Седум пратеници ќе ја напуштат пратеничката група на бугарската партија „Има таков народ“, дознава „24 часа“. Тие ќе ја напуштат групата, иако се уште немаат цврст договор со „Продолжуваме со промената“, а се уште чекаат понуди за партнерство.
Веќе оваа недела, може да се очекува приклучување на нови независни пратеници за клучното гласање.
Седуммината се организирани од министерот на ИТН за спорт во оставка , Радостин Василев, кој се спротивстави на заминувањето на партијата од владата.
На групата нови независни пратеници, на пошетокот и се приклучија 8 души, досегашната организациона сектретарка на ИТН,Викторија Василева, Николај, Рамунов, Иво Атанасов, Светлин Стојанов, Ивајло Христов, Дејат Петков, Георги Георгиев и Христинка Иванова. Викторија Василева во меѓу време се откажа, и остана во бгрупата на Трифонов.
Според „24 Часа“, вечерва, околу 19 часот треба да се знае конечната бројка на одметнатите пратеници. Лидерот на ИТН, Слави Трифонов, исто така за вечерва ги повика пратениците на консултации.
За денеска, уште двајца министри во бугарската Влада најавија дека ќе поднесат оставки. Шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и министерот за енергетика Александар Николов поднесоа барања за напуштање на кабинетот.
Д.Мишев












