ВЕСТ НА ДЕНОТ
Самит на шефови на држави и влади и министерски состанок на ПСЈИЕ во Скопје
Во Скопје денеска се одржува Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Состанок на министрите за надворешни работи на Процесот, како завршна активност во рамки на македонското претседавање со Процесот под мотото „Премостување на поделбите, градење доверба“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Маринакис: Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога не го почитува ерга омнес името
„Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога ги нема изодено првите метри, што се однесуваат на првото и основното, ерга омнес за името“, изјави портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на новинарски брифинг , одговарајќи на прашање за изјавата на мандатарот за состав на Влада Христијан Мицкоски, дека Договорот од Преспа треба да се почитува и имплементира и од Грција.
РЕГИОН
Косово воведе санкции кон Иран и ги зголеми санкциите кон Русија
Владата на Косово денеска го одобри пакетот санкции против Исламската Република Иран и новиот пакет санкции против Руската Федерација.
СВЕТ
Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил
Европскиот суд на правдата и нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра и уште еден милион евра дневно доцнење поради непочитување на правилата за азил на Европската унија.
Во декември 2020 година, судот пресуди дека Унгарија не ја почитувала политиката на Унијата за доделување меѓународна заштита и враќање на илегалните мигранти.
СЛОБОДНА ЗОНА
Зошто ја користам слободарската топонимија и го почитувам суверенитетот и идентитетот на Украина, наспроти рашистичката агресија?, пишува Џабир Дерала во колумната „Кијив, не Киев!“.
Подготви: Д. Тахири