• Latest
Фото: Скриншот

Вработените во МАНУ го активираа штрајкот, дел од академиците со пцости и навреди кон штрајкувачите

September 3, 2024
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Вработените во МАНУ го активираа штрајкот, дел од академиците со пцости и навреди кон штрајкувачите

September 3, 2024 15:19
in ВЕСТИ, НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во техничката служба на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) повторно го активираа штрајкот.  Во техничката служба на МАНУ се 36 вработени кои од денеска штрајкуваат.

Како што пренесува МИА, претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејановски на прес-конференцијата истакна дека вработените во МАНУ штрајкот го започнаа на 9 февруари 2023 година, кој траеше еден месец, по што е потпишана Спогодба за ставање во мирување на штрајкот. Но, како што вели Дејановски, од потпишаната Спогодба меѓу вработените и работодавецот не е исполнето ништо. Затоа штрајкот повторно е активиран и ќе трае до исполнување на барањето, а тоа е зголемување на платите на вработените.

Дејанов изјави дека вработените во МАНУ ќе штрајкуваат во текот на целото работно време, ќе работи само архивата за прием на пошта, а другите вработени ќе штрајкуваат и нема да се извршуваат никакви работни задачи. Дејановски истакна дека во текот на изминатата година, акдемиците најмили адвокатска канцеларија, преку која одела комуникацијата со вработените во администрацијата на МАНУ.

– Истите во периодот кога се активираше штрајкот најмија адвокатска канцеларија  преку која се одвива комуникацијата со вработените и која има една единствена задача, а тоа е да ги заплаши вработените и да најде начин, како да го забрани одвивањето на штрајкот. Исто така дел од академиците, раководителите на организационите единици при МАНУ кога беше најавено активирањето на штрајкот веднаш почнаа со закани на вработени дека ќе бидат избркани од работа, а одредени раководители со пцости и навреди почнаа да им се обраќаат на вработените. Што не им доликува на титулата Академик, вели Дејановски.

Тој порача дека секој кој ќе им се заканува или ги навредува вработените во МАНУ ќе биде објавен јавно без ралика на тоа каква функција извршува во МАНУ.

– Да го потсетам раководството на МАНУ дека во Спогодбата која се потпиша со синдикатот преземаа обврска дека до 31 декември 2023 година ќе биде потпишан Колективен договор и ќе се направи измени и дополнување на Законот за конечно да се реши проблемот со платите. Од 31.12. 2023 година до денеска поминаа девет месеци вработените не добија ништо освен пцости, закани и навреди, рече Дејановски.

Благој Грујиќ, претседател на Синдикатот на МАНУ, рече дека бараат зголемување на платите, за  кои, како што рече, долго време не се зголемени.

Прашан колку изнесува платата на вработените во МАНУ, Грујиќ со одговор дека е минималец и дека поради  неатрактивноста на платите нема интерес за вработување во МАНУ.

– Во врска со изјавите за вработените, јас можам да кажам дека последниве 15 и повеќе години секој конкурс за секое работно место во администрацијата е пуштен во македонски и во албански весници. Тоа што ниту еден Албанец се нема пријавено, ниту еден Македонец се нема пријавено, ниту Палестинец затоа што се премногу мали платите, проблем што треба да го реши како Академијата, така и нашиот основач Собранието, рече Грујиќ.

Tags: МАНУштрајк на вработа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ