• Latest

Евергрин дезинформација: Иста фотографија во различни контексти се појавува на повеќе точки во светот

October 18, 2024

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Евергрин дезинформација: Иста фотографија во различни контексти се појавува на повеќе точки во светот

October 18, 2024 16:20
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За тоа дека некои дезинформации се појавуваат во различни периоди и на различни места, пример е и еден наш прилог од 2020 година.

Фотографија од Алгеро, Сардинија (Италија) тогаш се сподели како да е направена во Тетово, Северна Македонија, Малта, Бугарија и други земји.

Фотографијата е дел од напис во локален интернет медиум во Алгеро, Сардинија, Италија.

Фејсбук страницата Бојкотирам во 2020 година ја објави фотографијата со коментар: „Новата иновација, каде ако не во Тетово? Во оваа слика е прикажана состојбата на северџистан, една слика илјада зборови… П.С. Бандерата му ја пуштиле низ тераса за да има од каде да се поврзе за бесплатна струја“.

Фејсбук страницата Бојкотирам во 2020 година објави дезинформација со фотографија дека е направена во Тетово

Зградата не се наоѓа во Тетово, ниту било каде во Северна Македонија, туку според објавите на Твитер во 2019 година наводно се наоѓа во Малта! Всушност се работи за дезинформација.

 На Твитер во 2019 година е објавено дека зградата се наоѓа во Малта

И на сајтот imoti.com.mk во 2020 година е објавена оваа фотографија со коментар „Кај нас во Тетово“, и истата фотографија е над 100 пати споделувана на Фејсбук.

Imoti.com.mk во 2020 година објави дезинформација дека фотографијата е направена во Тетово

Еден од споделувачите на фотографијата дека е направена во Тетово во 2020 година е и професорот Владимир Милчин, театарски режисер и поранешен директор на Сорос фондацијата во Северна Македонија.

Владимир Милчин, театарски режисер и поранешен директор на Сорос фондацијата во Северна Македонија, во 2020 година споделува дезинформација дека фотографијата е направена во Ттетово, Северна Македонија

Исто и Димитар Бечев во 2020 на Твитер објави дека фотографијата е од Тетово, Северна Македонија.

Димитар Бечев во 2020 на Твитер објави дека фотографијата е од Тетово, Северна Македонија

Истата фотографија е објавена и дека е направена некаде во Русија, Бугарија и други држави.

Фотографијата е објавена и на руски сајт
На Фејсбук во 2019 година е споделена фотографијата дека е направена во Бугарија
Фотографијата е објавена на некој сајт и шпански јазик прашува: Што се случува со овој балкон

Спорната фотографија од тераса со бандера од улично осветлување всушност се наоѓа во Алгеро, Сардинија, Италија 

Порталот Алгероеко во октомври 2021 година објави вест дека се расчистува тротоарот пред зградата во Алгеро.

Се расчистува третоарот, но не се отстранува „светлосниот“ столб што излегува од терасата на зградата, објави Алгероеко на 22 октомври 2021

И порталот Електроњуз во август 2023 објави вест од спорната зграда.

Порталот Електроњуз на 31 август 2023 објави фотографија од поширок агол

На Фејсбук страницата Л’Еко ди Барбагиа во март 2023 година е објавена фотографија од Стефано Сана со коментар: Алгеро, модерна архитектура.

Алгеро, модерна архитектура, 27 март 2023

ЦИВИЛ како организација за човекови права и слободи со повеќе од една деценија се бори против лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата.

Д. Муратов

Tags: АлгероДезинформацијаМалтаТетовоулично светлофотографија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ