• Latest
Андонов: Би се кандидирал за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Што ти се чинеше…

May 25, 2025
Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

January 20, 2026

Зад фасадата на „реформите“: Иран меѓу репресија и регионална ескалација

January 20, 2026
Илустрација ВИ

Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

January 20, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: При температура од -15 °C, Кремљ продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица

January 20, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Национализам како замена за владеење – Етничка мобилизација и ерозија на локалната демократија (9)

January 20, 2026

„Експрес-лонецот на Вучиќ – притисок, медиумски мрак и изборна контрола

January 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Битни се парите, а не судијата

January 20, 2026
Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

(ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

January 19, 2026
Фото: Берни Сандерс/Х

Сандерс: Ако Трамп го присвои Гренланд, дали Американците ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно високо образование, платено родителско отсуство и платен одмор?

January 19, 2026
Креирано со помош на ВИ

Украина наводно ги тестира американските разузнавачки служби за да го открие изворот на протекувањето чувствителни информации до Русија

January 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: При температура од -15 °C, Кремљ продолжува да води геноцидна војна против жени, деца и стари лица

    Публиката извикува „оставете го Гренланд на мира“ за време на американската химна. Скриншот од YouTube reel/@crimlawuk

    (ВИДЕО) Навивач извика „оставете го Гренланд на мир“ за време на американската химна на НБА натпревар во Лондон

    Фото: Берни Сандерс/Х

    Сандерс: Ако Трамп го присвои Гренланд, дали Американците ќе имаат бесплатно здравство, бесплатно високо образование, платено родителско отсуство и платен одмор?

    „Дивото племе треба да се чисти“ – говор на омраза по објавата на Лога за дискриминација на Албанците во Шумска полиција

    Њујорк Тајмс: Трамп го турка трансатлантското сојузништво кон криза

    Одеса, 19 јануари 2026 (фото извор: ДСНС Одеса)

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Погодени Одеса, Чернихив, Суми и други области, воздушна тревога во Кијив

    Скриншот од видео на
Hindustan Times

    Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    Итен состанок во Брисел: Ново заострување на ситуацијата околу Гренланд

    Гренланд како црвена линија во трансатлантските односи: Дали Европа конечно ќе му се спротивстави на Трамп?

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

    Точно на пладне: Лидерска средба на иницијатива на Мицкоски за првпат без главната опозициска партија

    Лидерска средба на Мицкоски: Консензус на хартија, криза во реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА
    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

    Поради маглата има откажани и летови што се реализираат со задоцнување во аеродромот во Скопје

    Кој знаел, кој дозволил, кој премолчел? – Родителите на жртвите од „Пулс“ со нови барања до Обвинителството

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    Ignorantia ante portas

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Креирано со помош на ВИ

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

    Проф. Оливие Ведрин (фото извор: LinkedIn профил на Авторот)

    Патување во Берлин

    Креирано со помош на ВИ

    Убиствата на демонстранти на протестите во Иран неинтересни за ОН и Грета Турнберг – освен ако не се инволвирани Израел и САД

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Премиерот Христијан Мицкоски, Сопиште, Скопје, 4 јануари 2026 (фото извор: скриншот од видео објавено на владиниот Јутуб канал)

    Северна Македонија – ЕУ – Бугарија: Како еден документ стана политички спектакл наместо предмет на дебата

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Што ти се чинеше…

Проблемот со тебе Христијан е што мислиш дека бесконечно можеш да лажеш, да манипулираш со луѓето и така да ја трошиш власта а при тоа уште и ништо да не сработиш. Купи ден-продај. Граѓаните можеби се лекомислени и под притисок на тешкото живеење за кое и ти си виновен, и се склони да бидат излажани, па дури и да се однесуваат полтронски за да дојдат до егзистенцијална цел, но никако не се глупави.

May 25, 2025 11:49
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Андонов: Би се кандидирал за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Проф. д-р Оливер Андонов. Фото: ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter
ОЛИВЕР АНДОНОВ

Насловот на оваа колумна е рефрен од една позната македонска народна песна (Што ти се чинеше кога се мажеше невесте…).

Впрочем се е поврзано со случувањата во последната недела на „стратешкото салто мортале“ на политикантското опстојување на Мицкоски и вербална квази патриотска политика. Имено, како што можеше и да се очекува, по објавувањето на веста дека на состанокот на Европската политичка заедница, Мицкоски потпишал Декларација за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и дека веќе истата недела се потпиша договор за кредит од пет милјарди фунти, реакциите на социјалните мрежи беа… Е беа де!

А што очекуваше Мицкоски кога изминативе осум години (седум во опозиција и последнава на власт) ги потроши во поигрување со чувствата на македонските граѓани, особено на македонскиот народ. Цели осум години креираше јавен наратив про српско-руски, про БРИКС. Каде стигнеше ги навредуваше САД, НАТО и ЕУ и креираше  анти ЕУ и анти НАТО расположение. Го користеше спорот со Бугарија и преку анти Бугарски наратив пропагираше наводна загрозеност на Македонија и македонскиот народ токму од САД, Обединетото Кралство, Германија, Франција и целата ЕУ. И сега наеднаш, оп, стратешко партнерство со Обединетото Кралство. И уште и кредит со гаранции од владата на Обединетото Кралство кое нели не мрази нас Македонците, не полива со напалм и ги поддржува фашистите, декадентно е и незнам уште што. Кога тоа да не ти било така. Испадна тека Обединетото Кралство е пријател на Макеоднија и Македонците, значи некој лажел. Ами Христијане, како тоа да ти го проголта суверенот? А ти токму со потценување се однесуваш кон него. И еве очигледен доказ дека народот, сопствениот народ и членство си ги сметаш за овци кои можеш да ги водиш каде што ти сакаш согласно твоите лични, лукративни цели, Ама не можело, не бива тоа. Се буни кај луѓето здравата логика дека нешто не е во ред, дека си ги лажел, бидејќи доколку вчера, Обединетото Кралство, Англија беа сатанисти, анти Бога, мразачи и убијци на Македонецот. Сега одеднаш имаме стратешко партнерство и економска помош. Гледаш колку народот не ти верува. И уште повеќе нема да ти верува. Но не само на тебе туку и на целото раководство на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што на твои приватни објави „загубени овци“ мислат дека со полтронство и хвалоспеви ќе си ги решат личните маки не значи дека ти веруваат. Едноставно, улично кажано ти се пикаат в газ, а не ни знаат дека тебе тоа не ти е ни важно, ти си сега на седмо небо, ти си премиер, пали-гаси. Мислам дека ќе биде ГАСИ.

Како Внатрепартиска фракција ти го најавивме ова уште одамна, додека беше опозиционер, и ти рековме токму со англиската поговорка: „Масата која денес ти воскликнува, доколку утре ќе ја бара твојата глава“. А знаеш ли зошто е тоа така? Затоа што за сето ова време од осум години на чело на ВМРО-ДПМНЕ и последната година на чело на македонската влада ти немаш конзистентна политика. Немаш ниту во партијата кон нас партиските членови, членови кои ги лажеш и манипулираш за функции и егзистенцијални прашања опкружувајќи се со клиентела. Ниту кон суверенот македонски граѓанин кого со квази патриотизам го лажеше давајќи му лажна надеж и погрешни очекувања креирајќи му непријатели во НАТИ и ЕУ. А ниту кон божемните твои партнери и политички истомисленици Вучиќ и Орбан на кои им ветуваше се и сешто на штета на Македонија. Мислам дека ниту нашите нови стратешки партнери не ти веруваат, туку ќе гледаат дали ќе ги реализираш преземените обврски, особено во однос на европското НАТО. Ете така Христијане, ти стана недоверлив партнер за секого. И не само ти, туку и целата наша влада, а се плашам и партија, но и државата.

Ние како Внатрепартиска фракција останавме доследни и конзистентни на нашата јавно прокламирана политика во која сме лично и длабоко убедени дека е исправна и единствено можна и просперитетна за Македонија. Тоа е про ЕУ и про НАТО државна политика насочена кон брзо членство на Македонија во ЕУ и силна контрибуција на Македонија во НАТО на стратешко ниво. Тоа е демократска и европска, десно-центристичка, национална политика на ВМРО-ДПМНЕ како современа европска демократска десна политичка партија. Затоа и силно го поздравуваме и поддржуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство и нивното директно ангажирање за подигање на Македонија од безизлезноста во која се наоѓаме. Но ти не слушаше кога ти укажувавме на твоите политички глупости, не игнорираш и мислиш дека ти си играчот, дури и на светска сцена. Ами тоа што полтроните во партија ти велат дека си најпаметен, не значи дека е така (да не употребам некој друг термин што ти го кажуваат за да ти го подигнат егото). Наспроти тоа што ти го кажуваат пред тебе и ти се додворуваат, меѓусебе те нерекуваат само Мицика.

Проблемот со тебе Христијан е што мислиш дека бесконечно можеш да лажеш, да манипулираш со луѓето и така да ја трошиш власта а при тоа уште и ништо да не сработиш. Купи ден-продај. Граѓаните можеби се лекомислени и под притисок на тешкото живеење за кое и ти си виновен, и се склони да бидат излажани, па дури и да се однесуваат полтронски за да дојдат до егзистенцијална цел, но никако не се глупави. Еве на пример, се обидуваше два месеци да манипулираш во врска со несогалсувањата со Таравари (всушност ги криеше судирите од јавноста за да купиш политичко време), потоа бескрупулозно започна да го уништуваш по медиумите и од светец (што никако не е) сега се обиде да го направиш црн ѓаол. И тоа не ти е прв пат во врска со Таравари. Но не дека имаме некаква намера или мотив да го браниме Таравари, туку го користиме овој манипулативен политички случај како едноставен пример на твоето разбирање на политиката. Во меѓувреме Таравари отиде да се сретне со Рама, со што ти ја испрати пораката која може наскоро да ти ја испратат и други од ВЛЕН. И толку од твојата доследност или што би рекол ти: „Додека сум јас премиер,, ,,не сум наивен…“ Да секако, далеку си ти од наивен, ти си само без скрупли и мераклија по пари и друго…, но во исто време и крајно неспособен да водиш месна заедница, а не пак држава, и секако имаше само многу среќа цели седум години во опозиција, а мислеше дека така ќе продолжи затоа што се договори со Заев и Филипче. Ама нејсе, што е тука е, се доведе себеси (но тоа не е важно), ја доведе партијата (што е многу лошо за демократското здравје на Македонија) и ја доведе државата Македонија (што е ужасно) во безизлезна состојба.

Но ти секогаш мислиш само на себе. Сега имаш потреба да се окуражиш самиот себеси, па ни кажа дека повторно само ти ќе бидеш кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно дека немаш намера да бараш чаре ниту за партијата ниту за државата. Во догледно време ќе треба да бараш чаре само за себе. Засега чарето го гледаш во трет мандат како претседател на нашата партија. Тоа не е тешко да го изведеш во недемократски услови на недемократски Статут и партиска структура составена од петстотини клиенти кои глумат делегати во театарската претстава наречена Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. И замисли, самиот слушаш и не веруваш. Дури и се прашуваш себеси: „Како овие што мавтаат со знаменцата ми веруваат“? А им кажа дека ќе ја промениш партијата и државата по локалните избори и конгресот на партијата. Не умре магаре до зелена трева! Па ти ќе бидеш единствен кандидат на божем Конгресот и ќе направиш промени, уф.

Ги лажеш членовите на партијата и јавноста – граѓаните на Македонија дека ќе направиш промени во државата и партијата. Што тоа сакаш да кажеш? Дека сега ништо не чини, ама да завршиш со локалните и партиските избори па ќе ја опраиш работата. Ајдее. А зошто ти требаат повеќе од година и половина за да почнеш да ја средуваш државата? Или ти треба трет мандат за единствен кандидат за претседател на нашата партија за да ја средиш и партијата? Доколку нешто не чини во нашата партија, а не чини и тоа се гледа од авион, тогаш најлогичен заклучок е дека ти не чиниш, ти си претседател на партијата и ти ја задушуваш партијата, а како премиер и државата Македонија која исто така божем ќе ја средуваш. Веќе видени флоскули со изменета сцена во истата театарска претстава од Црвенковски – менторот ти, со наслов „метлата на Бранко“ или ребрендирана како „промените на Мицкоски“.

Ами ова е трагедија за сите во Македонија, посебно за нас членовите на партијата. Да кажеш дека после два мандати претседател на ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе ја средуваш партијата. Ќе го демократизираш ли Статутот? Ти како да си од Марс паднат во ВМРО-ДПМНЕ и тоа директно во трет мандат, како да не беше единствен кандидат и претседател на партијата изминатите осум години? Веќе сум убеден дека по третиот мандат ќе си побараш и четврт, откако ќе го смениш Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, оној најдемократскиот кој ќе го демократизираш уште повеќе преку твој доживотен статус на претседател на партијата. Верувам или поточно убеден сум, дека доколку ги преживееш локалните избори (односно падот на гласови во споредба со парламентарните од лани биде помал од 100.000 гласа) и ја завршиш операцијата трет мандат во партија, како реформи во партијата ќе прикажеш дека е неопходно да се оди на предвремени парламентарни избори. И секако дека за тебе е неопходно, затоа што само така на препад ќе се обидеш да го обновиш премиерскиот мандат. А главната цел ти е да бидеш претседател на Републиката и по примерот на Вучиќ да бидеш двоен претседател. Тоа ти е животна желба, да бидеш како Вучиќ. Само имаш една погрешна сметка во планот. Македонија е земја членка на НАТО за разлика од Србија. Тоа значи дека нашите сојузници нема да бидат само неми набљудувачи на твоето изживување. Се надевам дека и нашето членство, нашите сопартијци по локалните избори, сериозно ќе се запрашаат quo vadis Hristijane? А ќе се запрашаат, бидејќи уште од сега ги имаш договорено списоците за советници во општините и градот Скопје, а само формално божем ги прашуваш членовите. Односно глумиш демократија по Месни комитети, но марионетките ти се слаби глумци.

Интересно е и особено привлекува внимание тоа што и како премиер ти Христијан си паднат од Марс особено во однос на реалноста во Македонија. Особено онаа економската реалност со која нашите сограѓани а со тоа и нашите сопартијци се соочуваат секојдневно. Ти не знаеш ниту колкав е растот на цените а со тоа и на потрошувачката за едно нормално преживување во државата чии премиер си. Дали знаеш колку е скапа храната? Или не те инетересира, зато што ти имаш соодветна исхрана преку набавките во влада, па не влегуваш во продавница и за доручек не купуваш ѓеврек и јогурт за едно евро.

Од Марс си паднат или така се правиш и во однос на твијата идеја за средбата во Хаг помеѓу Силјановска и Радев со посредство на нашите НАТО и ЕУ партнери. Или можеби повторно ја местиш Силјановска во некоја твоја политичка игра. Впрочем зарем заборавивме дека во 2021 година, токму Радев ги направи најголемите проблеми за Македонија или дека Радев и Јотова беа тие кои даваа најпровокативни и негирачки изјави за Македонија, многу често во исто време кога и ти даваше провокативни изјави кон Бугарија. И секако, ти добро го знаеш планот Б на ЕУ, одамна ти го кажаа, но ти не сакаш јасно да им кажеш на нашите партнери од ЕУ дека несакаш ништо да направиш во однос на нашето членство во ЕУ, па изнаоѓаш разни изговори како да го оневозможиш и планот Б, а при тоа да не бидеш виновен. А виновен си за стагнацијата на нашата татковина и тоа вешто со манипулации го криеш од македонските граѓани, но не можеш и од нашите партнери во НАТО и ЕУ.

Искрено се надевам дека со потпишувањето на кредитот од стратешкиот договор со Обединетото Кралство некои други геополитички случувања ќе те доведат во ред и ќе те отрезнат, што ќе биде од полза на Македонија и на нашите стратешки партнери, не од твоја лична лукративна полза. Иако сум убеден дека намерно нема да ги обелодениш сите обврски кои ќе бидат преземени од страна на Македонија. Мотивот за ова е повторно лукративен, односно за да можеш да манипулираш со јавноста кога нема да ги исполниш ветените услови на кои не обврзуваш сите како држава. И да не елаборирам околу тоа, едноставно е, те чекаат локални избори на кои повторно ќе применуваш весела математика околу бројот на гласови. Како што реков за да ги преживееш со помалку пад на гласови за само една година. Во меѓувреме ќе гледаш како да ги заобиколиш забелешките на Уставен суд во врска со Изборниот закон и не демократското ограничување на основната Уставна вредност дека секој има право да бира и да биде биран.

Дотогаш до локалните избори уште милион пати ќе го смениш политичкиот наратив со цел да ја дефокусираш јавноста, но најпрво ќе мора веќе еднаш јасно да ги објасниш твоите идеолошко-политички правци пред излажото гласачко тело. Реков идеолошко-политички правци! Ма и јас сешто зборувам. Кај тебе Христијане нема идеологија, така што ти ќе си продолжиш со ефтино политикантство, па што биде да биде. Во меѓувреме ќе се обидеш да ги разбудиш дезориентираните ботови, може и ќе ти успее, засега слабо им оди, ги згазија по социјални мрежи излажаните гласачи на кои им ветуваше руска Македонија наспроти европска Македонија и БРИКС наспроти клетите НАТО и ЕУ. Ете тоа е резултатот на твоето политикантство. Од него единствена полза ќе има Апасиев и дај Боже таа полза да не биде толку голема што ќе предизвика катастрофа врз Македонија. Токму тоа ми дава за право да сум убеден дека ќе се обидеш да ги излажеш и нашите нови стратешки партнери. Најпрво затоа што ќе се кршиш помеѓу губењето на влсата и напредокот на Македонија кон ЕУ, а за тебе власта е многу поважна. Да беше поинаку досега ќе бевме во друштво со Албанија и Црна Гора. Затоа и ќе се обидеш да ги лажеш стратешките партнери, за да преживееш политикантски. Само ќе се обидеш, и кога ќе те фатат во не дело, ќе глумиш жртва на божемната анти македонска геополитика.

И сега што да правиме?

Има чаре, што би се рекло. Па токму затоа и ја создадовме фракцијата за да остане нешто чисто што во ваков критичен миг или некој следен уште покритичен, кои се резултат на твојата глупост, можеме да ја спасиме партијата и државата. Да ги спасиме од срам, хаос, а богами партијата и од распад по урнекот на оној во СДС распаднато. Да ја зачуваме идеолошката чистота на идејата на ВМРО-ДПМНЕ која ти ја извалка. Нешто како „вениш“, чистиме дмики од политикантски глупости.

Решението е да бидеш снисходлив, скрушен и да седнеш со фракцијата да разговараш. Ќе ти го покажеме патот и ќе ги спасиме партијата и татковината. Како што еднаш ти кажав, ти не си важен, важна е Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.  Колку и да ти е голема суетата и да си пали-гаси, отрезнувањето е неминовно, во светло или во темнина. Ние претпочитаме светлина, но…

Ти си знаеш, ама момче не е шеќерче.

Текстот е личен став на Авторот.
Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на
Kanal13

    Трета руско-чеченска војна во најава?

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Битни се парите, а не судијата

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ