• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Ќе има ли мир во Газа по убиството на лидерот на Хамас; Москва можеби е гласна, но НАТО е силен; Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис

October 18, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Ќе има ли мир во Газа по убиството на лидерот на Хамас; Москва можеби е гласна, но НАТО е силен; Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис

October 18, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Израел го уби Синвар, лидерот на Хамас, светските лидери гледаат можност за завршување на војната во Газа

Лидерот на Хамас, ЈахјаСинвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој почна војната во Газа, беше убиен во синоќа (17.10.2024) за време на операција на израелските војници во палестинската енклава.

Западните лидери изјавија дека неговата смрт дава можност да се стави крај на конфликтот, но израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војната ќе продолжи се додека не се вратат заложниците земени од милитантите на Хамас во октомври минатата година.

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

 

Руте: Русија е најголема и директна закана за нашата безбедност – Москва можеби е гласна, но НАТО е силен

Москва можеби е гласна, но НАТО е силен. Во се понеизвесниот свет, од витално значење е да продолжиме да ги модернизираме нашите капацитети и да вежбаме заедно за да ги задржиме нашите конвенционални и нуклеарни сили силни, истакна Руте, додавајќи дека основната цел на нуклеарната способност на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.

РЕГИОН

Изетбеговиќ-Хоџиќ: Положбата на бошњачкиот народ на Западен Балкан останува главен фокус на СДА

Претседателот на Странка за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, денеска се сретна со претседателот на Странка на демократска акција на Македонија (СДА Македонија), г-дин Џелал Хоџиќ. На работната средба се разговараше за актуелната политичка состојба во Босна и Херцеговина, Северна Македонија, како и регионот на Западен Балкан, со посебен фокус на положбата на бошњачкиот народ.

СВЕТ

Барак и Мишел Обама се вклучија во кампањата на Камала Харис за избор за претседател на САД

Демократката Камала Харис по првпат ќе води кампања заедно со Барак и Мишел Обама на одвоени настани следната недела, со цел да внесе политичка енергија во последниот налет пред изборите во ноември, изјави висок претставник на нејзината кампања.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за начинот на кој партиите комуницираат меѓу себе и со јавноста?

СЛОБОДНА ЗОНА

Алекс Салмонд, гостинот на експретседателот Иванов: Шкотски ултранационалист, популист, путинист

Додека Владите на Шкотска и Обединетото Кралство работат заедно за да го вратат телото на Алекс Салмонд (69), поранешен прв министер на Шкотска помеѓу 2007 и 2014 година, кој ненадејно почина во Охрид за време на конференцијата организирана од поранешниот македонски претседател Иванов, одредени британски таблоиди се занимаваат со деталите околу начинот на кој починал, според очевидци на настанот, кои тврдат дека поранешниот шкотски прв министер колабирал додека ручал во преполна просторија отворајќи шише кечап за својата колешка, и како што ќе покаже постморталниот преглед, тој починал од срцев удар.

*

Што содржи Планот за победа на Зеленски и како го пренесоа македонските медиуми

Предлогот се состои од пет точки: покана за членство во НАТО, одбранбен аспект, одвраќање на руската агресија, економски раст и соработка и повоена безбедносна архитектура.

*

Евергрин дезинформација: Иста фотографија во различни контексти се појавува на повеќе точки во светот

За тоа дека некои дезинформации се појавуваат во различни периоди и на различни места, пример е и еден наш прилог од 2020 година. Фотографија од Алгеро, Сардинија (Италија) тогаш се сподели како да е направена во Тетово, Северна Македонија, Малта, Бугарија и други земји.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ