• Latest

28 февруари: За статусот на СЈО нема двотретинско мнозинство, ДКСК со предмети за непотизам, Владата се припрема за избори

February 28, 2019
Тенеси, експлозија. Фото: Скриншот од видео на Би-Би-Си

Неколку луѓе загинаа а најмалку 12 се водат за исчезнати при експлозија во воена фабрика во САД

October 10, 2025

Мачадо: Нобеловата награда за мир е огромно признание за борбата за сите Венецуелци

October 10, 2025

ОЈО Битола поднесе жалба: Марковски треба да оди во затворски притвор, има имот во странство, може да побегне

October 10, 2025
Фото: генерирано со ChatGPT

„Slop“ – новиот збор на младите за ВИ содржини

October 10, 2025

Од недела почнува постепено воведување на новиот систем за контрола на надворешните граници на ЕУ

October 10, 2025

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија

October 10, 2025
Меѓународна конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, 8-10 октомври 2025, панел на вториот ден од конференцијата (фото: ЦИВИЛ)

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Од увид до акција

October 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

October 10, 2025
Државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски / фото: ЈО

Коцевски до Адвокатската комора: Дезинформации и недостоен публицитет околу случајот „Пулс“ во Кочани

October 10, 2025
Фото: амбасадорката Лариса Дир/Х

Рускиот напад на цивилната и енергетската инфраструктура не е само воено злосторство, туку и елемент на геноцид

October 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

28 февруари: За статусот на СЈО нема двотретинско мнозинство, ДКСК со предмети за непотизам, Владата се припрема за избори

February 28, 2019 16:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Парламентот нема да работи до 1 април, заради предизборната кампања 

Собранието на Република Северна Македонија нема да работи од 1 април кога почнува предизборната кампања за претседателските избори. Претседателот на Собранието, Талат Џафери вели дека е вообичаена пракса Собранието да не заседава во тој период, но остава можност да свика седница доколку се јави неодложна потреба.

Тој на денешната средба со медиумите истакна дека доколку во вториот изборен круг нема цензус и не биде избран нов претседател на државата, по Уставот претседателот на Собранието ја врши должноста во период од најмногу шест месеци. Во меѓувреме, рече Џафери, се повторува постапката за избор на претседател на државата, односно се распишуваат нови избори.

Со донесување на Законот за заштита од дискриминација се гарантира еднакво општество 

Oколу 100 граѓански организации пред Собранието денеска апелираа итно да се донесе Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Нацрт законот во законодавна постапка во Собранието на Република Северна Македонија е влезен уште од јули минатата година.

Граѓанските здруженија очекуваат дека овој закон ќе помине пред претстојните претседателски избори, но доколку тоа не се случи велат дека ќе продолжат со притисокот во јавноста.

„Досегашното законско решение не ја оствари целта, односно не придонесе кон ефикасна и ефективна заштита од дискриминација. Комисијата за заштита од дискриминација делуваше непрофесионално, необјективно, за комисионери беа назначувани луѓе кои немаат соодветно образование, а дел од нив се познати по своите негативни ставови кон различни категории граѓани“, изјави Драгана Дрндаревска од Мрежа за заштита од дискриминација.

Управата за извшување на санкции со свој извештај за инцидентите во затворот во Шутка 

Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда на Република Северна Македонија го разгледа Извештајот од КПУ Затвор – Скопје, и изготви сопствен Записник од извршениот вондреден стручно-инструкторски надзор во КПУ Затвор, во кој се наведени согледувањата на УИС во врска со инцидентите од 21 февруари.

„Напоменуваме дека, во Извештајот на КПУ Затвор – Скопје, како и Записникот на УИС се опишани безбедносните процедури на КПУ Затвор – Скопје, кои не може да се споделат јавно поради опасност од безбедносен ризик, како и елементи кои може да бидат дел од натамошна постапка од други државни органи, поради кои Извештајот од КПУ Затвор – Скопје, односно Записникот на УИС, не може да бидат интегрално пренесени во јавноста“, велат од министерството.

До целосна промена на документите ќе се издава потврда со новото име Република Северна Македонија 

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека до целосната промена на сите документи ќе издава односно веќе почна со издавање потврди на граѓаните за документите што порано се издадени од министерството кои не го содржат новото име на државата “Република Северна Македонија”.

Со овие потврди се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име ,,Република Северна Македонија“.

Дескоска: Статусот на СЈО уште неодреден, нема двотретинско мнозинство 

Министерката за правда, Рената Дескоска, изјави дека Законот за јавно обвинителство, со кој ќе се знае конечниот статус на СЈО, нема поддршка од 80 пратеници во Собранието.

„Во Министерството за правда беше изработен текст во консултација со странски експерти од кои добивме потврда дека станува збор за решение кое ќе овозможи квалитетен систем на Јавно обвинителство во коешто СЈО ќе има своја улога во гонењето на високата корупција и секако продолжување на сите предмети коишто се почнати од СЈО без оглед дали се во фаза на обвинение, дали се во истрага или предистрага. Текстот од Министерството за правда ги содржи овие одредби. Испратен е на пратениците коишто треба да обезбедат двотретинско мнозинство и се уште немаме потврда дека имаме согласност за овој закон да биде пуштен во собраниска процедура“, изјави Дескоска за медиумите.

ДКСК со нови предмети за непотизам и судир на интереси 

Државната комисија за спречување на корупција отвора нови предмети за судир на интереси при вработување на роднини на функционери.

Предмети ќе се отвораат и за функционери од претходната власт, како што се Игор Јанушев, Антонио Милошевски и Кирил Божиновски. На списокот се наоѓаат и роднини на актуелните пратенци од владејачкото мнозинство, како и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азис Полижани, кој уште не доставил анкетен лист за имотната состојба.

Приведени двајца вработени во Град Скопје за даночна измама 

Полицијата утрово ги лиши од слобода лицата Ј.С. и Е.С., шалтерски работници во одделението за даноци на Град Скопје.

Според првичните информации од МВР, приведените се осомничени за злоупотреба на служебна должност и за компјутерски фалсификат и компјутерска измама.

Проф. Д-р Блерим Река независен кандидат на претседателските избори 

Проф. Д-р и поранешен амбасадор Блерим Река, на својот Фејсбук профил ја објави својата независна кандидатура за претседател на државата.

„Во неможност да им одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја обзнанувам мојата кандидатура за независен кандидат за Престедател на Северна Република Македонија, со надеж за поддршка. Причините за оваа одлука се следните: Само со кандидати Македонци, без ниеден Албанец, ова мултиетничко општество  ризикува да се претвори во моноетничко општество, а Албанците да бидат само гласачи, но не и гласани. Интелектуалните критики – без политичко соочување, не се доволни за промена на состојбата. Тие, на Фејсбук остануваат само виртуелни, додека животот сепак е реален. На крајот историјата ја испишуваат државниците, додека интелектуалните само пишуваат за историјата“, напиша Река. Сепак, историјата ја пишуваат државници, а интелектуалците само пишуваат за неа.“, пишува во објавата на Река.

А. Петровска 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ