• Latest
ВАРШАВА-КИЈИВ, 18 часа, декември 2023 (фото: Ј. Андоновски)

Кијив, не Киев!

June 13, 2024
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Кијив, не Киев!

Или: Зошто ја користам слободарската топонимија и го почитувам суверенитетот и идентитетот на Украина, наспроти рашистичката агресија?

June 13, 2024 09:04
in ES-PRESS-O, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
ВАРШАВА-КИЈИВ, 18 часа, декември 2023 (фото: Ј. Андоновски)

ВАРШАВА-КИЈИВ, 18 часа, декември 2023 (фото: Ј. Андоновски)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА 

Од првиот ден на целосната руска инвазија против Украина, редакциите на медиумската платформа на ЦИВИЛ, истовремено како и Фронтлајн, едногласно одлучија – Кијив, не Киев! Нашите читателки и читатели ја разбраа и ја поддржаа нашата редакциска одлука.

Очекувано, проруските тролови бурно и грубо реагираа, со вообичаениот простотилак. Еден од тие ликови отиде дотаму што поднесе приговор и до Советот за етика во медиумите, барајќи осуда за „континуираното менување на топонимите во Украина.“ Советот ја одбива жалбата со симптоматично образложение дека „Комисијата за жалби не е надлежна за детектирање и утврдување на правописни грешки во медиумските содржини.“

Не е познато колку и какви писма примила руската амбасада во Скопје и други домашни и руски антени, политички, шпионски и субверзивни инсталации за „одбрана“ на руската „правда“ во земјава. Но дека нашироко се коментирало за нашиот став кон руската агресија во тие кругови, знаеме.

Не ги броевме, а престанавме и да обрнуваме внимание на илјадниците коментари и емотикони (хахаганда) на објавите во кои се користат топонимите на Украина. Тие илјадници коментари и хахаганда доаѓаат, сепак, од неколку десетици организирани групи, како и троловите кои од Фејсбук заработија и беџ „топ фан“ на ЦИВИЛ, но меѓу нив има и луѓе од медиумскиот, академскиот и невладиниот сектор. Да се чуди човек колку оние што имаат јавна одговорност да се грижат за коректно информирање и негување граѓанска и политичка култура, не посветиле ниту неколку минути да се информираат и размислат пред да станат дистрибутери на рускиот пропаганден отров.

Горд сум што сум прв или меѓу првите што ги употребува топонимите на Украина, земјата што ги брани своите права на слобода, независност, интегритет и идентитет. За мене тоа беше нормална и логична одлука, да ги употребам називите Кијив, Харкив, Лвив и сите други на украински јазик, наместо топонимите што ги наметнува државата терорист која води војна на агресија, спроведува ужасни воени злосторства и чиј владетел е баран од Меѓународниот кривичен суд. (Не знам дали е потребно, но еве, да потсетам уште еднаш: се работи за држава терорист која го загрозува целиот свет и води хибридна војна против демократијата и слободата. Москва со години отворено ѝ се заканува и на Северна Македонија и на целиот регион.)

За мене тоа беше човечка, граѓанска и професионална одлука. Очекував дека и другите медиуми ќе го следат тој пример, но со горчливо изненадување увидов дека уредниците кои донесоа одлука како мојата и на моите колешки и колеги се бројат на прсти, веројатно само на едната рака.

Цврсто верувам дека кампањата #KyivNotKiev или #CorrectUA на украинската влада и нејзините институции да се користат украинските наместо руските топоними треба да биде само дополнителен аргумент за секој нормален човек на оваа планета да донесе логична одлука да ги користи украинските топоними на украински, не на руски. Министерството за надворешни работи на Украина има и список на украинските топоними, сосема е лесно, може да се кликне и да се провери. Повелете, драги читателки и читатели, ова е ЛИНК до украинските топоними.

Политиката на Москва е хегемонистичка, агресорска и по сите дефиниции – фашистичка. Постои и поконкретен назив – рашистичка. Јас одбирам да ѝ се спротивставам во името на слободата и во солидарност со Украина и нејзината борба за слобода. Тоа е борба и за нашата слобода, слобода на Европа и на светот. Најмал гест на поддршка на таа борба е да се користат украинските топоними.

Овој повик е толку очигледно разумен и се заснова на основна човечка пристојност и почит кон достоинството на една нација, што во поинакви културни и политички околности, овој текст и не мораше да биде напишан.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

Претходното еспресо сѐ уште е жешко: 

Избори: Кој кого казни и зошто не?

Tags: #KyivNotKievрашизамтопономијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ