• Latest

ЦИВИЛ повикува на свест, совест и одговорност

March 26, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

ЦИВИЛ повикува на свест, совест и одговорност

Во ниеден случај, под никакви услови, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАГРОЗУВА СОПСТВЕНОТО ИЛИ ТУЃОТО ЗДРАВЈЕ. Мерките за самоизолација, ограниченото движење, одржување на растојанието меѓу луѓето, хигиената се мерки со кои се спасува живот, дословно и конкретно. Се работи за животот на секој поединечно, животот на членовите на семејството и на сите заедно. Загрозувањето на било чиј живот е забрането со закон и со сите морални норми. Неодговорноста, поединечна или колективна е загрозување на животот. Да се биде неодговорен во денешно време може да значи и предизвикување на нечија смрт.

March 26, 2020 16:04
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во инбоксот на мејл адресите и Фејсбук страницата на ЦИВИЛ секојдневно пристигнуваат десетици прашања, информации и коментари поврзани со КОВИД-19, вонредната состојба, полицискиот час и низа други теми. Голем дел од тие обраќања се однесуваат на непочитувањето на полицискиот час, на упатствата за заштита од вирусот и на лажните вести поврзани со КОВИД-19.

Пред сѐ, најважно е граѓанките и граѓаните да знаат дека мерките мора да се почитуваат целосно и бескомпромисно. Безбедноста, хигиената и почитувањето на владините мерки и препораки имаат животно значење во денешно време.

Во ниеден случај, под никакви услови, НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЗАГРОЗУВА СОПСТВЕНОТО ИЛИ ТУЃОТО ЗДРАВЈЕ. Мерките за самоизолација, ограниченото движење, одржување на растојанието меѓу луѓето, хигиената се мерки со кои се спасува живот, дословно и конкретно. Се работи за животот на секој поединечно, животот на членовите на семејството и на сите заедно. Загрозувањето на било чиј живот е забрането со закон и со сите морални норми. Неодговорноста, поединечна или колективна е загрозување на животот. Да се биде неодговорен во денешно време може да значи и предизвикување на нечија смрт.

Институциите функционираат добро, можеби најдобро во целиот регион и пошироко. Се нижат признанијата за тоа дека државните институции на Северна Македонија се пример во светски рамки за навремено и ефикасно справување со светската криза. Тие се платени за тоа, поставени се за заштита на населението и во нив работат луѓе, наши сограѓанки и сограѓани. Затоа, бесмислено е да не им се верува ним, а да им се верува на неодговорни поединци и групи што се заинтересирани за политичка, финансиска или друг облик на добивка. За секое прашање и за секој облик на загрозување или непочитување на мерките, граѓанките и граѓаните имаат можност, но и обврска, да се обратат до надлежните институции.

Нема ништо погрешно во тоа да се заврти бројот 192 (полиција) и да се пријави неодговорно и противзаконско однесување. Довербата во институциите подразбира будност, кооперативност и поддршка. Солидарноста меѓу луѓето и чувањето на здравјето и животот се манифестираат со целосно следење и почитување на владините мерки и препораките од здравствените институции. Компромис тука нема!

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да бидат свесни, совесни и одговорни кон себе и кон другите. На лажните вести, дезинформациите и говорот на омразата кои, за жал, не стивнуваат, секој од нас треба да им се спротивстави со пријавување и осуда. И тоа е начин да се помогне во борбата против заканата од корона вирусот (КОВИД-19). Митовите, манипулациите и дезинформациите за КОВИД-19, колку и да изгледаат наивно или дека се плод на фантазија или незнаење, можат да го загрозат здравјето и животот на многумина. Мора да им се застане на патот.

Вонредната состојба и бројните ограничувања, иако се насочени кон заштита на јавниот интерес, здравјето и животот на луѓето, создаваат и простор да се манипулира со јавната свест и да се кршат човековите права. ЦИВИЛ будно внимава на кршењето на човековите права и слободи и во овие тешки услови. Секој случај на кршење на човековите права и слободи треба да се забележи, а јавноста и институциите мора да реагираат соодветно и без двоумење.

Тимовите на ЦИВИЛ се на теренот и онлајн. Остануваме посветени на придонес кон борбата против ширењето на корона вирусот, но и против лажните вести, злоупотребите и кршењето на човековите права и слободи.

Чувајте се себе си и другите. Ви благодариме на поддршката и довербата.

#СедиДома и кажи НЕ за неодговорноста, ДА за општото добро.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ