• Latest
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

(ЕКСКЛУЗИВНО) Едвард Џозеф за ЦИВИЛ МЕДИА: Проширувањето на НАТО беше поради горчливото искуство со руската доминација на источноевропските земји, никогаш повеќе да не се плашат за својот суверенитет

June 7, 2024
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

(ЕКСКЛУЗИВНО) Едвард Џозеф за ЦИВИЛ МЕДИА: Проширувањето на НАТО беше поради горчливото искуство со руската доминација на источноевропските земји, никогаш повеќе да не се плашат за својот суверенитет

June 7, 2024 13:48
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, КОНТЕКСТ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Додека за Такер Карлсон и неговите проруски ставови ЦИВИЛ Медиа веќе пишуваше, за него, и неговото интервју со Џефри Сакс, чии изјави, колумни и статии на разни анти НАТО, антизападни и теми поврзани со руската агресија врз Украина се пренесуваат некритички на страниците на дел од македонските портали како дел од руско – српската пропаганда, експертот за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, како и предавач и аналитичар за надворешна политика од Институтот Џонс Хопкинс SAIS (Школа за напредни меѓународни студии), Едвард Џозеф, ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа ќе каже:

Прво, и најважно е дека ова интервју (Такер – Сакс н.з.) не е битно. Малку луѓе зборуваат за тоа во САД. Откако ја загуби својата позиција во Фокс Њуз, и отиде сам на Твитер, Такер Карлсон исто така изгуби голем дел од своето влијание. Во Фокс, тој беше дел од целиот систем на про-Трамп мислење; сега, Карлсон е сам, па неговите емисии немаат засилување на цела мрежа, вели Џозеф и додава: Дури и Владимир Путин не беше импресиониран од Карлсон. Рускиот претседател го посрамоти Карслон во нивното интервју, а подоцна изрази разочарување од прашањата што ги постави Карлсон, вели Џозеф.

Во продолжение тој се спротивставува на гледиштата на Сакс за НАТО изнесени во интервјуто со Такер Карлсон, па вели:

„Покрај сето тоа, малкумина Американци знаат кој е Џефри Сакс. Значи, не знам зошто некој во Северна Македонија обрнува внимание на ова интервју, прашува Џозеф.

Второ, како што вели Џозеф, аргументите што Сакс и Карлсон ги изнесуваат не се нови или интересни. Сакс веднаш ја изјавува истата стара теза за проширувањето на НАТО што ја направија и други, како Џон Миршајмер од Универзитетот во Чикаго. Сакс тврди дека американската влада го следела советот на Збигњев Бжежински и го проширила НАТО како средство за контрола на Евроазија.

Според Џозеф, тоа би било вест за претседателот Бил Клинтон, бидејќи Бжезинкси не беше во администрацијата на Клинтон или во администрацијата на Буш или во администрацијата на Реган. Тој беше советник за национална безбедност уште кога претседателот Картер беше на функцијата во 1970-тите. Можете да бидете сигурни дека советниците на Клинтон, Ентони Лејк, Ворен Кристофер и Медлин Олбрајт беа доволно сигурни да донесат свои одлуки без да бараат совет од Збигњев.

Дали треба да кажеме и дека Медлин Олбрајт го слушала Бжежински во 1999 година кога НАТО интервенираше на Косово? Навистина?

Трето, според Едвард Џозеф, целиот „аргумент за заговор“ за проширувањето на НАТО е погрешен, што може лесно да се докаже, како што истакнува предходно во неговата статија за Национален интерес од 2014 година: Проширување на НАТО: Изворот на гневот на Русија? „Проширувањето на НАТО не беше ниту антируски заговор ниту средство за западот да ја поткопа Москва.

Тој дообјаснува дека администрацијата на Клинтон првично не сакаше да го прошири НАТО. Наместо заговор за опкружување на Русија, Клинтон конечно се согласи да го прошири НАТО затоа што првите три нови членки – Чешка, Унгарија и Полска – плус другите земји во Источна Европа беа категорични за приклучување.

Би сакал вашите читатели да застанат и да постават неколку прашања: дали на Полска и требаше охрабрување за да влезе во НАТО? Или на претседателот Клинтон му требаше охрабрување за да дозволи Полска (и нејзините соседи) да се приклучат на Алијансата? Зошто претседателот Клинтон наеднаш би сакал да ја „заокружи“ Русија и да ја „преземе“ Евроазија, кога Русија беше толку слаба?, прашува Џозеф и додава: Ако е точно, како што вели Карлсон (лажно), дека Русија нема територијални амбиции, тогаш зошто земјите како Полска, Чешка и Унгарија – заедно со речиси цела Источна Европа – би имале таков страв од Русија?

Џозеф во продолжение порачува секој во Северна Македонија кој ја турка оваа теорија на заговор за проширување на НАТО или го турка интервјуто Сакс-Карлсон треба да се соочи со тие прашања.

Заклучокот на Едвард Џозеф е следниот: „НАТО беше проширен затоа што источноевропските земји имаа горчливо искуство со руската доминација – и сакаа да бидат сигурни дека никогаш повеќе нема да мора да се плашат за својот суверенитет.“

Драган Мишев

Tags: Едвард ЏозефинтервјуНАТОЏефри Сакс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ