• Latest

24 ЧАСА: Тендерот за полициските униформи за опозицијата е корупциски скандал, за Тошкоски сè е по закон; „Путин тотално полуде“; ЦИВИЛ со иницијатива „Дај петка за подобра иднина!“

May 26, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Тендерот за полициските униформи за опозицијата е корупциски скандал, за Тошкоски сè е по закон; „Путин тотално полуде“; ЦИВИЛ со иницијатива „Дај петка за подобра иднина!“

May 26, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ 

СДСМ обвинува дека фирма добива 4 милиони евра тендер по само 20 дена основање, за Тошковски се е според закон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е фатен жив во огромна корупциска шема. Откако вчера јавно призна дека МВР доделило тендер вреден 4 милиони евра и на фирма основана само 20 дена пред распишување на тендерот се скри и не одговори на клучните прашања кои ги поставивме, велат од СДСМ.

Од опозициската партија велат наместо да се крие и да се претставува како борец за правда, да излезе и да одговори веднаш.

„Како е можно фирма што дотогаш не постоела, да ги исполни сите услови и да достави мостри за квалитет? Кој ѝ ги кажал условите однапред? Кој ја подготвил да учествува и да победи? Каде се тие мостри што ги доставила, кога фирмата не ни постоела?

Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата. Како тоа се дефинира квалитет кај фирма без искуство, капацитет и историја на работење? Или квалитетот се квалитетни врски и провизии за Тошковски и ДПМНЕ?“, прашуваат од СДСМ.

СДСМ бара, итна постапка од Јавното обвинителство, распит на сите вклучени во тендерот, испитување на можни кривични дела: злоупотреба на службена положба, местење тендер и перење пари и поништување на целиот тендер.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, го повтори ставот дека тендерската постапка за набавка на униформи за полицијата, е согласно законот. Тој демантираше дека сопственичката на модното студио, за кое опозициската СДСМ обвини дека е основано непосредно пред распишување на тендерот и е со двајца вработени, е пријателка на неговата сопруга.

„Ниту знам кој е сопственик на модното студио кое и да е, ниту пак било кој и да е сопственик е близок на мојата сопруга. Од ова прашање, ќе сфати јавноста дека ова е хајка“, вели Тошковски за време на посетата на полициската станица во Жеровјане во Брвеница.

Тој ги повика институциите да го испитаат тендерот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Трамп: Не знам што по ѓаволите му се случи на Путин, апсолутно полудел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази силно неодобрување за бомбардирањето на Украина од страна на Русија за време на викендот, велејќи им на новинарите дека „не е задоволен од Путин“, пренесува Кијив Индипендент.

„Тој убива многу луѓе“, им рече Трамп на новинарите на аеродромот во Њу Џерси пред да се врати во Вашингтон на 25 мај. „Не знам што по ѓаволите му се случи на Путин, го познавам долго време…“

РЕГИОН

Повторно блокада на судот во Нови Сад

Стотици граѓани, студенти, ветерани од утрово се присутни пред зградата на судските власти во Нови Сад и им дозволија на вработени да влезат во зградата на судот со најава дека блокадата ќе ја продолжат по 11 часот.

СВЕТ

Русија лансираше рекордни 355 дронови и девет крстосувачки ракети врз Украина – 6 убиени, 24 повредени во последните 24 часа

Русија го започна својот трет голем ракетен напад и напад со дронови врз Украина за три последователни ноќи, при што загинаа најмалку шест лица и беа повредени 24 во повеќе области во текот на изминатите 24 часа, објавија регионалните власти на 26 мај, пренесува Кијив Индипендент.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК ќе апси за изборен криминал, Стармер ќе побара од Косово воспоставување мигрантски кампови; партиите со меѓусебни обвинувања за неконституирање на косовското собрание

Албанските медиуми денеска јавуваат за истрагите на СПАК за изборен криминал, кој се подготвува за апсења за корупција на изборите што се одржаа на 11 мај.

По одбивањето од Албанија, Обединетото кралство ќе побара од Косово да се воспостават кампови за мигранти, пишуваат косовските медиуми

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку ве чинат (полу)матурските забави?

АКЦИЈА

Почна Неделата на циркуларна економија 2025 во Западен Балкан: ЦИВИЛ со иницијатива под наслов „Дај петка за подобра иднина!“

Неделата на циркуларна економија 2025 официјално започнува денеска, 26 мај, и трае до 1 јуни, во сите земји на Западен Балкан. Иницијативата обединува низа активности и настани организирани од партнерите на ЛогЕкс (LogEx) низ целиот регион. Овогодинешната тема е „Од локални решенија до регионално влијание“ (From local fixes to regional impact).

Зелен ЦИВИЛ (Green CIVIL) – организациската единица на ЦИВИЛ – Центар за слобода – ја стартува Неделата на циркуларна економија со медиумски прилози со едукативни текстови и примери за бизнис модели базирани на петте основни принципи на циркуларната економија: Преиспитај, Отфрли, Намали, Повторна употреба и Рециклирај (Rethink, Refuse, Reduce, Reuse, and Recyclе).

Зелен ЦИВИЛ ќе одржи регионална онлајн конференција „Дај петка за подобра иднина!“ (Give me five for a Better Future) во четврток, 29 мај, со почеток во 12 часот, на која ќе учествуваат претставници експерти и граѓански активисти од регионот.  Конференцијата ќе се емитува во живо на YouTube и Фејсбук профилите на ЦИВИЛ.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Проблемот со тебе Христијан е што мислиш дека бесконечно можеш да лажеш, да манипулираш со луѓето и така да ја трошиш власта а при тоа уште и ништо да не сработиш. Купи ден-продај. Граѓаните можеби се лекомислени и под притисок на тешкото живеење за кое и ти си виновен, и се склони да бидат излажани, па дури и да се однесуваат полтронски за да дојдат до егзистенцијална цел, но никако не се глупави“, пишува Оливер Андонов во колумната „Што ти се чинеше…“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ