• Latest

24 ЧАСА: Обезбедени пари за плати во здравство и образование; за политичките партии приоритет треба да бидат ЕУ реформите; Пендаровски го потпиша указот за измена на Кривичниот законик

September 7, 2023
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Обезбедени пари за плати во здравство и образование; за политичките партии приоритет треба да бидат ЕУ реформите; Пендаровски го потпиша указот за измена на Кривичниот законик

September 7, 2023 17:04
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата обезбеди  пари за плати, земјоделски субвенции, здравство и образование

Зголемување на ставката плати во јавниот сектор за 4,25 милијарди денари, дополнителни 3,5 милијарди денари за раст на пензиите, дополнителни 800 милиони денари за земјоделски субвенциии, дополнителни средства за здравството и образованието. Ова се само дел од проекциите предвидени со Одлуката за прераспределба на годинашниот Буџет што ја донесе Владата на денешната седница.

Како што соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими, Одлуката денеска ќе биде доставена од страна на службите до Собранието.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Гир: Политичките партии мора да се согласат дека ЕУ реформите се врвен приоритет, ова е национален проект

Ќе има две работи кои ќе бидат клучни за тоа кога земјата ќе се приклучи на ЕУ. Ќе повторам како прво, политичките партии мора да се согласат дека ЕУ реформите се врвен приоритет и дека ќе ги стават пред сите други приоритети, дека ова треба да биде национален проект. Не мора да се прави коалиција, здраво е да се има влада и опозиција, но мора да се согласат дека ова е главен фокус. Така Хрватска напредуваше во тешките години на спроведување на агендата. И втората работа е повторно поврзана со она што го нареков „национален проект“, а тоа е таа амбиција и одлучност да се оди напред со реформите преку вмрежување на сите институции: Владата, Парламентот, судството, полицијата…се што имате. Ако така се постават работите датумот е достижен, но мора да се имплементираат реформите, кои граѓаните сами ги бараат, рече евроамбасадорот Дејвид  Гир во интервју на ТВ Сител.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Столтенберг: Путин направи стратешка грешка со потценување на нашата решеност да и помогне на Украина

Соработката меѓу ЕУ и НАТО отсекогаш била важна, но таа стана уште поважна со руската воена агресија врз Украина, каде ја гледаме најсуровата војна во Европа по Втората светска војна, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во воведното обраќање на заедничкиот состанок на Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) и на Поткомитетот за безбедност и одбрана (СЕДА) на Европскиот парламент.

*

Украина започна да извезува жито преку хрватските поморски пристаништа, со цел да ги прошири своите извозни рути бидејќи нејзините пристаништа на Црното Море се блокирани, изјави денеска првата вицепремиерка Јулија Свириденко.

ФЛЕШ ВЕСТИ

УКАЗ Претседателот Стево Пендаровски, денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

ПРАВДА Основниот Кривичен суд Скопје денеска ги прогласи за виновни за примање и давање поткуп тројцата професори од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во врска со предметот „Еразмус“.

ПОЧЕСНА СТРЕЛБА По повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, во касарната ,,Илинден“ во Скопје со почеток во 18.00 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија, од состав на артилерискиот баталјон на Армијата.

ЧЕСТИТКИ Претседателот на ИНТЕРПОЛ, Ахмед Насер Ел-Рајси, упати честитка до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и граѓаните на државава по повод 32 годишнината од независноста, како и лична поддршка до Спасовски во идните подвизи.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот – Косово инсистира на еднаквост на двете страни во дијалогот; 33 години од Качаничкиот устав; по договорот со Албанија, вратени се 3500 илегални имигранти од Велика Британија.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Имено, сите злосторства за кои јавноста беше скандализирана изминативе години, практично последните 10 години, ќе се претворат во ништо, во аш, ќе се претворат во „пуј пике не важи“, ќе се претворат во „појео вук магарца“. На мисла сум дека на таквата одлука на судот, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ нема ни да писнат“, пишува авторот Ненад Јовановиќ во колумната „За мене поважна е слободата и иднината отколку „компромисот“ со синот на мама Нада“.

Д. Тахири

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ