• Latest

24 ЧАСА: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го спасија директорот на АНБ, Христовски; околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени во 21 општина; ова е машки свет

November 12, 2024

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го спасија директорот на АНБ, Христовски; околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени во 21 општина; ова е машки свет

November 12, 2024 17:00
in ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја спречија расправата за сертификатот на директорот на АНБ, Христовски

Собраниската седница на Комисијата за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на која првично беше како единствена точка на дневен ред ставена Информацијата за незаконското именување на директор на АНБ поднесена од пратеници од опозициската СДСМ, по на моменти жестоката процедурална дебата меѓу власта и опозицијата беше прекината без да биде утврден дневниот ред.

Пратениците од парламентарното мнозинство во процедурална забелешка укажаа дека седницата била закажана без да биде запазаен Деловникот, односно по барање на една пратеничка група без поддршка на точката од една третина од пратениците, и без да бидат информирани сите пратеници на Собранието. Воедно, побараа да се дополни дневниот ред со две точки како прва и втора точка за посета на АР и на АНБ на 3 декември, односно на 16 декември по изнесените сомневања од страна на премиерот дека бил пруслушуван.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Наумоски: Данела е лажга и клеветничка – така пресуди судот денес

„Знам дека медиумите кои тогаш ја проследија оваа лага и кои не го објавија мојот тогашен демант, нема ни денес да се потресат за да ја објават одлуката на судот. Написите и ден денес стојат во нивните архиви. Не е тоа никаква правда после три години да добиеш судска пресуда, спротивна од осудата во јавноста. На луѓе како Данела тоа не им е важно, затоа што се луѓе без образ, кои не ги болат лагите (или вистините) кажани во јавност за нив. Мене ме болеше, а и моите блиски, па затоа морав да инсистирам на судска разрешница, а сега ќе инсистирам и на отштета и што поголемо и посуштинско јавно извинување од најдобрата менаџерка која некогаш чекорела по оваа скопска котлина“, истакна во објавата Наумоски.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина

Околу 350 деца Роми, на возраст од три до шест години, ќе престојуваат бесплатно во јавните градинки во 21 општина во државава. Во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во јавните општински установи – детски градинки“, денеска беа потпишани договори за соработка меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади, општините и градинките на нивна територија каде што ќе бидат згрижени децата од таа етничка заедница.

РЕГИОН

Протест на опозицијата пред Владата на Србија: Се бараат оставки од премиерот Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад

Во Белград пред Владата и претседателството на Србија се одржа протест поради уривање на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 14 лица, а тројца беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград.

СВЕТ

Украинските медиуми објавија дека во руските напади досега се убиени 589 деца, а најмалку 1.681 дете се ранети.

КОЛЕГИУМ

(ВИДЕО КОЛЕГИУМ #4) НАЈЖЕШКИТЕ ТЕМИ ВО СВЕТОТ И ДОМА: Глобални пресврти и македонски контроверзии

СЛОБОДНА ЗОНА

„Есенва започна, а истите теми нѐ преокупираат повторно како и секоја есен досега. Колку ќе нѐ чини зимницата, колку училишните прибори и како ќе ја поминеме зимата со огрев? Сигнал дека се подигнал стандардот на граѓаните ќе биде кога барем една од овие теми нема да е актуелна“, пишува Војо Маневски во колумната „Ако сакаме да прогледаме, мора да се разбудиме“!

*

„Можеби звучи банално, но вториот обид најмоќната држава на светот да добие претседателка неминовно нè тера да ја потпевнуваме, со доза на горчина, онаа песна на Џејмс Браун од 1966 година – „Ова е машки, машки свет“. Овој интерес за евергринот не е само одраз на чувството за долга и тивка сегрегација на општеството што се гордее со својата демократска традиција, туку е и одраз на длабоката аномија на една голема заедница што ја претставува старо-новиот претседател Трамп“, пишува Љубомир Костовски во анализата „АМЕРИКАНСКИ ИЗБОРИ: Ова е машки свет“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ