Текст со наслов: „Речиси 100 илјади Косовци поднеле барање за пасош од почетокот на годинава“ објавен во Македонската информативна агенција (МИА), а потоа пренесен во повеќе македонски медиуми, предизвика бурни реакции во јавноста, бидејќи голем дел од граѓаните го лапнаа „кромидот“ мислејќи дека се работи за барање за македонски, а не за косовски пасоши.
Оваа вест (имајќи предвид дека поголемиот дел од граѓаните читаат само наслови) ја искористија партиските ботови да шират пропаганда и етничка нетрпеливост.
Мирјана Манојлова на социјалните мрежи објави вест од Република и пишува: „За нив има пасоши, за Македонците нема. Ееее до кое дно дојдовме“.
Слободан Стевановски и коментира: „Нека добијат цело Косово, кога може 100.000 може и милион или 2 милиона“…
Имаше и такви како Силвија Николова која пишува: Ама не поднеле во Македонија, туку во Косово. Не читајте само наслови, читајте го целиот текст.
Зоран Зорановски надоврзувајќи се на „веста“ за Косоварите дека поднеле барање за пасоши, коментира: „И сега оние згради што се градат за кого тоа се спремаат… што мислите“?
На социјалната платформа Х, профилот „Косацрта“ пишува: „Сигурни ли се од ВМРО дека ќе тепаат? После се ш******т со шпакла не го вадиш од власт… шо знам, ја не би се ударао у грудима нашим.. Да не биде после не сам знајала!
Дон Жуан Демарко на Х мрежата објави: „Ужас од држава ќе настане. Системски ни ја зедоа државата. И уште мислите за едно општество и соживот?!“.
Додека пак Едмонд му коментира: „Полека брат, сиот кромид го изеде“.
Меѓутоа, имаше и такви објави кои ширеа пропаганда дека главна тема на опозицијата е заплашување на граѓаните со Косовари.
„Знаеш дека идат избори кога „Косовари“ стануваат главна тема кај небањатите. Како не им се досади се исто да верглаат бе? Па толку глупи си ги сметаат гласачите? Уствари… да, баш такви си ги сметаат“, пишува Сплинтер на Х.
Профилот „Црногорец“ пишува: После милион мигранти доселени, после 500 000 авганистанци, еве и 100 000 косовари ќе доаѓале. Абе како ги палат вмрониве од Белата Палата, како млади мајмуни. Им го знаат добро капацитетот и инелигенцијата.
Профилот „Свесте тесе“ пишува: „Знаеш дека си имаш работа со IQ82 вмрана кога ем коалицираат со најнационалистичките албански партии што веат знамиња на голема Албанија, ем фураат спин (као демек пропаганда против сдсм) дека 100к Косовари поднеле барање за нов пасош во МК. Нема поглупо нешто од вмрана“.
Всушност веста е дека речиси 100.000 граѓани на Косово поднеле барање да добијат косовски пасош, од кои над 55.000 по првпат, од почетокот на јануари годинава, кога беа укинати Шенген-визите за косовските државјани.