• Latest

26 март, вонредна состојба, ден 8: Економска поддршка за фирмите, пријава за Чулев, нови заболени со корона вирус…

March 26, 2020

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

26 март, вонредна состојба, ден 8: Економска поддршка за фирмите, пријава за Чулев, нови заболени со корона вирус…

March 26, 2020 17:08
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Од денеска аплицирање за бескаматни кредити за фирмите

Од денеска, микро, малите и средните компани во секторите угостителство, туризам и товарен транспорт може да аплицираат за бескаматните кредити од 3.000 до 30.000 евра, што ги најави Владата, како мерка за ублажување на штетите од пандемијата на корона вирусот.

Повикот беше објавен вчера. Поднесувањето на потребната документација, согласно владините препораки за заштита од коронавирусот, е електронски, на е-адресата: kreditiranjecovid1@mbdp.cm.mk

Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија. За микрофирмите со максимум 10 вработени се предвидени од 3.000 до 5.000 евра, за малите со 10 – 50 вработени од 10.000 до 15.000 евра, а за средните компании со 50 – 250 вработени од 15.000 до 30.000 евра. Каматата е нула проценти, отплатата две години, а грејс периодот изнесува шест месеци.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Петровска: ОЈО работи на кривичната пријава што ја поднесов против Чулев

Заменик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, вели дека Основното јавно обвинителство работи на нејзината пријава поднесена против министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, бидејќи смета дека тој со неговите постапки сторил кривично дело со кое ја загрозил сигурноста на државата, меѓутоа и дефункционалноста на МВР.

BОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 8

Министерот за здравство објави дека во изминатите 24 часа се регистрирани нови 24 случаи на КОВИД-19 во земјава, а по градови Скопје (15), Куманово (4), Дебар (2), Охрид (1), Штип (1), Тетово (1). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 201 лица.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (123), Дебар (43) од кои 2 починати, Куманово (15) од кои 1 починат, Штип (8), Велес (3), Охрид (3), Кавадарци (2), Прилеп (2), Гостивар (1) и Тетово (1).

*

Во изминатото деноноќие, според евиденцијата на МВР, само едно лице не ја почитувало самоизолацијата, а 37 биле приведени поради непочитување на забраната за движење.

Во изминатите 24 часа, според евиденцијата на МВР, на територијата на државата на 368 лица им се издадени решенија за изолација, 82 потпишале изјави за самоизолација, а од страна на полициските служби извршени се контроли и е констатиран само еден случај на лице кое не ја почитувало самоизолацијата.

*

Вкупно 69 граѓани на Северна Македонија се враќат од Словенија и Турција со организиран превоз од Министерството за надворешни работи, а истите ќе бидат сместени во задолжителен карантин. Превозот ќе биде спроведен со автомобили, а операцијата е реализирана во соработка и подршка од земјите во кои транситирале.

*

Сите пазари на мало и големо од сабота ќе бидат затворени, информираат од ЈПКД „Комуналец“ кое стопанисува со нив.

„Ги известуваме сите граѓани дека од сабота, 28 март, сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклучително Кванташкиот и Сточниот пазар, се затвораат за работа. Се молат сите граѓани да ги следат наредбите на Владата и да го почитуваат полицискиот час“, стои во информацијата на струмичкото комунално претријатие.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Известувачите на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за мониторингот со Албанија, Џо О’Рајли и Петер Аиде и известувачот за пост- мониторинг дијалогот со Северна Македонија, Лиз Кристоферсен, денеска ја поздравија одлуката на Советот на Европската унија за отворање преговори за членство со Албанија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА.

*

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денес одржа состанок со своите колеги од ПЕС (Партија на европските социјалисти). На состанокот кој заради вонредната состојба со коронавирусот се одржа во форма на видеоконференција, лидерите на европските социјалдемократи и социјалисти ги презентираа мерките кои се преземаат во нивните земји и ги споделија најдобрите практики. На состанокот Заев ги презентираше мерките кои владата предводена од СДСМ ги има преземено до овој момент и мерките кои ќе се преземаат во зависност од тоа како ќе прогресира ситуацијата со коронавирусот.

*

Премиерот Оливер Спасовски и постојаната координаторка на Обединетите нации во нашата држава Росана Дуџак на денешната средба разговарале за мерките што ги презема Владата за справување со ситуацијата со коронавирусот и е оценето дека државата го презема потребното за заштита на јавното здравје. Како што се наведува во соопштението, пренесено е дека ОН се подготвени да дадат поддршка на нашата држава, таму каде ќе се процени дека е важно.

*

За долг собран од 2015, 2016 и 2017 година, Општина Гостивар од денеска е со блокирана сметката. Градоначалникот Арбен Таравари обвини дека овој потег доаѓа во време кога со владина одлука извршителите немаат право да водат извршна постапка, а ситуацијата да стане уште поалармантна, тој потсетува дека ова се случува кога целиот свет води битка против пандемијата од Ковид -19.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

ЦИВИЛ повикува на свест, совест и одговорност

Во инбоксот на мејл адресите и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ секојдневно пристигнуваат десетици прашања, информации и коментари поврзани со КОВИД-19, вонредната состојба, полицискиот час и низа други теми. Голем дел од тие обраќања се однесуваат на непочитувањето на полицискиот час, на упатствата за заштита од вирусот и на лажните вести поврзани со КОВИД-19.

Пред сѐ, најважно е граѓанките и граѓаните да знаат дека мерките мора да се почитуваат целосно и бескомпромисно. Безбедноста, хигиената и почитувањето на владините мерки и препораки имаат животно значење во денешно време.

СЛОБОДНА ЗОНА

Сашо Орданоски во колумната „Никој нема да се спаси, додека сите не се спасиме“, пишува: „Во целата оваа корона-криза, полека, но сигурно, и македонското општество, како и многу други подобро организирани и поефикасно нормирани општества во светот, се приближуваат до состојбата стравот да ни го надвладее рациото во односот кон другите луѓе. Како што дневно растат лошите вести (а кај нас, за жал, не сме ни блиску до врвот на таа вишна „планина“), така многу луѓе стануваат сè понервозни и понетрпеливи: на пример, на оние кои се заразиле, особено на хистеријата на фејсбук каде се суди „по куса постапка“, се гледа како на „морални отпадници“ виновни за понатамошно ширење на епидемијата, небаре тие доброволно или со зла намера го „закачиле“ вирусот; или, на постарите сограѓани се гледа како на „однапред осудени“ да бидат „потрошени“ во трагичната статистика на смртноста од вирусов; а само е прашање на ден кога ќе го извадиме најлошото од нас доколку некое малцинство, кое и да е тоа, можеби ќе ја има таа несреќа да биде посебно погодено од ширењето на вирусов – памтите, тоа го преживеаја „педерите“ во првите години од ширењето на СИДА-та…

Дехран Муратов

Во соработка со: Ариан Мехмети, Ангела Петровска, Биљана Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ