• Latest

25 јуни: Ратификација, поддршка, граѓанско учество и демант

June 25, 2019
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

25 јуни: Ратификација, поддршка, граѓанско учество и демант

ДНЕВНИК на најaктуелните вести на денот: ЦИВИЛ во акција, Љуботен под блокада, Унгарија со ратификација на протоколот за влез во НАТО, МТСП со демант...

June 25, 2019 18:10
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ратификација

Со 153 гласа „за“ пратениците од Унгарија едногласно го ратификуваа протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО. На чинот на ратификувањето присуствуваше претседателот на Собранието, Талат Џафери, по покана на претседателот на националното собрание на Унгарија, Ласло Ковер.

Поддршка

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија,  се сретна со претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер. На средбата двајцата претседатели размениле мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, состојбите во регионот, како и за аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Штајнмајер ја потврди цврстата поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија и во НАТО. 

Тутун акција

Финансиската полиција официално се изјасни дека акцијата во село Љуботен е спроведена под сомнение за криумчарење со акцизна стока и царинска измама. “Очекуваме и бараме соработка и разбирање од граѓаните во реоните каде што се спроведуваат активностите, сè во интерес на расчистување на случајот”, се вели во официјалното соопштение. Од таму не дават повеќе детали, но неофицијално се дознава дела финансиска полиција придружена од МВР бараат илегално увезен тутун од странски држави.

Ненајвената акција на Финanсиска полиција ги изненади жителите, но дополнително и беа револтирани од начинот како ја спроведуваат акцијата.

Демант

Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија објави статијата насловена „Царовска побогата за 1.3 милиони евра, Шеќеринска купила мотор Оутландер“. Во статијата се наведува дека министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го зголемила својот имот за шест пати во рок од само една година.

Министерството за труд и социјална политика побара извинување од СКУП Македонија, поради, како што објаснија, навремено и целосно го информирале Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија за имотот на министерката, а информациите кои се изнесени од страна на овој медиум се тенденциозни и целосно невистинити. МТСП појасни дека воопшто не станува збор за ново стекнат имот, туку надополнување на анкетниот лист со имот на родител, со кој министерката не живее во исто домаќинство. Надополнувањето е направено за поголема транспарентност, иако по Закон не треба да се пријави.

ЦИВИЛ во акција

Најчевска, Максути, Бачовска, Тахири, Муратов, Здравевска, Дерала и други ќе бидат дел од вечерашниот мултимедијален настан и панел дискусија на на ЦИВИЛ на тема „Граѓаните за државата или државата за граѓаните?!“ во Мобилната галерија на ЦСУ, Градски Парк, со почеток во 20 часот. (Не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество се само дел од темите за кои ќе се разговара во Градски парк вечерва.

Проекции на видео прилози и презентации за проектот Граѓански објектив, како и за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество, ќе се одржат од 20 до 21 часот, по што ќе се одржи и панел дискусијата.

Б. Јордановска

 

Share76Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ