ВЕСТ НА ДЕНОТ | Законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се носи по скратена постапка
При утврдување на дневниот ред на втората седница на Собранието, поддршка законот да се носи по скратена постапка дадоа 74 пратеници, а против беа 24. Повлекување на предложените измени побараа пратениците од Левица и од СДСМ со образложение дека вакви системски закони не смеат да се носат по скратена постапка.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ | Џозеф: Проширувањето на НАТО беше поради горчливото искуство со руската доминација на источноевропските земји
„НАТО беше проширен затоа што источноевропските земји имаа горчливо искуство со руската доминација – и сакаа да бидат сигурни дека никогаш повеќе нема да мора да се плашат за својот суверенитет“, изјави експертот за управување со конфликти Едвард Џозеф во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
РЕГИОН
(ИЗБОР) Албански медиуми: Притвор за двајцата осомничени за шпионажа во Косово; Во Тирана откриена измамничка шема со стипендии за студии во САД
СВЕТ | НАТО ќе ја прошири размената на одбранбена технологија и разузнавачки информации со Украина
НАТО планира да ја прошири соработката со Украина за одбранбената технологија и да сподели повеќе разузнавачки информации за способностите на Русија за електронско војување, бидејќи некои нејзини членки ги укинуваат ограничувањата на способноста на Кијив да води војна“, соопшти помошникот генерален секретар на НАТО, Дејвид ван Вел.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Скандалозно! Претседателот на Собранието, Африм Гаши рекол дека негова татковина е Косово! Па како може така!? Од каде зема плата, каде дошол на власт, пред кого одговара, каде лежи неговата лојалност, преседан, нека си оди во Косово… се слушаат пискотници од сите ќошиња на медиумската џунгла,“ напиша Џабир Дерала во денешната колумна „Гаши да се извини!“
„Ќе ја почекаме новата влада да се формира, да предложи владина програма, да почне со реализација, па да видиме како ќе ни биде. Дотогаш интелектуалците ќе дебатираат, способните работници ќе си заминуваат, а пензионерите ќе висат пред аптеките и зелените пазарчиња како птици на гранките, а наутро ќе си пиеме напиток наречен три во едно“ напиша Војо Маневски во колумната „Три во едно“.
Подготви: Д. Тахири