Со одлука на Комитетот на министри на Советот на Европа од 26 април 2006, денешниот ден – 28 јануари, е определен како Ден на заштита на личните податоци. Во Регулативата на ЕУ предвиден е дел којшто се однесува на Република Македонија, за која, иако не е членка на Унијата, од особена важност е хармонизацијата на законодавството, на работа со клиентите, на процедурите и постапките и на вработените во Дирекцијата за заштита на личните податоци, на која ѝ треба и кадровско зајакнување.
Во Република Македонија, Денот за заштита на личните податоци се одбележува со презентација на досегашните активности во рамки на ИПА проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци”, како и на клучните елементи на новата Нацрт-стратегија (2017-2020) за спроведување на правото за заштита на личните податоци, која е во финална фаза.
Нацрт стратегијата опфаќа редизајнирање на македонското законодавство, во контекст на Регулативата на ЕУ од 25-ти мај 2016 година, во поглед на обработката на личните податоци и слободен проток на тие податоци, која треба да се применува од 25-ти мај 2018. Меѓу другото, предвиден е дел којшто се однесува на Република Македонија, за која, иако не е членка на Унијата, од особена важност е хармонизацијата на законодавството, на работа со клиентите, на процедурите и постапките и на вработените во ДЗЛП, на која и треба кадровско зајакнување.
Со Законот за заштита на личните податоци од 2005 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 7/2005), се основа Дирекцијата за заштита на личните податоци, која е надлежна за вршење надзор над законитоста на преземените активности при обработување на личните податоци и нивната заштита, на територијата на Република Македонија. Дирекцијата е основана на 22 јуни 2005 година, кога е именуван првиот директор со Одлука на Собранието, и која е предвидено да делува како самостоен и независен орган со својство на правно лице. Ваквиот статус и обезбедува на Дирекцијата независност во однос на органите на извршната, законодавната и судската власт, како и во однос на органите на локалната власт.












