• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК ќе апси за изборен криминал, Стармер ќе побара од Косово воспоставување мигрантски кампови; партиите со меѓусебни обвинувања за неконституирање на косовското собрание

May 26, 2025

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: СПАК ќе апси за изборен криминал, Стармер ќе побара од Косово воспоставување мигрантски кампови; партиите со меѓусебни обвинувања за неконституирање на косовското собрание

May 26, 2025 13:29
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Албанските медиуми денеска јавуваат за истрагите на СПАК за изборен криминал, кој се подготвува за апсења за корупција на изборите што се одржаа на 11 мај.

По одбивањето од Албанија, Обединетото кралство ќе побара од Косово да се воспостават кампови за мигранти, пишуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Коха јоне: СПАК се подготвува за апсења за корупција на изборите на 11 мај

СПАК тивко собираше докази пред и за време на изборната кампања, како и на 11 мај. Во сите региони, главниот обвинител Алтин Думани формираше работна група за изборна корупција.

Досега, постојат неколку истражни досиеја од BKH и SPAK, каде што се очекува да бидат потпишани налози за апсење. Извори велат дека денес СПАК го запленил мобилниот телефон на заменик-градоначалникот на општина Пука, Ндуе Сума, како дел од истрагата за изборна корупција, пренесе Коха јоне.

Балкан веб: 17 деца заразени со салмонела во градинка во Грамш

Институтот за јавно здравје потврди дека од тестовите спроведени врз 79 деца во градинката во Грамш, 17 од нив се позитивни на „Салмонела ентеритидис“.

Кај 17 деца е утврдено дека се заразени со оваа бактерија, додека се очекуваат резултати за уште 6 други деца, но и кај нив е забележано зголемено бактериско оптоварување.

Полицијата ги заплени медицинските картони на хоспитализираните деца, документацијата за залихите од храна во градинката и зеде примероци од храна за лабораториска анализа. Производите што остануваат во кујната се блокирани, пренесе Балкан веб.

Синџирот на снабдување, методот на складирање храна и хигиената во кујната на институцијата сега се под лупа на истражителите.

Истрагата продолжува, додека родителите бараат одговори на најзагрижувачкото прашање: како е можно во јавна установа за деца, основните стандарди за безбедност на храната толку сериозно да не отстапуваат?

КОСОВО

Газета експрес:  По одбивањето од страна на Албанија, Стармер ќе побара од Косово да прифати воспоставување кампови за мигранти

Велика Британија ќе побара од Косово да прифаќа мигранти што пристигнуваат со мали чамци, како дел од плановите за отворање серија „центри за враќање“ во странство, открива весникот „Тајмс“, пренесе Газета експрес.

Западнобалканската земја е на списокот од девет земји составен од министри и функционери како можни дестинации за центри во странство, каде што одбиените баратели на азил би биле испратени откако ќе ги исцрпат сите опции за жалба во Велика Британија.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, исто така изјави дека нејзината земја би била „отворена“ за разговори за можен договор за прифаќање на одбиени британски баратели на азил. Косово им се придружува на Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и неколку земји надвор од Европа кои се вклучени во списокот на земји со кои министрите имаат намера да започнат преговори.

Бота сот: Без решение, страните се обвинуваат меѓусебно за неуспехот на  конститутивната седница

Дури и по неуспехот на следната конститутивна седница на Собранието, политичките претставници продолжија со обвинувања и контраобвинувања за институционалниот застој. Ветевендосје  го бранеше предлогот за претседател на собранието, додека опозицијата го обвинува Курти за тврдоглавост. Следната седница е закажана за два дена, пишува Бота сот.

КОЛУМНА

Коха: „Посетата на Калас во Косово и Србија која ништо не промени“

„Повиците на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, за што поскоро формирање на институциите на Косово, за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, немаа никакво влијание.

Калас ќе ја доживее судбината на нејзините претходници во нејзината работа кога станува збор за дијалог, тој ќе пропадне ако нема промена во пристапот на главните земји-членки. ЕУ мора да ги надополни своите зборови дека „Охридскиот договор е валиден и мора да се спроведе“ со дела.“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „Посетата на Калас во Косово и Србија која ништо не промени“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ