• Latest

25 март, вонредна состојба, ден 7: Владата објави јавни повици за чартер летови за враќање во земјата на македонски граѓани кои престојуваат во странство, вкупно 177 заболени од КОВИД-19, епидемијата ја зема третата жртва…

March 25, 2020

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
23 dead and more tha 25 children missing in Texas flood
Photo> screenshot Sky Tv

Поплави во Тексас: 24 мртви и до 25 деца исчезнати откако летен камп беше однесен од поплавите

July 5, 2025

One Stop систем за побрз проток и помалку чекање на граѓаните на ГП Табановце-Прешево

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

25 март, вонредна состојба, ден 7: Владата објави јавни повици за чартер летови за враќање во земјата на македонски граѓани кои престојуваат во странство, вкупно 177 заболени од КОВИД-19, епидемијата ја зема третата жртва…

March 25, 2020 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Владата објави јавни повици за организирање авионски превоз за македонски граѓани со моментален престој во странство, кои сакаат да се вратат во земјата

Владата денеска објави јавен повик  за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани, кои се наоѓаат во странство, а сакаат да се вратат на територија на Република Северна Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство.

За дестинации за чартер летови се утврдени:

– Малта – Скопје (148 патници)

– Загреб – Скопје (226 патници)

Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот.

Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до Република Северна Македонија.

Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата на Република Северна Македонија, односно понудите да се достават најдоцна до 25.03.2020 година до 22:00 часот.

Владата објави и јавен повик за организирање на авионски превоз за државјаните на Република Северна Македонија во странство кои сакаат да се вратат во земјата од Берлин, Бон, и Минхен. 

Дестинациите за чартер летови се утврдени за градовите:

– Берлин – Скопје (377 патници)

– Бон – Скопје (355 патници)

– Минхен – Скопје (183 патници).

Крајниот рок за организирање на летовите треба да биде до 27.03.2020 година (петок) до 12:00 часот.

Понудите да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected].

Крајниот рок за доставување на понудите е 26.03.2020 година до 08:00 часот.

Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Северна Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Северна Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Северна Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин.

Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ:

„Во тешки времиња за нашиот народ, за Балканот и за целиот свет од ЕУ добивме радосна и долгоочекувана вест – донесена е одлука Северна Македонија почнува преговори за членство во ЕУ. Историската грешка е исправена, нема никакви пречки ниту услови. ЕК треба да ги спроведе подготовките, а првата меѓувладина конференција ќе се одржи најбрзо што може“, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција.

„Без Договорот од Преспа и без Договорот за добросеседство и пријателство со Бугарија, без реформите и уставните измени, без Законот за јавното обвинителство немаше да биде возможен овој успех. Тоа се храбрите политички одлуки кои ги отворија вратите од чекалната во која бевме изминатите 15 години. Голем дел од тие одлуки беа донесени со двотреинско мнозинство од Собранието. Двотретинско мнозинството пратениците кои покажаа историска одговорност во име на својот народ и сигурната иднина која е пред нас“, рече Заев.

https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/612856509445093/

 

 

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 7

Во изминатите 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата, а една пациентка почина.  По градови: Скопје (20), Куманово (3), Велес (3), Прилеп (2) и Дебар (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 177 лица.

*

Владата на синоќешната 27. седница донесе уредба со законска сила за запирање на примената на Законот за извршување, со која се запира примената на Законот за извршување, извршување до 30 јуни 2020 година.

*

Владата денеска објави јавен повик за интервентна набавка на заштитни маски со цел спречување на последиците од корона вирусот (КОВИД-19) за време на вонредната состојба. Јавниот повик ќе трае 24 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да бидат доставени најдоцна до 26 март 2020 година до 15.30 часот.

*

Едно лице од Скопје и четири лица од Кавадарци ќе треба да платат по 2.000 евра, доколку Судот го прифати предлогот на Обвинителството, за нивно санкционирање поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

*

Управата за извршување на санкциите согласно владините препораки од 10 март годинава донесе забрана за контакти на осудените и притворените лица со надворешниот свет и презема мерки за одржување на високо ниво на хигиена, дезинфекција и сите достапни мерки за заштита, информираат од Управата за извршување на санкциите.

*

Според статистиката на Министерството за внатрешни работи во текот на изминатово деноноќие на територијата на државата по однос на непочитување на забраната за движење во периодот од 21 до 05 часот, полицијата евидентирала 103 лица кои не ја почитувале оваа мерка, при што 63 лица биле приведени во полициска станица, 31 лице се опоменати и воедно биле сочинети и девет записници на место на настан.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Стопанската комора на Македонија формира Кризен штаб што ќе функционира додека трае вонредната состојба во земјава воведена поради коронавирусот.

Целта е, како што соопшти, уште поголема поддршка на компаниите преку обезбедување континуирана достапност на информации и преземање активности за полесно пребродување на кризната ситуација.

*

Орка Холдинг и приватната болница „Аџибадем Систина“ денеска соопштија дека за целокупната помош која ја понудија на граѓаните и на Кризниот штаб на Владата за справување со коронавирусот ќе бидат одвоени 325.000 евра.

*

Седумдесет и четири адвокати денеска потпишаа писмо а испратено до Судскиот совет, Врховниот суд, и до премиерот и надлежните министри и сите амбасади во земјава.

Според адвокатите, Кривичниот суд – Скопје врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, со самото тоа што се одржуваат рочишта на кои присуствуваат повеќе од пет лица. Со тоа, како што се наведува, се загрозува и здравјето на бранителите во предметите.

*

Согласно одлуката на Судскиот совет и Министерството за правда во судот на дневна основа се насочени не повеќе од десет судења за итни и неодложни предмети и тоа во зграда со 25 судници распоредени на седум ката, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од судот апелираат до дел од адвокатите да не манипулираат со јавноста во однос на условите за водење на судските расправи и почитувањето на мерките на Светсктата здравствена организација и Владата на РСМ во однос на превенција за ширење на вирусот Ковид -19.

*

Министерот за надворешни работи Никола Димитров телефонски разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, во светло на донесувањето позитивна одлука од Советот за општи работи за започнување пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ.

Како што соопшти МНР, двајцата изразија големо задоволство од одлуката на министрите на ЕУ да започнат преговори за пристапување и за Северна Македонија и за Албанија, особено во вакви отежнати околности. Во тој контекст, тие се согласија и ја истакнаа потребата од меѓународна соработка за ефикасно решавање на овој глобален предизвик.

*

Партиите треба сами да кажат дали ќе го поддржат предлогот годинава да нема пари за политичките партии, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ги повика ДУИ да го поддржат овој предлог на министерката за правда Рената Тренеска Дескоска.

*

29.000 вработени во угостителството, бараат помош од државата. Државата да каже дали предвидува поддршка за угостителите. Ако не, тие навреме да бараат помош преку други мерки, за да не останат без никаков приход, апелира денеска Групацијата за угостителство при Сојузот на стопански комори.

 СЛОБОДНА ЗОНА

„Одиме понатаму, со крупни евроатлантски чекори! Уште една добра вест, без претерување историска, втора за една недела, среде светска криза, ги круниса храбрите напори на Зоран Заев и неговиот тим. Редно е, фер е, човечки е да се пофали и да се оддаде признание, а заслужните да се посочат со име и презиме. И добро е да се потсетиме каде бевме, за колку време се вративме на мапата на светот и што сѐ преживеавме за да дојдеме до тука. И кој го пробиваше патот низ густата шума од неволји.

Во една реченица: 11 години режим, насилство и изолација, крвав напад на Собранието и обид за ликвидација на опозициски лидери, историски договор со Грција, Референдум, жестока националистичка кампања против историските успеси, решителни реформи, секавично брзо зачленување во НАТО и добивање ЕУ датум. Наспроти сѐ, Заев одржа уште еден состанок со историјата.“, потсетува Џабир Дерала во денешниот РАФАЛ – Состанок со историјата.

„Ама, како што велат, „Што си сеел, тоа ќе жнееш“ – „нивата“ годинава богато роди, Македонија отвора и преговори со ЕУ, во истиот месец кога го потпишавме пристапувањето во НАТО! Се претера  родот во амбарот!“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Се претера во амбарот на Заев“

Џевдет Хајредини денеска поентира кон „заслугите“ за 15 години чекање на ЕУ.

„И самиот Бујар не е без “заслуги” што, долго време, служејќи му на Груевски, овој ден го чекаме 15 години. Дали “утрешната одлука ќе ги промени животите на секој поединец и секое семејство”, или ќе чекаме уште други 15 години тоа да се случи, нема да зависи од ЕУ, туку исклучиво од нас.“

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ