• Latest

24 ЧАСА: Трамп ќе го царини целиот свет освен Русија и Белорусија; Водата во Крива Паланка не е ниту за наводнување; Интерпол не издаде потерница за Додик

April 3, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Трамп ќе го царини целиот свет освен Русија и Белорусија; Водата во Крива Паланка не е ниту за наводнување; Интерпол не издаде потерница за Додик

April 3, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Трамп му воведе царински тарифи на целиот свет, освен на Русија и Белорусија

Американскиот претседател Доналд Трамп наметнува универзална царина од 10% на целиот увоз во САД, со уште повисоки стапки за, како што ги нарекува, „најлошите престапници“, во пресуден момент за глобалната трговија.

Во својот последен потег, Доналд Трамп воведе нови царини за многу земји, вклучително и за сојузниците, меѓу кои и Северна Македонија за која одреди тарифа од 33% (скоро колку за Кина) и за Украина – но не и Русија и Белорусија.

ЕУ го опишува како „голем удар за светската економија“, Италија го нарекува „погрешно“, а Австралија вели „ова не е чин на пријател“ . Кина – една од најтешко погодените од овој потег – вети одмазда.

Тарифата од 10 отсто за Обединетото Кралство е дочекана со олеснување, но не и со задоволство меѓу министрите, објави политички уредник на Би-би-си, Крис Мејсон.

Меѓу блиските сојузници на САД, Европската унија беше цел со стапка од 20 отсто, Јапонија со 24 отсто, Јужна Кореја со 25 отсто и Тајван со 32 отсто. Дури и некои мали територии и ненаселени острови на Антарктикот беа погодени од царини, според списокот објавен од Белата куќа.

Од Владата на Република Северна Македонија уверуваат дека одлуката на САД за царинските трошоци, нема да има голем импакт врз нашата економија, но имаме подготвен план за надминување на ситуацијата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Митовски: Водата во Крива Паланка е толку загадена што не смее да се употребува ниту за наводнување

„Концентрацијата на штетните супстанции коишто ги надминуваат акутните нивоа на токсична за водениот свет-вода во оваа класификација односно петта класа не смее да се користи за ништо ниту пак за наводнување.

Хемиските показатели на суспендираните материи коишто се присутни во водата којшто ја намалуваат пропустливоста на светлината во природната вода и влијаат животната средина, го уништуваат живиот свет се главни причинители за поморот се со вредност замислете дури 7.876 микрограми на литар од максимум дозволените 30 микрограми на литар којшто сепак за повеќе од 120 пати зголемени.“ рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Суспендираните материи од органско и неорганско потекло, тешко се раствораат во водата и според Митовски се главен показател и за присуството на тешките метали во Крива река. Тој дополнува дека резултатите од сегашната и претходната анализа на општината, покажуваат дека водата во Крива река е неупотреблива и сериозно загадена.

РЕГИОН

Судот на Босна и Херцеговина потврди дека црвената потерница за Додик и Стевандиќ не стапила во сила

Судот на Босна и Херцеговина денеска потврди дека меѓународната црвена потерница за претседателот на Република Српска Милорад Додик и претседателот на Собранието на Босна и Херцеговина, не стапил во сила.

СВЕТ

Унгарија ќе се повлече од Меѓународниот кривичен суд откако Нетанјаху ја посети Будимпешта

Унгарија одлучи дека земјата ќе се повлече од Меѓународниот кривичен суд (МКС), соопшти владата во четвртокот, набргу откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во земјата во државна посета.

ЦИВИЛ

Одбрана на демократијата и човековите права: Нова публикација на ЦИВИЛ за глобалната публика

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во партнерство со Медиа Дијалог (Media Dialogue) и Младите за медиумите (Youth4Media) од Германија, и меѓународната организација Нов европски граѓански форум со седиште во Брисел, најавува промоција на публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки“.

Публикацијата е на англиски јазик и опфаќа обемен документ за политики, со препораки и стратешки насоки за борба против дезинформациите и хибридните закани, јакнење на демократските институции, граѓанското општество и медиумите, и решително сопирање на авторитаризмот, воените агресии и ултра-десничарските тенденции.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали е потребна лидерска средба и што ќе донесе?

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска ќе имаат средба во Владата, но претходно тие „ќе се соочат“ и во пленарната сала во Собранието каде премиерот и министрите ќе одговараат на опозициски прашања.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Руската „мобилизација“ на окупираните територии претставува брутално кршење на меѓународното право, особено на Женевската конвенција за заштита на цивилното население за време на војна, според која на државата-окупатор ѝ е забрането да ги присилува лицата да служат во нејзините вооружени или помошни сили, како и да врши притисок и пропаганда во корист на доброволно приклучување кон армијата.“, од  Н.Е. Амб. Лариса Дир во колумната „Руската Федерација продолжува со кршење на Женевските конвенции: Присилна руска мобилизација на украински државјани на привремено окупираните територии на Украина“.

„И сеа шу праиме. Додека сите светски премиери, претседатели, министри излегоа со осуда и најавија контрамерки, нашиов молчи. Ниту тој, ниту претседателката, ниту Министерството за економија гукнаа нешто околу тарифите, какви импликации ќе имаат врз економијата во земјава, ќе се воведат ли контрамерки?

Во меѓувреме, владините служби некако собраа сили пред крај на работното време да испратат едно штуро соопштение, склепано наврат – нанос, да не сме се секирале, немало да имаме последици од тарифите. Мхм, да, секако.“,прочитајте во Брза пошта од  Драган Мишев, „СУРТУК ПОЛИТИКА: За ова ли окапа Мицкоски во Вашингтон?“

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ