• Latest

24 ЧАСА: Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош; Агелер порача граѓаните да излезат да гласаат на 8 мај; ЕУ со нови санкции за Русија

February 21, 2024

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош; Агелер порача граѓаните да излезат да гласаат на 8 мај; ЕУ со нови санкции за Русија

February 21, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Нема официјален допис од ЕУ за патување со стариот пасош, секоја држава самостојно одлучува како ќе се однесува

До Министерството за надворешни работи нема официјален допис од Европската Унија дека ќе дозволуваат влез со пасоши кои го содржат старото државно име. Земјите членки сами одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидност на пасошите, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи денеска на прес-конференција соопшти дека досега само две земји имаат донесено официјален став, додека другите држави се поставуваат практично.

-Швајцарија достави официјална нота дека ќе дозволува влез со старото име, додека Босна и Херцеговина нема да ги признава личните карти и пасоши кои го содржат името „Република Македонија“, изјави Османи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Агелер: Од клучна важност е на 8 мај луѓето да излезат и да гласаат, да побараат од кандидатите визија за иднината на државата

„Од клучна важност е во демократија, ние како граѓани да го сфатиме тоа многу сериозно и да бараме од нашите кандидати која е нивната визија за нашата иднина, да видиме кои се нашите цели за нашите семејства, за нашата заедница, за оваа земја. И потоа од клучна важност е на 8 мај да излезат и да гласаат, затоа што важно е тие да ги изберат кандидатите кои тие сметаат дека ќе ги однесат кон најсветлата иднина за оваа земја“, изјави меѓу другото американската амбасадорка Ангела Агелер.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинското воено воздухопловство ноќеска собори 13 од 19-те беспилотни летала лансирани од Русија

*

Европска Унија денеска 13 пат воведе санкции кон Русија во пресрет на втората годишнина од инвазијата на Москва врз Украина, соопшти Белгија, која претседава со ЕУ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Меѓународен ден на мајчиниот јазик: Македонскиот јазик е цврст столб на нашето општество на кој можеме и на кој треба сите да се потпираме…

ИЗБОРИ  СДСМ ќе има кандидатски листи во сите изборни единици, рече денеска претседателот на партијата и поранешен премиер, Димитар Ковачевски.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Не е вистина дека кодот MKD премолчено е заменет со NMK, се наведува во рецензијата на Вистиномер.

СВЕТ

–   Израелскиот Кнесет одлучи да не ја признава палестинската држава.

–   Столтенберг: НАТО очекува Грузија да тргне по патот на приклучување кон евроатлантското семејство.

–  Адвокатите на основачот на Викиликс  започнуваат процес што би можел да биде негов последен обид да избегне екстрадиција во САД каде што се соочува со судење и долги затворски казни за оддавање воени тајни.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот

➡️ДВ: Молотови коктели и петарди кон албанската влада на синоќешните протести на опозицијата

➡️Сури: Ден по протестот на опозицијата, заседава  Демократската пратеничка група

➡️Клан Косова – Британски извештај: Русија ги обновува капацитетите за дестабилизација на Европа, се споменува и Косово

➡️Бота Сот: Гувернерот на Централната банка на Косово Ахмет Исмаили денеска на средба го прими амбасадорот на Австрија Георг Шнецер

➡️КОЛУМНА Коха: Добредојдовте во 1970 година

МОНИТОРИНГ НА ЦИВИЛ

Спин, манипулација и партиска пропаганда дека „100 илјади Косовци поднеле барање за пасош“

Текст со наслов: „Речиси 100 илјади Косовци поднеле барање за пасош од почетокот на годинава“ објавен во Македонската информативна агенција (МИА), а потоа пренесен во повеќе македонски медиуми, предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи голем дел од граѓаните го лапнаа „кромидот“ мислејќи дека се работи за барање за македонски, а не за косовски пасоши.

Оваа вест (имајќи предвид дека поголемиот дел од граѓаните читаат само наслови) ја искористија партиските ботови да шират пропаганда и етничка нетрпеливост.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Народната вели „нешто се памти, а нешто не се заборава” и еве, во оваа една реченица, едно такво само потсетување со желба да се заборави но да не се повтори: време – есен 2008-ма, локација – западна периферија на главниот град, простор – национална ТВ што туку продадена на фирма од соседна држава со овдешни капитални бизнис врски, дејство – 15-тина со повеќе или со помалку стаж новинарки и новинари како на школска екскурзија се истовараат од две комбиња пред влезот на телевизијата…“, По допрен глас од Зоран Иванов –„Па сега, медиуми партиски навивачи и здруженија новинарски амнезични, прочешлајте малку кој тоа и каде тоа ендемски е лоциран центарот за партиски притисок врз новинарството“.

„Објавувањето на Сора, „со текст до видео“ генераторот на ОПЕН АИ ја возбуди ВИ заедницата како никогаш досега, дури повеќе од појавата на Чет ГПТ 3. Сите егзалтирани што Сора произведува конзистентно реално видео од околу една минута, да речеме од промпт „Направи ми видео од два лабрадори како влечат жена“ малкумина сфатија дека тоа е речиси ГВИ, ако не и ГВИ односно еднакво на човечката интелигенција. Сора има модел за светот, анализира, размислува, предвидува што ќе се случи, планира, реализира. Токму затоа во ова продолжение разговараме за најопасните сценарија што може да се случат. Прашањето за ВОЈНА или МИР со ВИ. “,  Дијалози меѓу Џабир Дерала и Валентин Нешовски – „На чекор до „страшната“ Генерална Вештачка Интелигенција – Војна или Мир“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ