Со вакво презенитрање на гласовите интерпелацијата би требало да падне во вода, а собранискиот спикер да остане да го води Собранието.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вработените во МАНУ го активираа штрајкот, дел од академиците со пцости и навреди кон штрајкувачите

– Истите во периодот кога се активираше штрајкот најмија адвокатска канцеларија преку која се одвива комуникацијата со вработените и која има една единствена задача, а тоа е да ги заплаши вработените и да најде начин, како да го забрани одвивањето на штрајкот. Исто така дел од академиците, раководителите на организационите единици при МАНУ кога беше најавено активирањето на штрајкот веднаш почнаа со закани на вработени дека ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди почнаа да им се обраќаат на вработените. Што не им доликува на титулата Академик, вели Дејановски.

РЕГИОН

Протест на Србите од паралелните косовски институции во Северна Митровица

Вработените во паралелните органи на Србија во Северна Митровица денеска повторно се собраа пред зградата на општината, со барање да се вратат на работа, јави дописникот на МИА од Приштина.

По затворањето на српските паралелни институции на северот на Косово во петокот, работниците од овие институции вчера се обидоа да влезат во зградата, тврдејќи дека „дошле на своите работни места“, но беа запрени на влезот од страна на полицијата.

СВЕТ

Руски ракетен терор: Со балистички проектили нападната Полтава, убиени најмалку 41, повредени над 180 лица

Руските сили лансираа две балистички ракети против градот Полтава на 3 септември, при што загинаа најмалку 41, а беа повредени над 180 лица, објави претседателот Володимир Зеленски на Фејсбук.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши

Како што соопшти Левица на прес конференцијата на 6 август, барањето за интерпелација на Гаши се состои во седум точки и тоа, наводно, за повреда на секуларноста на државата, повреда на дипломатските правила (случајот Вјоса Османи), повреда на употребата на македонскиот јазик во Собранието, присуството на знамињата на НАТО и ЕУ во пленарната сала, непотизам (патувањето на сопругата на Гаши со него во Вашингтон), и повреда на деловнички одредби.

 

СЛОБОДНА ЗОНА

„Иако вмровските тролови на социјалните мрежи продаваат ветер и магла, и овој потег во најава на невидено го претставуваат како епохален, сепак, како некако касно да му текна на премиерот на нашата земја да најавува мерки за олеснување неопходни за стартот на учебната година откако истата веќе започна, и најголем дел од родителите веќе го купиле училишниот прибор неопходен за нормално одвивање на штотуку започнатата настава во училиштата“, пишува Драган Мишев во колумната „Додека Мицкоски се сети, отиде полугодието“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ