Заманик министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска, вели дека Основното јавно обвинителство работи на нејзината пријава поднесена против министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, бидејќи смета дека тој со неговите постапки сторил кривично дело со кое ја загрозил сигурноста на државата, меѓутоа и дефункционалноста на МВР.
„Како што ветив така и направив, поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Наќе Чулев и обвинителството презема мерки. Од таму, со допис се обратија до министерството и побараа дополнителни информации, односно дополнително доставување на докази кои јас ги истакнав во кривичната пријава. Обвинителството постапува по таа кривична пријава, а јас веќе им доставив одговор“, вели Петровска за ЦИВИЛ Медиа.
Таа додава дека има доста работи во МВР со кои не се согласува, но во овој момент не сака да коментира ништо што е надвор од кризата со Ковид-19.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети