• Latest
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

27 април низ призмата на ЦИВИЛ

April 27, 2022

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

27 април низ призмата на ЦИВИЛ

April 27, 2022 10:39
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ТОП 5
Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Насилен упад во Македонското собрание, 27 април 2017.

Share on FacebookShare on Twitter

На 27 април 2017 година, се случи еден од најсрамните напади врз демократијата во нашата земја. Упадот во Собранието на тој ден,  „крвавиот четврток“, од страна на организираната група наречена „За заедничка Македонија“ и помогната од пратеници на  ВМРО-ДПМНЕ, беше терористички чин којшто ќе остане  врежан длабоко во севкупната општествена меморија.

ЦИВИЛ, како времен потсетник, на својата медиумска платформа постојано се навраќа со нови  содржини за тој ден, како и за случувањата што му претходеа на крвавиот четврток, со соопштенија, анализи, хронологии, видео материјали и интервјуа и колумни.

Во хронолошката анализа „Денот кога се изврши обид за убиство на демократијата“  за течението на случувањата околу и на 27 април, имате можност да ги проследите во детали сите знајни податоци за причините и последиците од тој злогласен ден во нашата историја, а екипата автори од ЦИВИЛ, крвавиот четврток го наслови како конечна одредница на тоа што ја дефинира стрмоглавата политичка удолница на деценискиот режим на ВМРО ДПМНЕ, и денот што на трагичен начин ја одреди иднината на новата, пост-груевистичка политичка сцена во земјава, и ден што  ќе остане забележан како датум кога се изврши обид за убиство на демократијата, чија претходница беше таканаречената  ноќ на долгите ножеви…

Денот кога се изврши обид за убиство на демократијата

Овој исцрпен материјал беше и повод за снимање на политичкиот видео магазин –СКЕН: 27 април, обид за убиство на демократијата , поткрепен со мноштво архивски  видео материјали.

СКЕН – политички видео магазин: 27 април, обид за убиство на демократијата

-Ова е граѓански налог за апсење. Денеска треба да бидат лишени од имунитет, уапсени и притворени сите инспиратори и организатори на безумното дивеење во парламентот во тоа што ќе остане запаметено како „крвав четврток“ во македонскиот парламент. Ним мора да им се придружат и помагачите, од министерот за внатрешни работи, неговите помошници и полицајците кои не се помалку одговорни од директните извршители на лудачките акти на насилство, е дел од колумната  Граѓански налог за апсење од Џабир Дерала, напишана на 28 април 2017 година, ден по упадот во Собранието.

Граѓански налог за апсење

– Ако го вратиме „филмот“ пред дваесетина месеци, во неколкуте чина од драмата околу април 2017 година, вреди да се извлечат и неколку ретроспективни, поучни заклучоци.

Имено, замислете како ќе изгледаше Македонија доколку на 27 април, лани, ВМРО-ДПМНЕ не влезеше во познатата авантура со обидот за спроведување насилен државен удар? Замислете доколку, само со извесна доза на „мрчење“, се согласеа на конституирањето на Владата на СДСМ и ДУИ, наместо што ги послушаа советите и наредбите на очајниот Никола Груевски, во содејство со разни негови први соработници (сосе оној на Водно), за насилно да ја зачуваат власта во свои раце?, пишува Сашо Орданоски во колумната Што ќе беше да не беше 27 април?

Што ќе беше да не беше 27 април?

-Како сведок кој помина „полесно“ од другите, сепак не можам да се ослободам од таа траума. А замислете ги другите, оние од прва линија, политичари, новинари, сниматели и вработени во Собрание.

Јас не дека не бев на прва линија. Сѐ уште се сеќавам на денот кога од галерија снимав заедно со другите колеги избор на нов претседател на Собранието. Потоа, требаше да известувам директно на вести, а ме замени колешка која остана внатре заедно со снимателот. Стравот се дуплира, грижата и совеста се мултиплицираат. Зашто не бев јас, зашто остана колешката, што се случува?

Следевме преку директна комуникација со уредниците и колегите и на лајв стрим.

Првиот страв се роди кога ние, од пред собрание, додека известувавме, видовме како толпата влегува внатре, манипулирана, поттикната, а дел од таа толпа и добро организирана и со инструкции.

Потоа видовме снимки, како крварат пратеници, кандидатот за мандатар Зоран Заев, а по неколку минути ни дојде веста дека Зијадин Села веќе е мртов. Со тие слики и таа вест ситуацијата се промени, се молевме само да преживееме. Замислете, дојдовме во ситуација да се откажеме од сѐ, од живот во оваа земја, од политика, од професија, се молевме да спасиме глава, пишува новинарот Арбен Зеќири во неговото пишано сеќавање 27 април, траумите сѐ уште алармираат.

27 април, траумите сѐ уште алармираат

-27 април 2017 го организираше и подготви врвот на МВРО и нивните инструменти инсталирани во институциите, полицијата, безбедносните служби и државниот апарат, во образованието, медиумите, и во граѓанското организирање, во заробената држава од Фамилијата и нејзините слуги.

За „квалитетот“ на оваа структура, најилустративен е ставот на самиот кум на Фамилијата, кој своевремено во разговор со министерката на внатрешни на ‘МВРО-ВМРО’, рече: „ние сме лудаци..“.

27 април и насилството во Собранието беше параван за голата борба за власт и спас од одговорноста за криминалот на столетието, преку поттикнување етничка и политичка омраза и ширење лаги, како „Тиранската платформа“ (која всушност сами ја прифатија) и „федерализација“ на државата, масовна преселба на Албанците во македонските градови, „двојазичност“, бришење на Македонија од името на државата, бришење на јазикот, на идентитетот…, е дел од колумната на Петрит Сарачини 27 април и денес ја покажува разликата помеѓу нормалноста и лудилото.

27 април и денес ја покажува разликата помеѓу нормалноста и лудилото

Во меѓувреме, главните актери на овој терористички чин и нивните помошници не престануваат со своите тврдења дека тие не се виновни, туку напротив, направиле патриотско дело за коешто се уште „се китат“ со само ним препознатливи ловорики, протестираат за ослободување на осудените, и крвавиот четврток го слават како денот  кога „се слушна гласот на народот“, намерно изоставајќи ја вистината  дека на тој ден, истите беа организирани, платени и инструирани и за убиства на неколку видни личности коишто им беа непремостлива пречка за нивните замислени идни „свети цели“.

ЦИВИЛ продолжува со следење и објавување на се што е поврзано за овој темен ден во историјата на земјава, а денеска ќе објави и неколку специјализирани содржини во однос на овој ден.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ